Среда, 15 Јули 2009   
Татковината
-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyЈа сонувам и во песните ја споменувам, со мислите патувам и во сонојте ја посетувам.  Душата ми плачи и срцето ми се мачи, ке овенам,  како лист ке се исушам,  ке изгорам,  пепел ке се сторам ако почекам, ако несе вратам.  Сега се запалив и ништо неможи даме запри, желбата ми е голема, ке се вратам во мојата земја, во моето родно место.  Пред силата ке застанам и со голи раце ке се бранам.

Ке зборувам за вистината,  ке раскажувам за неправдината, нека се слушни по целиот свет за земјата наша што нија зедоа, што нија окупираа, што нија распарчија и од браќа и сестри што не оделија.  Окупаторите не мачеа, не асимилираа, не тераа, и без наша желба, без наше сакание, без никакво право иминјата ни ги изменаа. Ни ги изменаа иминјата на градовите  и селата, на планините, на реките, на езерата, ги изменаа и на гробиштата. Ни го забранија јазикот, песните, ората, ни ги изгореа книгите, ни ги затворија школите и црквите.

Ке пишувам за да остани, да несе заборави, да несе повтори за нас децата од 48 осма од мајките што не оделија, што не истераа, што не испадија, што не откорнаа од родните огништа и од сите Македонски соништа. Ке споменам и за тие што пред време изумреа, за тие што несе родија, за тие што несе вратија и во тугина што изгореа.

Ке им кажувам на помладите, на нашите и на тугите за Македонските комити како јауначки се бореа и како xеројски за слобода гинеа. Ке им кажувам да знаат колку народ загина, колку крв се пролеа, колку солзи се истурија и колку мајки во црно се облекоа.

Како се бројат бомбите, куршумите, градите издупени, лугјето ранети и убиени, андјарите наточени што сечеа глави човечки? Како кесе простат убиствата на вампирот Каравангелис, на Павло Мелас и на други на грците што му беа слуги.

Ако човек помисли за нашиот народ, несрекен, нефтесен, за маките што ги истрга. За еден залаг леб си работаше, земјата си ја копаше, со пот и солзи си ја вадеше, со мртви тела си ја ранеше.

Таа земја пуста, проклета со крв ја пролеа, сега друг му го бери плодот, сега друг се радва сонеа. Колку песни се испеани занеа, и колку се заборавени, зајгинати и колку украдени? Колку приказни се исказани од стари баби и колку несе испечатени? Колку камениа се искршени, по патишта, по калдерми, по куки и племни се кладени? Колку плитари се направени со вода и пот измесени? Колку куки, колку цркви, колку градови и села со Македонски раце се изградени?

Колку силно треба да врескаме светот дане чуе; зошто се мачиме и зошто плачиме? Колку тивко, колку благо треба даму зборуваме? Европа да разбери дека и ние сме лугје родени од мајки, дека и ние имаме право да живееме, човечки права даси бараме.

Уште колку крв ке треба да пролееме? Уште колку жртви ке треба да дадеме окупаторите да разберат дека и ние постоиме и ке постоиме како посебен народ од другите со своја држава, со јазик, историја и култура.

Македонската нација е жив организам со длабоки корениа, Македонската крв во жилите расти и се плоди. Вистината не се покрива, вистината е тука со нас и затоа сме силни.  Лагите и пропагандите на грчкиот шовинизам се празни зборови, со времето кесе заборават, ке зајгинат, ке изчезнат. Македонија е една на Балканот, секогаш беше наша и секогаш ке биде наша, од кога угрева сонцето до кога зајдува, во нокта, во дениата Македонија ние земјата.      

Ѓорги Ф. Тодоровски
 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.