Среда, 09 Февруари 2011   
Аманет ни оставија

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Историјата на една земја секогаш треба подобро и подлабоко да се проучува. Посебно за нас Македонците, е од голема важност да се навраќаме на сите светли, но и на сите трагични датуми од нашата историја. Без историја нема иднина. Историјата е глас на мртвите да ги поучи живите. Таму ќе ги пронајдеме нашите корени, таму ќе дознаеме за нашите претци и нивните борби за егзистенција но и за зачувување на националниот идентитет. Со оглед на тешките економски, социјални, политички  услови во кои живееле и обидите да се угушува свеста за нациналното постоење, нема доволно страници да се  истакне нивната саможртва за светиот идеал- Слободна Македонија.

Во далечната 1880 година, кај месноста Гремен, Беломорска Македонија, двајца македонски војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско ропство, најголема вина носат Грција, Бугарија и Србија. Според нив: Иднината на Македонија лежи во создавањето самостојна македонска држава‘. По нивна иницијатива, во мај и во почетокот на јуни истата година, се состанале 32 делегати, претставници на македонскиот, влашкиот, српскиот, и албанскиот народ. Тие донеле заклучоци како да се постигне ‘национална цел на Македонија‘. Тогаш составената привремена Влада ‘Единство‘, во Протоколарното решение до серускиот конзул во Солун, Н. Улјанов, се заканила , ако не се реши македонското прашање – ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата ‘Македонија на Македонците‘ .

Една година подоцна, во март 1881 година, ‘Единство‘ во својот Манифест, до сите дипломатски претставници во Солун, нагласува : ‘Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која светејќи со силен сјај, не може и нема никогаш да пропадне.Направете се, на знамето што ќе го кренеме да биде напишано – Единствена и обединета Македонија...Потоа, собирајќи се  околу знамето на Македонија , како ваш единствен белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија.‘Таа идеја за самостојна и обединета Македонија траела и девет години подоцна. На 15 април 1890 година, две години пред појавата  на ‘Лозарите‘ и три и пол години пред формирањето на историското ТМОРО, бил упатен еден апел, кој за жал бил познат само на мал број добро упатени во историјата на Македонија. Читајќи го денес, 2010 година,  силно допира во нашата свест, не враќа во минатото,  и спојува со сегашноста.

Ваквите историски настани треба будно да се проучуваат и промовираат насекаде.Да допрат до сите Македонци, посебно до политичарите кои се одговорни за водење на државата и бранење на националните интереси. Еве ги зборовите:  ‘Нашата татковина Македонија, некогаш била една од најглавните земји во светот. Македонската нација ги воспостави првите основи на воената наука и со победоносните фаланги на Александар Македонски, ги пренесе во Мала Азија, културата, генијалните постигања на македонските филозофи, просветители – го просвети човештвото. Но денес, таа некогаш славна татковина Македонија, се наоѓа во најголема опасност, пред разделување и ограбување и пред целосно ликвидирање, од причина што ние се откажавме од нашата националност.

Други нации, туѓи држави претендираат да ја зграбат и да ја поробат некогашната славна и голема македонска нација. Вистински Македонци! Милата наша татковина се уништува. Да!

Македонските белези се закопани под каменот на големиот гроб што го отворија уништувачите-интриганти, оние што со години ја крстосуваат нашата земја ширејќи национална омраза. Тие агенти се гробарите на славната македонска нација, организатори на ограбувањето на Македонија, кои создаваат услови и повод во Македонија да навлезат окупаторски војски. Храбри Македонци, чисти синови на татковината, ќе дозволите ли во нашите дни да се закопа татковината Македонија и да го снема нејзиното славно знаме? ..Вие вистински Македонци, едини мои верни синови, едногласно кажете дека една света парола треба да се напише на знамето што јас гордо го кревам: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ...ДА ЖИВЕЕ ЕДИНСТВЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА‘

За жал, знамето под кое тогаш се повикувале, бореле и обраќале до македонскиот народ, знамето како еден важен државен симбол, во слободна и независна Македонија -  се дозволи да се промени. Ќе се дозволува и во услови на слобода, да се прават уште отстапки и да се угодува на барањата на јужниот сосед или ќе успееме да го сочуваме она што е наше. Македонската нација е заедништо на сите граѓани ко живеат во Р. Македонија, заедно со нашите браќа и сестри во одземените делови на Македонија и нашите во иселеништво. Да се гради националниот идентитет наспроти етничките белези, особености, е многу ваѓно за поставување на фундаменти на државата почитувани од сите. Почит кон нејзините симболи, химна, знаме, политички поредок , институции, економија, финансиски поредок итн. Нашите претци аманет ни оставија – Да го чуваме она што ни го оставија, да ја сочувам Македонија, цела, единствена и силна, богата со својата традиција, култура, обичаи, фолклор, мултиетнички соживот. Со надеж дека разумот и свеста ќе преовладува и наместо да се губи време со бесмислени преговори, разговори за име на нашата Македонија, енергијата да се насочи кон економски развој и заземање на местото во светот кое го заслужуваме како земја со богато историско минато, земја која го просвети човештвото.

 

На прво место

News image

Ако постои синоним за зборот лицемерие тогаш тој ќе се Зоран Заев и СДСМ

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

Промовирана стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

Новата стихозбирка на Љупка Антеска насловена „Отвори ги очите“ беше промовирана вечерва пре...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.