|
|
Ελληνική Δημοκρατία – Дали покрај економијата ќе пропадне и митологијата |
Црната дупка во економијата што се отвори на Пелопонез, се заканува да ги голтне банките, економијата, митологијата и политиката на јужниот сосед! Долгоодложуваниот државен банкрот што им се случи на нашите јужни соседи е само уште една потврда за Македонската народна мудрост искажана низ една најобична народна поговорка: „Должен како Грк”. „Мајсторите“ на ложите од Европската Заедница допрва ќе ја откријат тежината на оваа навидум едноставна изрека. Од ходниците на своите замоци и кули од песок гледаат и незнаат кај попрво да се фатат и што да прават со црната дупка што им се отвори на Пелопонез, и која се заканува да ги голтне и нив и нивните банки, економии и политики! Европската Заедница најпосле почна да се соочува со сопствената лажна реалност базирана на измамa и лицемерие. Принципите на кои што требаше да почива Е.З. и кои беа запишани во Римскиот, Лисабонскиот и договорот од Мастрихт одамна се прекршени и поништени. Единствената работа што сеуште како човечка вредност ја одржува Е.З. беше и остана – парата! И сега, кога клептоманите од нивната заостаната колонија Грција го покажаа своето право лице и дефицит на вредност – Европските лихвари увидоа колку погрешија што ги примија. Испадна дека нивните новокомпонирани Грци „демократски“ отишле во минус на сметка за некои 350 милијарди евра. Далеку од светлата на Брисел, во темнината на нивното Атинско дувло ја искубаа како кокошка секоја финансиска помош и кредит што можеа да ги добијат. Европските „лихвари“ прво поцрвенеа, па позеленеа, за на крај и да помодрат кога сфатија дека не можат веќе да прикриваат што се случува! Најголемите умови од најтајните и највисоки ложи се собраа во Брисел за да решат што да прават со Грците кои им се закачија како крлежи и не ги пуштаат. Но што е тука е, видоа дека погрешија па почнаа да планираат како да си ги вратат парите… Арно ама, открија дека не остана ни „п“ од парите! Грци како Грци, си ги преточија во златни ѓердани и крстови, палати со базени, автомобили, јахти, прекуокеански бизниси и т.н., за кои „никој не знае“ и за кои никој нормален Грк не плаќа данок. Ама проблемот не е во тоа што украле и ја довеле до банкрот државата, тоа и не е некоја новост. Проблемот е што Грција сега е членка на Евро зоната! Ако признаат дека е банкрот – тогаш значи ни остатокот од Е.З. не држи вода! И затоа во Брисел сега се црвенеат и се вртат како на ражен незнаејќи што да прават со крадците на кокошки што самите ги пуштија во „Европскиот кокошарник“?! Ако пропадне макар и една држава членка – пропаѓа цела Европска Заедница, пропаѓа и Еврото – единствената работа која ги држи заедно. Било кој при здрав памет би се запрашал зошто тогаш толку трчаме да влеземе во Европската монетарна заедница!? Е, тоа е веќе делот од шоуто со нашите политики, странските дипломати, невладини организации, бугарски пасоши, шверцери, Мирко и Славко, Кемо Саабе, и … |