Среда, 24 Август 2011   
Создавање на првата регуларна воена единица на Македонија

Alexander_the_Great
Александар Македонски

За подобро и поцелосно развивање на ослободителната борба, во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет операгивни зони. Со одлука на Главниот штаб беа формирани и штабови на оперативните зони чија задача беше да излезат на терен и да раководат со борбата, а исто така изготви планови за активноста на партизанските одреди.

Во првата половина на 1943 година дојде до формирање и бројно зголемување на постојните партизански одреди. Во тој период на територијата на Македонија дејствуваат првиот и вториот Кичевско-мавровски партизански одред; потоа, одредите „Гоце Делчев", „Дамјан Груев", „Сава Михаилов",„Добри Даскалов", Скопскиот, Кумановскиот, Шарпланинскиот и Брегалничкиот, а во Азот остатокот од одредот „Димитар Влахов".

Доаѓа до засилување на вооружените активности во Македонија. Во овој период, оружените борби опфатија поголем дел од земјата, а беа создаденп неколку жаришта: Мавровско - Кичевско - Дебарца, Битолско - Преспанско, како и во реоните на планините Кожуф и Козјак. Партизанските единици водат борби кај: Сливово на 23 мај, Карбумица на 20 јуни, Крушево на 2 август, Горниково на 19 мај, Драдња  на 3 јуни, Прохор Пчински  на 9 јули, Св. Илија  на 2 августи многу други.

Окупаторот во почетокот на 1943 година презема бројни остри меркп за справување со вооружените формации на НОВ и ПОМ и за спречување на развитокот на Народноослободителната борба. Воените акции на окупаторот во пролетта и летото на 1943 година, во реоните на Мавровско - Кичевско, Кожуф и Козјак, се завршија со неуспех. Од друга страна, успесите од 1942 годпна и активноста на партизанскиге одреди во 1943 овозможија да се создадат одделни слободни и полуслободни територим.

Со создавањето на нови слободни територии и зголемениот број на партизански одреди, се создале услови за формирање тактичко-оперативни воено формации

На Преспаискиот состанок на ЦК КПМ, одржан на 2.VIII 1943 година во реоног на селото Отешево, Преспа, беше анализирана состојбата во земјата и можниот развој на настаните  по падот на фашистичката влада во Рим на 25. VII 1943 година, што ја навести капитулацијата на Италија. Поради тоа, за да се искористи каиитулааијата па Италија, на Преспанскиот состанок е донесена одлука главните вооруженп сили да се сконцентрпраат на територијата под италијанска окупација (Гостивар, Кичево, Дебар, Дебарца, Струга).

Исто така, на Преспанскиот сосганок донесен е заклучок дека се создадени услови за создавање на регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Овој акт е од посебно значење за македонскиот народ и народностите. Создавањето на војска означува нов квалитет во воената организација и услов за понатамошно успешно водење на оружените борби, гаранција дека ќе се сочуваат придобивките што ќе се извојуваат во текот на востанието и револуцијата.

По решението на Преспанскиот состанок, Главниот штаб изработил формациски прегледи за воените единици и се пристапило кон нивното формирање.

Во западна Македонија беа ослободени Дебарца, Кичевско и Мавровско. Се формираа нови партизански единици кои ги загрозуваа патните комуникации Гостивар - Дебар, Кичево - Струга. Со наредба на Штабот на II оперативна зона на 18 август 1943, на Славеј Планина се формира Првиот баталјон „Мирче Ацев", прва регуларна воена единица на македонскиот народ. Баталјонот „Мирче Ацев", првиот баталјон на Народноослободителната војска на Македонија; го сочинувале борци од одредите „Даме Груев", „Димитар Влахов" и други од подрачјето на Западна Македонија. Со овој акт започна процесот на создавање војска на македонскиот народ.

Штабот на батаљонот бил составен од следните органи: командант; политички комесар; заменик командант; заменик на политичкиот комесар; аѓутант. Батаљонот бил составен од две до три пешадиски чети; едно бомбашко одделение; митралеска чета, вод за врски, пионерски вод и санитетска чета  Евде ви го презентираме дел од документот, „Наредба на Штабот на втората оперативна зона за формиеање на батаљонот „Мирче Ацев“ од август 1943 г. од кој може да се види организациската поставеност и кој биле раководните личности.

Наредба на Штабот на втората оперативна зона за формиеање на батаљонот „Мирче Ацев“

„1. Штабо на II-та О. Зона на Народ(но) Ослоб.(одителната) Војска и Партизанските Одреди во Македонија, формира Батаљон Ном. 1-ви „Мирче Ацев"

На темел на проучувајнето на целокупната војно-политичка ситуација и условијата на Партизанско војуване во Македонија како и сагласност со наредбата на Главнио Штаб на Народно-Ослободителната Војска и Партизан(ските) Одреди на Македонија, формиран је Батаљон Ном. I, МИРЧЕ АЦЕВ

Батаљоно го сачињава (3) три чети, секоја чета има по (3) три вода а секој вод по (2) две десетини.

Саставо на Батаљоно је следнио:

Штаб на Батаљоно сачињават

1). Командант: Науме Т. Василев(ски) (Овчаро)

2). Политички Комесар: Стоилко Ивановски (Даскало)

3). Заменик на Команданто: Мите Трпов (Војводата)

4). Заменик на Полит-комо: Трајан (Белев) (Гоце)

5). Интендант: Војне (Павловски Војне) (Стево)

Командни дел на 1-та чета:

1). Командир; Димо Нареднико (Димовски)

2). Заменик: Ѓорѓи ( Бендевски)

3). Пол. ком.: Коки (Бено Русо) (Коки)

4). Заменик: Киро (Стефановски) (Коста)

Команднио дел на П-та чета:

1). Командир: Крсте Поповски (Ордан)

2). Заменик:    (Серафим Китановски) (Август)

3). Пол. ком. (Садикарио Соломон) (Мо)

4). Заменик: Вангел (Илиевски)

Командни дел на III чета:

1). Командир: Јордан Стипонски (Коста)

2). Заменик: Димче    (Милевски Добри) (Добри)

3). Пол. ком. Боро Алтипармак

4). Заменик:    (Жамила Колономос) (Цвета)

Подела на Десеттини и одредуење на десетари ке си изврши сам Штабо на Батаљоно. Батаљоно во целина треба да изгледа вака:

Штабот на Батаљоно треби да има помојкно особље: 2-3 снабдевачи (Инденд.(анти); 2. за санитет; 2. ордонанса, ова пом(ошно) особље не спајга во бројнио састав на четите.

Батаљоно треби да има (3) чети, по 60 војника, башка од командниот) састав и 1 Економ, 1-2 болничари. Секоја чета по (3) Вода, секој по 20. војника. Секој Вод по (2) десетини.“(Документи за борбата на македонскиот народ.. Том II, Скопје, 1981, стр.485-487.)

Треба да се нагласи дека создавањето на македонската војска „започнало во согласност со традициите, искуствата и поуките од Разловечкото, Македонското (Кресненско) и Илинденското востание, кои се манифестирале и во текот народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ“. (В. Стојчев, Првата регуларна единица, Одбрана, 2004, стр.41.)

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.