Среда, 19 Септември 2012   
Сите сме само луѓе создадени од Бога

mane2Мане Јаковлески

Мудрите велат: гордоста е доблест, но горделивоста (или, со други зборови, самобендисаноста) е грев!

Низ вековите изминати владетели владееле, меѓусебно војувале, освојувале и потчинувале. Народи се покренувале, раселувале и мешале со други, страдале или уживале во благосостојба, ги жнееле плодовите на просперитетот или ја пиеле горчливата чаша на сиромаштијата, злоставувањето и смртта...

Отсекогаш луѓето се грижеле да бидат над проблемите и бремето што го носат, млади се мажеле и женеле, деца се раѓале, благослови и убави желби се кажувале. Некои животот го минувале во кругот на своето место каде се родиле, некои маката или натерата ги одвела наоколу, други ги распрснала по целиот свет.

Никогаш да не го забораваме егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, да не ги забораваме ниту Евреите и она што од обесчовечените беше наречено конечно решение.

Но, да се вратам на местото каде живееме.

Некои го нарекуваат Балкан, други пак како да се срамат од тој поим, па велат југоисточна Европа. Дури и со подбив го нарекуваат, БУРЕ БАРУТ. Како и да е. Старите рекле, наречи го и стомна, ама немој да го скршиш.

Балканот е колевка на древни народи, но и на оние кои низ вековите тука стасале. Балканот е сцена на настанување и нестанување на држави, на империи, на царства и на кралства. Балканот е место каде се мешале верувања, традиции, јазици. За некои тоа го прави исклучително убав, раскошен, богат, а за некои, за жал, во тоа гледаат како на некое историско проклетство. Да не ми замерат вториве (а ако ми замерат, нека, толку им поделил Господ), јас се восхитувам на културниот колорит, длабоката духовност и широките цивилизациски хоризонти на Балканот.

Македонија и Македонците, со својата историја и култура, со своите подеми и падови, се дел од тој богат мозаик.

Но факт е дека народите се мешале, културите се испреплетувале, јазиците се вткајувале едни во други. На Балканот зедно се одбележувале народни и верски празници и взаемно се почитувале луѓето што на различен начин ја исповедале својата верба во Бога. И христијани и муслимани и евреи.

Тоа е што мојот Балкан го прави величествен!

Јас сум Македонец. Така се чувствувам и се гордеам со тоа. Иако многумина од оние кои не опкружуваат, кои сакам да ги имам и да ги чувствувам како браќа, сакаат тоа чувство да ми го оспорат.

МАКЕДОНЕЦ сум, затоа што Сум МАКЕДОНЕЦ  по род, култура, традиција!

Зборувам MАКЕДОНСКИ!

Сум од родот древен на Филип и Александар!

Сум за МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секогаш и за секогаш!

Но тоа е МОЕ ЧУВСТВО И МОЈА СИЛНА УБЕДЕНОСТ.

Ми ја греат душата истражувачките наоди на швајцарскиот институт IGINEA кои покажуваат дека и денес, кај македонците се сретнуваат гени кои се откриени во коските најдени во гробовите на античките Македонци.

Ми ја грее душата откритието на угледните професори, академик Бошевски и професор Тентов, кои успеаа да го дешифрираат текстот од каменот од Росета како текст пишуван на древниот, старомакедонски јазик, докажувајќи ја живата врска со денешниот, модерен македонски јазик.

Но, исто така ми ја грее душата и разбивањето на маглата содржана во приказната за доаѓањето од позади Карпатите во шестиот век.

Нуклеарниот физичар Драгољуб Антиќ, неупатен премногу во маглите на офицајалната историографија, а следејќи ја логиката и со помош на математичките модели, математички ја докажа неодржливоста на тезата за доаѓањето на словените од позади Карпатите.

Овие три наоди конечно ја растурија маглата во која бевме обвиени досега и со егзактна, научна аргументација, го осветлија вистинскиот пат кој води до македонскиот корен.

Да не се залажуваме, во минатото, но и не многу одамна,  се случуваа и се случија невидени злосторства, за нормален човек непојмиви.

Трагедии чии последици ги чувствуваме и ден-денес. Барем ние што искрено се доживуваме како Македонци, кои Македонија је чувствуваме како наша татковина и својот корен го препознаваме во древното македонско минато.

Денес повторно сме сведоци на тоа како несозреани политичари, новокомпонирани европјани, јавно ги слават злосторствата што против Македонија и македонскиот народ ги направиле нивните претходници. А кога ќе повикаме на разум и човечка доблест во прифаќањето на реалноста за она што нивните претходници го сториле, како и во признавањето на последиците што како народ ги имаме, стануваат агресивни, навредуваат и покренуваат спектар од правни, политички и економски мерки против нас, правејќи карикатура од високите принципи на Европската Унија и НАТО каде членуваат и попречувајќи го нашиот пристап кон тие заедници.

Препознавате. Во оваа пригода не зборувам за Атина. Сакам да кажам збор-два за Софија.

Најпрво, да се присетиме на доброто од скорешното минато:

Бугарија прва ја призна Македонија.

Бугарија донираше тенкови пред да започне војната или конфликтот во  Македонија.

Бугарија беше против балканска средба која ја договараа Милошевиќ и Мицотакис во Атина, а се` со цел дефинитивно распарчување на Македонија.

Бугарија ја помагаше Македонија за време на блокадата која ја наметна Грција кон Македонија, а се` со цел економски да ја уништи Македонија.

Македонија е благодарна за тоа.

Денес Софија сака да ги заостри односите со Скопје? Искрените и добронамерните, затекнати, поставуваат прашања, кои можат да делуваат и многу наивно:

Зарем можат ли да се нарушат добрососедските односи?

Да се нарушат добрососедските односи заради Спаска?

Заради Љубчо?

Заради Врањишковски?

Заради Грција?

Или заради некои скриени интереси?

Што ли сакаат да кажат бугарските политичари, кога велат, дека историјата е напишана и не треба да се истражува или не треба да се пишува друга?

Оставам секој сам да си даде одговор.

Знаеме само дека многу Македонци, од различни причини својот дом го нашле таму, во Бугарија. Упатените не без основа (но и со многу иронија), велат дека во Бугарија, покрај Македонци, можеби ќе се најде и по некој Бугарин. Има многу да се кажува...

За балканските војни, најголемата трагедија во македонската историја, чија стогодишнина ја комеморираме денес (1912/13 – 2012/13), каде Софија, заедо со Белград и Атина прифати разнебитување на македеонската целокупност и трагедија на македонскиот народ.

Денешните генерации не треба да бидат заробеници на злоделата што некој пред нив ги направил. Но одговорни се` додека го одрекуваат стореното. Одрекувањето на стореното зло и на неправдите значи солидаризирање со стореното. А тоа, ни пред човек, ни пред Бог не може да се оправда, а човек не може да го прости, бидејќи простувањето е во Божји раце.

Огромно мнозинство сегашни Бугари треба да се присетат на својот македонски корен, на македонските огништа од каде во новата татковина стасале нивните предци.

Сакам да верувам дека ќе надвладее доблеста, добрата мисла, инспирирана, втемелена и зајакната со искрената вера во Бога.

Да не бидеме заложници на минатото.

Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога, во себе, во тие околу нас.

Таков е светот во кој верувам.

Тоа е светот што го посакувам.

Тоа е светот за кој се залагам.

Сите сме само луѓе, создадени од Бога, грешни и смртни, подложни на слабости, суети и фрустрации.

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.