Сабота, 05 Февруари 2011   
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ – ИСКРЕН БЛЕФ?

marjan_sofronieski-1

 

Во последно време една од најозборуваните теми се предвремените избори, иако какоконкурентна тема е прашањето поврзано со А1 телевизија и т.н. слобода на медиуми.

 

Марјан Софрониески - Софре

 

Избори секако ќе има, прашањето е кога?

Опозициската СДСМ постојано ламентираше над таа тема, постојано наметнувајќи ги предвремените избори како нивно најпосакувано сценарио за враќање на власт. Сепак, последниве случувања некако како да даваат за право да се размисли во една поинаква насока. Имено, некои политички аналитичари спомнаа дека Опозициските партии можеби блефираат со желбата за избори, имајќи предвид дека рејтингот кој го имаат сепак сè уште е потребно да се помножи со два, за да се добие оној на Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Познато е дека опозицијата излезе од парламент, со некакви тафтолошки објасненија, кои немаат многу заедничко со реалниот политички амбиент во државава.

Сега излегоа зашто Велија не излегува од притвор?

Значи, опозицијата со сите нејзини можности (онолку колку што ги има или нема) се обидува да наметне уверување дека „сакаше“ избори. Секако дека про-опозициските или ако повеќе сакаат критичко настроените кон Владата медиуми, веднаш започнаа со промовирање на таквата „желба“ на опозицијата.

Веројатно сè ќе продолжеше во таа насока, да не излезеше Груевски и само (само!) да ја остави отворена таквата можност. Им се „наметна“ на А1 и јавно ја остави отворена можноста за предвремени избори.

Откако се случи тоа, опозицијата веднаш скрои ново сценарио со промена на речникот – сакаме предвремени избори, ама не по теркот на Груевски, оти немало услови за одржување на фер и демократски избори, а Груевски е тој кој најпрво треба да создаде соодветни услови. Откако со ова ново сценарио јасно им беа дадени насоките на критички настроените медиуми против Владата, истите започнаа да го омекнуваат дискурсот, поставувајќи го прашањето „дали е најпаметно сега да се оди на избори?“).

Секој здраворазумен човек кој не мора да е политички аналитичар, реален експерт или дури пак и самопрогласен експерт, ќе забележи дека тука нешто недостасува!

Секако дека со овој веќе провиден начин на политичка комуникација, опозицијата остави доволно отворена можност да може со високо ниво на сигурност да се размислува дека сепак станува збор за блеф, а во покерот кога се открива блефот, оној кој го иницирал, сепак губи.

Тогаш зошто на опозицијата им беше потребно да изберат таква стратегија за доаѓање на власт?

Да се обидеме да најдеме некаков одговор низ блискоисториските аргументи кои ни ги нудеа со своите постапки:

Рејтингот на СДСМ беше очаен во споредба со оној на владејачката партија. Не дека сега има кој знае каква разлика во односот на силите, но кога започна целата оваа приказна, истата беше проследена со панично-манијакална заслепеност во делувањето.

Протестираа пред судот кога Бучковски беше внатре на судење обвинет за криминал. Им се придружија на А1 во нивниот очаен обид да ги прикријат, изнесат или прогласат за непостоечки документите од нејзините фирми-сестри или браќа, или први братучетки или љубовници.       А кога двајца очајни ќе се обединат, нивниот оптимизам станува како оној во вицот кога песимистот му вели на оптимистот дека полошо од ова не може да биде, за да овој вториот негира и одлучно каже дека може, може.

За жал, за песимистот најлошото беше што надлежен државен орган „се дрзнал“ да проверува финансиско работење на „дучанчина“ кои се наоѓаат во истиот објект од каде што известува тој медиум.

Заради ова, легитимно е да се запрашаме: Дали можеме сите ние јавно да излеземе на телевизија со силна поддршка за опозицијата, а притоа, потоа или пред тоа да извршиме криминал кој се брои во милиони евра и после тоа мирно да си спиеме зашто „корумпираното“ судство нема да ни може ништо, зошто ќе не одбрани опозицијата со нејзините легии на невладини организации и принудено членство?!

Да не заборавиме, примарниот интерес на текстов е блефот, но како што ќе се покаже и во продолжение, претходно изнесеното сепак е во поприлична папочна поврзаност со желбата за предвремени избори

Опозицијата со своите последни постапки со кои јасно се стави во одбрана на претпоставениот криминал, го потцени и понижи македонскиот народ, зашто очекуваше народот засилено да ја искаже својата поддршка кон нив и нивните обиди за спас на претпоставените криминалци. Можеби народот ќе ја поддржеше опозицијата доколку таа политичка партија застанеше и на страната на Бајруш, а не да применува селективен пристап во одбраната на криминалците, зашто сепак „тутунскиот бос“ не е ситна риба.

Секако дека може авторот на текстов да се послужи и со сарказам од погорниот вид, имајќи го предвид личното задоволство што македонскиот народ сепак ја сака правдата.

Значи, откако јасно прогледаа и забележа дека рејтингот сепак не се зголемува со одбрана на криминалот, тргна во офанзива да се докажува дека сакаат предвремени избори, веројатно надевајќи се дека на тој начин ќе го разубедат народот да не ја дава поддршката на Владата, убедувајќи го дека сепак се силни.

Понесени од возбудата, предводени од младоста и еланот на полетните титови сили, почнаа да маршираат повикувајќи на предвремени избори, а во тој занес истакнати функционери се заканија и со насилно уривање на демократски избраната власт.

Рејтингот сè уште стагнира во однос на позицискиот, а сакаа (барем јавно) предвремени избори. Сега, ни тоа не го сакаат, односно веројатно сакаат избори на кои единствена кандидирана политичка партија ќе биде нивната.

Не сме сигурни дали опозицијата конечно сфати со каква понуда се обидува да го зголеми рејтингот.

Дали е блеф за предвремени избори, или е сепак во прашање нешто друго? Времето ќе покаже иако моменталните постапки упатуваат на сосема поинаква желба.

Во едно можеме да бидеме сигурни, дека со напуштањето на парламентот опозицијата уште повеќе тоне, а со себе сосема свесно се обидува да ги потоне и македонските интегративни процеси во ЕУ и НАТО.

 

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.