Среда, 23 Април 2014   
Се предвидува убедлива двојна победа на владејачката коалиција

Makeddonksa_nacija_copy_copy_copy_copy_copy_copy
Македонска нација

На 27–ми кога ќе се гласа во вториот круг на претседателски и првиот за парламентарни избори, мнозинството граѓани ќе гласаат за Ѓорге Иванов и за коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ова го покажува анкетата на институтот „Павел Шатев“, која предвидува убедлива двојна победа на владејачката коалиција „За подобра Македонија” и Ѓорге Иванов. Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе освои апсолутно мнозинство, односно 62 пратеника.

ВМРО ДПМНЕ одамна широко ги отвори своите прегратки за сите оние кои сакаа да го посветат својот живот и знаење на идеалите на татковината. Во нејзините редови влегоа луѓе спремни да ја направат организацијата достојна и способна да го изведе големото народно дело, да ја изведе земјата од катастрофалната економска положба во која ја втурна СДСМ со својата криминална транзиција, да се справат со сиромаштијата, да ја поправат и изградат нова инфраструкура, да донесат инвестиции, да ја намалат невработеноста, но и да го зачуваат името и идентитетот на македонскиот народ.

Произлезена од самиот народ, идејата која ја носеше оваа програма беше општо прифатена во јавноста, а беше ја зафатило и речиси целата македонска интелигенција. Пред неполни осум години се тргна силовито, со план и програма, а денес резултатите се видливи како на надворешен така и на внатрешен план. Просторно е невозможно да се набројат сите успеси која коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ги имаше во текот на овие години.

Нормално е дека се не било идеално или дека не се погрешило, но кој работи греши.

Сепак општиот впечаток од реализираното ја смени перцепцијата за Македонија како во земјата така и во странство. Се создаде амбиент, влегоа инвестиции, се намали невработеноста, се редеа успеси на сите полиња, а државната каса се полнеше и во време кога светот ја тресеше економска криза. Додека во Европа администрацијата на големо се отпушташе, во земјата се вработуваа, а пензиите се зголемуваа. Невработеноста од 38% се намали на само 28%.

Како резултат на ваквата работа, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата седум пати по ред ја добиваше довербата на граѓаните на претседателските, локалните и парламентарните избори. Сега кога граѓаните повторно треба да се изјаснат на претседателските и парламентарните избори, тие уште во првиот круг на претседателските избори со огромно мнозинство покажаа на кого ќе им ја дадат довербата. Над 449.000 гласови беа дадени на кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов или 123.000 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски што недвосмислено ја покажува вољата на гласачкото тело.

Овие резултати од првиот круг на претседателските избори покажаа дека покрај економските достигнувања мнозинството граѓани веруваат во зборовите на Ѓорге Иванов кога вели дека: Kако претседател, нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам никакви идеи или предлози што би ги загрозиле посебноста на македонската култура, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонскиот модел на соживот. Нема да допуштам Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени“. Односно, македонскиот народ верува дека коалицијата  „За подобра Македонија“ ќе ги заштити нивните интереси, посебно во поглед за името, сувереноста и интегритетот на државата.

Големата поддршка која македонскиот народ му ја дава на Иванов и тимот на Груевски претставуваат опасност за целите на социјалдемократите, чија пропаганда буквално венее пред резултатите на ВМРО ДПМНЕ. Раководството на СДСМ е свесно дека не може да одговори на барањата на поголемиот дел од народот и дека на власт можат да дојдат само со улична демократија. Оттука тие во неколку наврати се обидоа со такво сценарио. Сега одново најавуваат бојкоти доколку повторно ВМРО ДПМНЕ ја освои власата. Меѓутоа, ако по некој случај ова раководство на СДСМ се вовлече во власта тогаш ќе бидат во состојба да се послужат со неа, употребувајќи ја како средство за својата пропаганда за да ја ослабнат државата и да го примораат населението во Македонија да го смени името и идентитетот, исто како што тоа го направија со територијалната поделба во 2004 година.

СДСМ во минатото направи неколку обиди со улични сценарија (повик преку А1 и инцидентите пред и во Собрание), но наиде на одлучен одговор не само од владеечката коалиција туку и од најголемиот дел на македонски граѓани кои не дозволија да излезат од трасираниот пат на просперитет на земјата. Измислените клевети и интриги кои сега во предизборната кампања се обидува раководството на социјалдемократите да ги пласира во јавноста, водени од лични егоистични причини и страв за својата иднина, ја загубија рамнотежата и паднаа во сопствената замка. Едноставно нивните стремежи со интриги да урнат едно дело подигнато со толку труд, со толку жртви и кое претставува прекрасна творба на македонскиот дух, претприемчивост и самопожртвуваност, предизвика контраефект дури кај сопственото членство. Ниту еден политичар вака не се излажал во проценката како што тоа го направија челниците на СДСМ. Негирањето на ВМРО ДПМНЕ и постигнатите резултати во Македонија предизвика само раздор и распаѓање на СДСМ. Свесно насочените клевети и измислици за да ја срушат моќта на ВМРО ДПМНЕ, а со тоа и единството на македонскиот народ, се вратија како бумеранг и ја срушија и најмалата доверба во раководството на СДСМ.

Ваквото делување на раководството на СДСМ само е во интерес на јужниот сосед и крајно време е да си даде оставка, а членството додека не се консолидира партијата, за следните избори својот глас да го пренасочи за македонската опција. За тоа има голема причина која ја образложи  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој во својот предизборен говор во Охрид децидно ќе каже: „Намерата на ДУИ нивното раководство да одбира претседател, наместо целиот народ и сите граѓани на земјата, таа желба да се приграби она што му е дадено на народот со Уставот,  тој одлучува, а не партиската врхушка на ДУИ, ќе биде пресретната не само од Македонците, туку и од Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Евреите, Бошњаците и сите останати граѓани на Република Македонија“. Затоа тој ги повика сите граѓани на Македонија, меѓу кои и членството на СДСМ да се придружат и заеднички да се освојат 62 пратеници со што би се ставило крај на ваквите уцени.

На 27–ми кога ќе се гласа во вториот круг на претседателски и првиот за парламентарни избори, мнозинството граѓани ќе гласаат за Ѓорге Иванов и за коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ова го покажува телефонската анкета на 1450 испитаници спроведена од институтот „Павел Шатев“ во периодот помеѓу 15 и 17 Април. Спред неа таа предвидува убедлива двојна победа на владејачката коалиција „За подобра Македонија” и Ѓорге Иванов. Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе освои апсолутно мнозинство, односно 62 пратеника, додека СДСМ 32, а за останатите: 16 за ДУИ, 9 за ДПА и 1 за ГРОМ.

Но, за да нема никави изненадувања, должност и чест на секој македонски граѓанин кој ја сака сопствената земја е да ги спречат дезинтегративните процеси кои ги промовираат СДСМ и ДУИ. Тоа можат да направат само ако излезат и го дадат својот глас со кои би се обезбедиле 62 пратеници,  а со тоа можност да се реализираат новите над 2.000 проекти кои носат просперитет на земјата, но и да се сочува името и идентитетот на македонскиот народ.
 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.