Среда, 13 Октомври 2010   
Зарем сега не е време нашава црква повторно да застане да ја потпре нашава татковина?

Maja_Daniels-2
Маја Даниелс

Деновиве актуелна тема во медиумите беше писмото потпишано од 19 конгресмени кое е упатено до Барак Обама за поддршка на Македонија за влез во НАТО и Европската Унија под Уставното име. Ние како и секогаш се израдувавме.

И Буш се трудеше со негова поддршка да добиеме датум за преговори, иако Америка е веле сила кога дојде денот ,,Д,, ставот на САД остана само на поддршка од САД, но не и принципиелен однос на НАТО, поради принципот на консензус, кој го немаше само поради непринципиелниот однос за неразбирливото прашање на 21 век

Најверојатно и Обама го чека истата судбина  доколку реши да застане да не ,,брани,,. Откако пишав да не ,,брани,, си се прашувам од кого и од што да не „брани“?

Дипломатите во земјава како Амбасадорот на Словенија Алан Бергант и Американскиот амбасадор Филип Рикер не храбрат и ни даваат поддршка да го решиме ,,спорот,, со името што нашиот јужен сосед  го има со нашето име, за да добиеме статус на полноправна  членка во НАТО и да добиеме датум за преговори во ЕУ.

Но искрено, конкретен резултат и принципелна одлука, од овие поддршки нема. Македонците знаеле да бидат благодарни и да почитуваат кога некој застанува на нивна страна. И јас сум Македонка, и јас сум благодарна на сите што не поддржуваат. Но, како Македонка се прашувам зошто принципите на НАТО и ЕУ се потиснати од недемократската политика на само една земја.

Честопати впуштајќи се во разговор ( да не речам чаршиски муабет ) слушаме за тоа како треба да докажеме кои сме, што сме, од каде потекнуваме. Да ги искористиме сите факти кои се на наша страна да го докажеме нашето постоење како Македонци.

И тоа на кого?

На оние кои ги учевме што е цивилизација?

На оние на кои им дадовме писменост?

На оние истите, на кои им ги отворивме очите да ја видат светлината бидејќи дотогаш живееа во мрак, во темница.

На кого? На Атињаните?!?

Кој парадокс!

Оваа проблематика е толку збунувачка, што како вакум не вшмука и небаре слепци, се фативме да се докажуваме кој сме, што сме и од кого сме. Од сите страни слушаме ,, Вистината е на наша страна,,. Докажувајќи  кои сме, сведоци сме дека во континуитет Македонското ткиво се разнебитува, а некои дури ги погазуваат Македонската гордост и достоинство.И за да биде парадоксот уште поголем, некои си земаат  за право да го погазат  наследството од нивните предци.

Кога ќе се отвори темата за нашиот идентитет за народов таа е неразбирлива.

Едни мислат дека се толку компетентни и мудри, ако седнат со Атињаниве одма ќе ја решат оваа апорија, овој ,, проблем,,( го ставив зборот ,,проблем,, во наводници бидејќи треба да сфатиме дека ние немаме проблем, тие имаат). Други, пак, се толку незаинтересирани што да е до нив уште утре можат и Мексиканци да не направат и тие ќе си бидат задоволни и среќно ќе си живеат до крајот на животот. Но така држава не бидува!

Односот што ние го имаме како иманентен би рекла, е нашата несериозност кон она што се нарекува заеднички став за највисокиот државен интерес. За најпотребната приказна за идните поколенија.

Сега почнавме да се вртиме против црквата и има дури некои ( да не речам некој ) ,,македончиња,, ( неможам да ги наречам Македонци не заслужуваат)  кои се осмелија да кажуваат дека црквата нема право да се меша во политика.Чист пример на софизам.

Јас тие истите би ги запрашала на која планета живеат бидејќи сигурно не е истата на која живеам и јас. Ако не си ја погазевме црквата уште на времето ( како што впрочем пробуваат и сега ) сега немаше да седиме пред малите екрани и да слушаме за ,,спорот,, цел ден, секој ден. Немаше да бидеме пред сам праг на декаденција. Да, да, на декаденција!

 

Нашата црква е аксиом. Нешто што треба да не учи, да не води и да не издигне над се. Нешто што треба да не обедини. Изгледа во сето ова сивило на денешницава некој заборава  дека пред Бога сме сите исти. Не приметуваме дека аморализмот се шири се повеќе и повеќе.  Поговорката ,,Само Бог може да ни суди,, ја кажуваме но, очигледно не ја разбираме. Не само што почнавме да ја губиме битката за зачувување на човечноста во нас, туку се правиме поголеми и од Него.

На верските празници масовно се пости, се причестува, но.... а, да, ќе заборавев, тоа е помодарство, Така? Или , пак, сепак сите искрено веруваме во Бога?

Нашава црква, оваа што е создадена од Апостоли, истава за која некој вели дека нема право да се меша во политика е истата онаа црква која како столб ја потпира Македонштината со векови наназад.

Зарем сега не е време нашава црква повторно да застане да ја потпре нашава татковина?

Сега кога Македонија е толку многу разнишана како од надвор така и од внатре, само црквата може да не обедини!

Само таа може да не сплоти за да застанеме сите како еден и да се спротивставиме на оние кои ни го негираат постоењето како Македонци.

Мислам дека веќе е време! Време, да застанеме под столбот на нашата државност-нашата црква  Македонска!

Македонци!
Македонија не има само нас!
Зарем и ние да и го свртиме грбот?!?
 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.