Среда, 09 Февруари 2011   
Кој се има право да го користи името на славниот Драган Богдановски

janko_tomov
Јанко ТОМОВ
Бризбен, Австралија

Деновиве читаме во Фејсбук и во некои медиуми, како што е Утрински весник, а и во дел од Македонската радиопрограма “Три Зет” од Мелбурн, Австралија, слушаме дискусии и коментари ,кои имаат  цел да се омаловажи деценијската патриотска активност,  на главниот и одговорне уредник на “Македонска нација”, од Република Македонија, Мане Јаковлески.

За  забуната да биде што поубедлива , што по се изгледа има цел да се створи погрешно мнение за Мане и за “Македонска нација”. За  Мане Јаковлески, кој е  ценет голем Македонски патриот, за што има доволно историјски факти,а и за “Македонска нација” која била отсекогаш и која е од повторното оформување во 2009 година,  видно и ценето нај  патриотско интернет-електронско издание, во Република Македонија. Мане и “Македонска нација” се автентични и неразделни спојки,  со најславниот лидер на повоеното Македонско движење,  Драган Богдановски.

Немајки други аргументи, Ицо Најдовски, од Мелбурн, Австралија, еден од водителите на македонската радио програма “Три зет”, навлегува грубо во своите грешни манипулации, кои само за него се разбирливи. Тој ги напаѓа личните права,  на Мане Јаковлески, кој недозволил  објавување на напади, во “Македонска нација”, а кои се однесуваат  против митрополитот на Австралиската и Ново- Зеландска Епархија, владиката Петар. Напади во согласност со Македонските црковни асоцијации и поедини црковни управи на Македонското иселеништо на Австралија. Во тие напади  против личноста на Мане Јаковлески, се прошируваат и напади на  некои министри  на денешната влада, за други наводни грешки, потоа за  поедини нејзини институции, а  и против самата власт на Република Македонија!?

Ицо Најдовски  има извесни минимални, поранешни заслуги за Македонското движење во Мелбурн, Викторија, Австралија. Но, и така малите заслуги, со неговите непромислености, ги фрла во вода истите и им дава негативна иднина и проблематична процена, за нивната автентичност. Според искуствата, од миналото, во Македонското движење во диаспората,тешко е да ја  истрпат Македонската борба, Македонци кои се со послаби национално-политички квалитети, превртливи и со  агресивни карактери. Поради лична афирмација и лични интереси, постојат случаеви да  некои видни Македонски патриоти, во миналото,  го изгубиле својот углед мегу Македонците.

Точно е тоа, според тоа што Ицо е манипулиран од страна на Здружението на Македонските  Православни Општини и поедини Македонски Православни Цркви, кои не се сложуваат со административното водене на Австралијската Епархија и  употребуваат  напади против владиката Петар. Ицо најдовски, од недоволни познавања не е коптиран во ниту еден Македонски Совет, кои се оформени пред некоја година, во секоја држава на Австралија. Иако тие совети се формирани на државни нивоа, пробано е да се формира и на Австралијско федерално ниво, но без успех. Тие што се формирани по државите на Австралија,  некои поради објективни или субјективни услови  не функционираат ниту го преставуваат македонското иселеништво!? Тоа е дека повекето од нивните раководства не се доволно патриотски способни и повекето од нив не го владеат Македонскиот литературе јазик, та според тоа не се во тек на потребите за заштита на иселеништвото и за врски со Република Македонија.Иако имаше иницијативи и програми да се оформат такви патриотски тела во Австралија, на пример со име:Македонски  Национален Комитет на Нов Јузен Велс и секој посебно за останалите држави, а и еден од федерален карактер кој би ги координирал и преставувал сите тие Комитети, немаше способни за таа насушна потреба.

Да се вратиме на несмасните и без аргументи напади врз Мане Јаковлески, кои мислам Ви се познати.Здружението на Македонските Православни Општини на Австралија, пред извесно време, непромислено ги отпочна нападите, против Мане Јаковлески, кои за извесно време се стишија, а кои Ицо ги продолжува и со тоа се ствараат размислувања дали воопшто Здрузението е во право  или нее во право. Тие напади отпочнаа, кога уредникот на МН Мане Јаковлески дозволи да се публикува лични напади, против Игор Александров, лидер на Асоцијациите и одвоените цркви од Епархијата на Австралија, со цел да се брани Епархијата која ја воид митрополитот Петар. Та пристрасност кон владиката Петар, од авторот на текстот, кој е млад Македонски патриот е нормална појава во Република Македонија, а и во дел од македонските верници во Австралија, што поедини кругови на верниците го оквалификуваат како влијание од владиката Петар, за што ке се обидам да објаснам.

Јас го одобрувам ставот на уредниукот на “Македонска нација”, Мане Јаковлески, да не дозволува публикување на навредливи напади против владиката Петар. Мане живее во Република Македонија, тој и скоро сите во републиката го веруваат владиката Петар, дека наводно, тие управи на Македонски општини и цркви, кои не се сложуваат со неговите материјални  и организаторски водења на Епархијата на Австралија,  биле расколниците на македонските верници!?

Арно ама, ние кои живееме во Австралија, со децении и кои имаме учество во изградбата на тие верски и општествени Македонски објекти и тие кои имаат вложено драгоцено време и лични финансови средства, што ги изгубиле неповратно, не мислат така. Нашата грешка е дека немаме доволно автори, кои потекнуваат од раководствата на тие одвоени цркви, да на еден пристоен начин,  публикуваат теми и написи околу овој административно- верски проблем во Австралија. Како може да бидеме толку надарени за правилно изнесување на проблемот кога, 90% сме без виши или високи образовања и живееме со децении во диаспората? Згора на тоа повекето сме од етничките делови на Македонија кои не го зборуваме Македонскиот литературе јазик, туку се разбираме со нашите македонски диалекти и наречја, подобро и почисто, зошто не знаеме ниту па пишуваме ниту да читаме со Кирилицно писмо.  Специјално младите македонски генерации во диаспората, читаат и пишуваат на Англијски, а секако  ги користиме и македонските говорни наречја, а и сосем мал дел од нас и Македонскиот литературе јазик.

Многу од Македонските иселеници, од етничките делови на Македонија, не го сакаат поранешниот комунистички систем, од кој, по Втората Светска Војна, до осамостојувањето на Република Македонија, имаа потреба да ги заштитуваат своите Општински објекти и цркви, во Австралија, од југословенската УДБ-а, од Матицата на Исаелениците на Македонија, Министерството за врски со странство на СР Македонија и дел од свештенството на штотуку обновената Македонска црква, Охридската Архиепископија, која беше маша на гореименуваните институции на СР Македонија. Така од тоа лошо искуство,тој дел од емиграцијата  не го почитува социјализмот. Меѓу тоа, исвесни членови на нивните управи, продолжуваат да го симпатизираат комунизмот,не откажувајки се од комунистичките признанија, во учество во Граѓанската војна на Грцијана, од 1946-49 година,  пристапувајки  за членови и супортери на Лабуристичката Партија на Австралија, која е просоцијалистичка. Многу од нив немаат заедничко гледиште со Асоцијациите и црквите кои се одвоени од Епархијското владеење во Австралија. Тие го ценат САС на МПЦ-ОА и по никој начин нема да го прифатат разрешениот владика Јован- Вранишковски, за кого знаат дека е верски и национален предавник, а и финансијски криминалец. Ниту една друга христијанска црква не може да ги присвои за себе, бидејки нивните корења се Македонски и така со тие фактички македонски чувства, нивните млади генерации  ги продолжуваат за свои  Македонски.

Што е најважно и Асоцијациите и црковните управи, со своето членство и Македонски верници, кои се одвоени од  МП Епархија на А и НЗ, досега не се изјаснувале против верските канонски активности на САС на МПЦ-ОА, ниту за поединни видни  дејци и лидери од денешната власт и нејзините институции, освен  овој Ицо Најдовски.

Меѓу сите нас кои сме за едната или за другата аднинистративна страна на верскиот живот во Австралија, пресметнувајки ги и тие Македонци кои се Католици, Протестанти, Муслимани и со  други религии, имаме единствено разбирање за нашите Македонски Гени кои сакаме или не, не можеме да ги менуваме. Според тоа сите се осекаме за Македонци и сите сме  потребни на нашата Мајка Македонија, едни на други, а  во овој случај и на МПЦ-ОА и на Република Македонија.

Македонското единство е одраз на почитување на секој Македонец, специјално тие кои го сватиле и присвоиле современиот демократски живот, да помогнат и на тие кои,  не само што не го сватиле, туку и не се национално самоосознаени, под притисоци на  причини од асимилаторски карактер, употребен од страна на окупаторите на Македонија.

За жал поголемиот дел од денешните Македонски дневни и неделни медиумски изданија, кои имаат и електронски изданија на интернет,ги користат коментарите и написите на непромислени поедини Македонци,кои беа активни во ВМРО-ДПМНЕ, а кои од егоистички и анти-македонски цели направија капитални грешки. Тие за анти-владини цели, а за потреби на непопуларната СДСМ и бившите социјалистички опозициони партии, сеуште се користени и манипулирани, од страна на опозиционите партии на власта, со цел да ја соборат денешвата власт. Така се надоврзува и  во овој слуцај, за неосновните напади врз Мане Јаковлески од страна на Ицо Најдовски, во статијата:”Мане Јаковлески го отстрани Драган Богдановски од ВМРО-ДПМНЕ”, во Утрински весник, на 3 Фебруари 2011.

Одма да речам дека, Драган Богдановски, оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, после 11 годишна робија во комунистичките затвори на СФР Југославија, од страдања и малтретирања беше половично”скршен”,  за дело создавање на демократска партија и за стварање на самосатојна демократска Република Македонија, беше отстранет од страна Љубчо Георгиевски непосредно по оформувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува , покасно кога немаше поткрепа од централата на партијата, кога беше избран за претседател на задграницниот Комитет на Европа, во Германија и кога неговите патриотски укажувања на грешките, што ги правеше лидерот на партијата Георгиевски, неговите соработници, под тие притисоци, за да не се прекинат контактите со централата во републиката и да се промовира ВМРО-ДПМНЕ, подобро за сите, се согласиле да му ја одземат претседателската функција. Како најповолна личност за таа функција му беше дадена на  Мане Јаковлески, еден од најблиските соработници на Драган Богдановски. Драган беше прекоруван И од поедини патриоти, не за тоа што го критикуваше Георгиевки за пробугарска ориентација, која и покасно се докажа, туку да продолжи со патриотска активност и да не прави забуни и омаловажувања, кои почнаа да ја слабеат целата ВМРО-вска организација, а  тоа ке го искористеа бившите коминисти и социјалисти, за нивна политичка доминација во републиката.

Доволно е да се прочитаат писма-документи, пишувани од Драган Богдановски, до Мане Јаковлески, во “Македонска нација”, во рубликата архива, за да се потврди правичноста на Мане, а заблудата на Ицо. Да додадам и тоа, дека ние патриотите, од времето на повоените активностите на Македонското движење, кои сесрдно духовно, финансијски и со авторски  патриотски дела несебично помагавме на Македонското дело, со цел да служиме верно и одано, понекогаш сме имале меѓусебни несогласици, кои покасно или порано сме ги усогласиле или пак останувале неусогласени, според нашите  сознанија. Ние имаме и право понекогаш да си ги упатуваме нашите критики, едни према други со цел да ги сузбиеме грешките.

Тоа задоволство го немаат тие кои имаат зло намери или недоволни сознанија и со  што понекогаш, несакајки ги влошуваат мегусебните односи, од недоволно познавање на нештата  и од непромисленост. Тие  нивни пропусти, прават услови да ги користи  неразумниот дел од денешните опозициони партии, со цел да го смени демократскиот систем на владата на Република Македонија, да го продаде уставното и национално име на Македонија и да створи хаос во националниот,верски и политичкиот живот на републиката, а со тоа да го продлабочи јазот на администратоивните несогласувања на македонскиот верници во Австралија, во верски, политички и национален проблем.

Понекогаш треба и да се премолчуваат пропустите на раководствата, нарочно тие кои се ценети и популарни мегу Македонскиот народ, а во овој случај на првото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љубчо Георгиевски, кои по мое требаше да ги отстапат своите водечки функции на пообразовни и по патриотски Македонци. Во тој смисол ке ја напомнам мојата неотповиклива оставка од Претседател на задграничниот комитет, односно од огранокот на ВМРО-ДПМНЕ на Западна Австралија, кој го оформив со група патриоти на 19 Август 1990 година, како член на Координациониот Одбор за Австралија. Иако бев огочрен на овие поединци од централата на ВМРО-ДПМНЕ, јас никогаш јавно не ги нападнав. Тоа мое воздржување беше со цел да се зајакне партијата и да ја освои власта во Република Македонија, која во тоа време и покрај добивање на првите парламентарни-плурални избори е водеше непопуларната СДСМ.

Јас лично немам многу против владиката Петар, во неговите верски-канонски работи. Јас сум против неговото административно водење на Македонската Православна Епархија на Австралија и Нов Зеланд (МПЕпархија на А и НЗ). Веке петнаесет години овој владика, преставник на  САС на МПЦ-ОА, која е во душата на сите македонски верници во диаспората, прави финансови прекршоци, кои не се срекаваат ниту во републиката ниту во другите западни држави и континенти. Милионските суми на долари, трошени по Австралијските судови, пред се го потикнуваат расколот меѓу македонските верници, кои се од сите делови на етничка Македонија. Се зголемува и нелојалноста према денешната влада на Република Македонија, која по некој неразбирлив начин за емиграцијата, ја подржува политиката на САС на МПЦ-ОА, во случајот со владиката Петар.

Согледувајки го тој проблем, јас како еден од најстарите и со деценијско искуство во Македонското  движење, во Австралија, ги согледувам последиците на водењето на МП Епархија на А и НЗ од страна на метрополитот Петар. Некои од тие последици се загрижувачки. Првенствено, за зголемување на  бројот  на македонските верници, кои ги напуштаат македонските цркви и одат во други христијански цркви. Потоа верниците се изложени на големи материјални давачки, за потребите од верските сервиси на Македонските цркви, кои изнесуваат неколку пати повеке во споредба со останалите христијански цркви, а и од црквите во републиката.

Потоа, потребно е стручно навнегување-испитување на Австралијскиот правосуден систем на власништвото на приватните имоти, во кои спаѓаат  неколку Македонски цркви, на име на владиката Петар и некои негови приврзаници и на власниците потписници на тапиите на Македонските општини и цркви, кои се одвоени од МП Епархија на А и НЗ.

Законот е едногласен, кој се однесува за секоја сопственост да остане во Австралија. Според тоа зошто се потребни мегусебните судења и тврдоглавост!? Законот укажува дека ниту една странска црковна асоциација во Австралија не може да се регистрира како тутор во Австралија.  Ете ги и последиците кои се назираат, од таа недомакинска управа на Епархијата. Зарем еден владика е поважен од Иљадници македонски верници, собрани од сите краеви на Македонија, посебно од тие краеви каде нема ниту верска ниту национална и слобода за основни човекови права на Македонците!? Да го додадам и тоа, дека сите свештеници од Ирска се тие кои ја создале Католичката црква во Австралија, која  Католичка црква, нема никакви врски со Католичката црква во Ирска.

Јас на неколку пати, после последниот телефонски разговор со Игор Александров,побарав, преку и-маил, да ми прати написи, околу ставот на Асоцијацијата на Православните Општини  и цркви на Австралија, кои се однесуваат за нападите према нив од владиката Петар, како одговор и запознавање на Македонската јавност, за да му ги предложам на главниот и одговорен уредник на “Македонска нација”, со цел да ги публикува. Меѓутоа ниту такви написи, ниту пак програми и согледувања на Асоцијацијата, за понатамошна соработка  со МПЕ на А и НЗ, во случај да САС на МПЦ-ОА, да испрати во Австралија нов владика, до денес не сум добил. Според тоа, Ве молам Вас цитателите на овој напис,како и опозиционите медиуми  кои се  против владата на РМ, а кои, според мене не помагаат и не се заинтересирани за Македонското иселеништво, да  превземете нешто позитивно, за да се спечи расколот мегу Македонските верници во Австралија, а пред се меѓу повидните Македонски патриоти.
 

На прво место

News image

Ако постои синоним за зборот лицемерие тогаш тој ќе се Зоран Заев и СДСМ

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

Промовирана стихозбирката „Отвори ги очите“ на Љупка Антеска

Новата стихозбирка на Љупка Антеска насловена „Отвори ги очите“ беше промовирана вечерва пре...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.