Среда, 09 Февруари 2011   
Враќање на „кралот од Куманово“ во Скопје

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Конечно споменикот на „кралот на Куманово“, како што турските хроники и месното население го титулирале Карпош, „дојава“ во центарот на Скопје, од десната страна на Вардар  и го зазеде своето заслуженото место. Нешто што требаше да се направи многу години порано, по Втората светска војна направено е сега благодарејќи на проектот „Скопје 2014“.

Споменикот на „Кумановскиот крал“ Карпош, висок 5 метри, а со постаментот 8,5 метри е поставен во близина каде некогаш постоел чинар и каде во најголеми маки, набиен на кол го завршил својот живот, по неуспешното востание во 1689 година.

Во историски рамки за македонскиот народ значењето на Карпошовото востание е огромно. Тоа ја покажува вековната и континуирана борба на македонскиот народ за самостојност и за сопствена држава и континуитет на македонското име кое може да се види од документите како што се „Манифестот на австрискиот цар Леополд I до балканските народи“ и  „Заштитното писмо на царот Леополд I за Македонскиот народ“, односно заштитното писмо за двајца Македонци, Марко Краида, роден во Кожани и Димитриј Георги Поповиќ, роден во македонски Солун.

Карпошовото востание, истовремено ќе го покаже и лицемерието на Европа, која за да се заштити себеси ќе побара од балканските народи да се кренат на востание, но кога ќе исполнат барем дел од своите поставени  цели тогаш знае истите да ги остави на цедило. Ваквата историја циклично се повторува во разни форми и треба да биде поука.

Ако се навратиме на историските податоци со кои располагаме ќе видиме дека Охридскиот архиепископ Атанасија во текот на 65 години, односно од 1585 година до 1650 година ги посетува европските земји бара заштита и странска помош за дигање на востание против Османлиската власт, заради неподносливата тиранија над христијанското население. Тој тогаш ги посетува италијанските, шпанските и австриските владатели, но наместо помош од бенефентскиот гроф му е наредено да не превзема ништо иако најголем дел од балканското население било спремно да се крене на оружје.

Меѓутоа кога во 1683 година Османлиите по втор пат се обиделе да ја заземат Виена, тие бараат помош пред надмоќниот Османлиски непријател. По двомесечна опсада, на градот му пристигнала помош, меѓу кои и кралот Јан Собјески кој ја предводел полската војска, па османлиите претрпе пораз. Набргу потоа, во март 1684 година, против Османлиите била создадена Света лига, во која покрај Австрија и Полска, влегле и Венеција, а подоцна и Русија.

На 6 април 1690 година, во екот на Австротурската војна (1683-1699), австрискиот цар Леополд I им упатил манифест („Инвитаторија") на балканските народи и земји, кои активно соработуваа со војската при нејзиниот длабок пробив во внатрешноста на Балканскиот Полуостров во 1689 година. Австријците сакаа да ја зачуваат разнишаната доверба кај балканските народи и да ги поттикнат за натамошно содејство со австриската војска, па го издадоа Манифестот во кој се вели:  „...Љубезно ги повикуваме сите народи, населени низ цела Албанија, Сервија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите земји, што зависат од гореспомнатото наше Унгарско кралство, и сите други народи од гореспомнатото наше Унгарско кралство, и сите други народи кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба и во оваа толку поволна околност, кога силите на Турците се сотрени во многубројните порази од нашето победоносно оружје, да преминат сите на наша страна и да земат оружје против Турците, за својот спас и ослободување и за напредокот на христијанската религија.“

Продирајќи постепено кoн југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Веќе на 23 октомври 1689 година тие, предводени од генералот Пиколомини, влегле во скопското поле, каде што со радост ги пречекало населението од околните села. Премногу оддалечен од својата, главнина, Пиколомини решил веднаш да се повлече од градот, кој претходно го опожарил. Пожарот беснеел цели два дена, на 26 и 27 октомври 1689 година, и го уништил најголемиот дел од Скопје.

Австријците извршиле уште неколку пробиви во длабината на македонската територија. Таков еден пробив извршил херцoгот Холштајн, кој во меѓувреме го заменил умрениот од чума Пиколомини. Тргнувајќи од логорот крај кумановското село Оризари, австриските одреди се нашле пред Штип, во зорите на 10.Х1.1689 година. Тука дошло до најжестокиот и најголем судир помеѓу австриските и турските војски на територијата на Македонија. Оставајќи зад себе околу две илјади мртви, турските војски биле принудени на повлекување. Австријците го запалиле градот, а потоа на враќање, тие разбиле уште еден турски одред од 300 души. На 20 декември од Приштина кон Велес, тргнал еден австриски одред, во чиј состав имало и Срби, предводен од капетанот Саноски. Одредот влегол во Велес, каде што биле отепани триесет Турци, а имало и заробени. Градот бил ограбен и делумно запален, но на враќање одредот бил нападнат од јаничари, при што Саноски задобил смртоносни рани.

Ненадејниот продор на австриската војска како и повикот на востание објавен со Манифестот имал посебно дејство врз расположбата на македонскиот народ. Кон средината на октомври 1689 година, во североис-точниот дел на Македонија, на просторот помеѓу Ќустендил и Скопје избувнало востание, на чело со познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била солидно турско утврдување, изградено во 1636 година. Тука на востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и едно сосем ново утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „крал од Куманово", која титула му ја дал или ја потврдил австрискиот цар Леополд 1, праќајќи му притоа и калпак, како надворешен знак за признанието. За ова во Рашидовата историја ќе остане забележано: „... Проклетникот по име Карпош ,којшто пред извесно време ставил калпак добиен од германскиот цар и идниот старешина над ајдутските невернички разбојници стекнал слава под името крал на Куманово, со многу илјади безверни непријатели од редовите на неверничката раја, ја беше зазел паланката Егри Дере (Крива Паланка) и, за да му биде упориште, одоколу ја утврдил со широки и длабоки ендеци...“

Набргу дошло до пресврт на воено-политичката ситуација, што имало пресудна улога за натамошната судбина на востанието. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени татарски одреди. На советувањето во Софија, на 14 ноември 1689 година, било решено најпрвин да се ликвидира Карпошовото востание. Останати без австриската помош а дознавајќи за големата надмоќност на противникот, востаниците ја запалиле Крива Паланка и отстапиле кон Куманово. Востаниците го дочекале непријателот пред новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош заедно со голем број востаници. Победниците сега се упатиле кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Во Скопје, крај камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот на востанието.

По повлекувањето на австриската војска од Македонија и задушувањето на Карпошовото востание во 1689 г. голем број Македонци ги напуштиле своите родни места и поминале во Австрија. Двајца од нив го замолиле царот Леополд I да го земе под заштита македонскиот народ. Во заштитното писмо на Леополд I, иапишано на 26 април 1690 година се вели: „Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Косана(Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело, а со жар и ревност кон нашата служба, со сериозна намера е склоно да премине од преголемиот турски јарем под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. Поради тоа, согласно со нашата вродена добрина, со која, поттикнати од милоста да им укажуваме заштита на оние што ни се приврзани нам и на светата христијанска религија, милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска милост во секој начин и вид гореспомнатиот македонски народ, љубезно препорачувајќи им, поединечно и на сите наши волни заповедници, да не го напаѓаат споменатиот македонски народ, ниту да му причинуваат непријатности, туку според силите, секојпат и во секоја околност да го заштитуваат, бранат, и да му помагаат за таа цел.

Додека еден дел побегнал пред насилието на Османлиите во Австрија дру дел од нив подоцна преминале дури во Русија, создавајќи таму свои војнички колонии и одделен „Македонски полк", кој дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од северозападна Македонија започнало масовно населување на албанско население.

Анализирајќи ги овие податоци ќе видиме дека македонскиот народ недоволно подготвен се кренал на востание надевајќи се на австриската помош, но на крај морал сам да се бори со далеку понадмоќниот и добровооружен мепријател. Всушност тој само послужил да се остварат целите на австриската војска која тежнеела да стигне до Драч, односно да го освои јадранското приморје. Но во сите зла останале царските документи со кои се потврдува македонскиот идентитет и иако кратко македонскиот народ има слободна територија на која воспоставува своја власт со свој сопствен селски или како што нарекуваат „крал на Киманово“.

За покажаната храброст на Карпош и неговите соборци против далеку понадмоќниот непријател, како и за сите страдања кои ги имаа, македонскиот народ многу одамна требаше да им изгради споменик.
 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.