Коментари
Среда, 04 Мај 2016 03:04   
Ова што се случуваше на Православниот Велигден 2016 е знак дека некој се игра опасно со Горниот

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Ова што се случуваше на Православниот Велигден 2016 е знак дека некој се игра опасно со Горниот. Него никој ниту го победил, ниту ќе има теоретски шанси.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2016 03:03   
Тајните договори на Големите сили за време на Првата светска војна

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Настаните кои се случуваат денес на Блискиот исток имаат длабоки корени со Договорите за сферите на влијание склучени за време на Првата светска војна меѓу големите сили. Тоа се Константинополскиот договор (1915) и Договорот Сајкс - Пикот (1916). Денес последиците можат да се видат во Украина, руската анексија на Крим, вжештените турско-руски односи, сириската граѓанска војна од 2011 година, дејствувањето на паравоените сили на Исламската држава на Ирак и Левант (ИДИЛ) во Сирија и Ирак. Овие настани како и во минатото, така и денес имаат  големо влијание врз настаните во Македонија и на целиот Балкан.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2016 03:02   
Како кула од карти се рушат лагите на опозициската СДСМ

kostadin-kerpicoski-180
Костадин Керпичоски

Велам на опозициската СДСМ бидеќи таа има само неколку технички министри во оваа техничка влада и тоа е против вољата на народот но се за доброто на државата и личните и партиските интереси во втор план а пред се националните интереси.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2016 03:01   
Македонскиот народ не е разединет!

Ljupka Cipuseva
Љупка Ципушева

Ќе ви речам браќа и сестри Македонци, -ќе ви речам вам родени во оваа Света Земја МАКЕДОНИЈА, дека неа ја снајде голема, грда и гадна неарнина.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:06   
Мане Јаковлески - Мојот пресврт

mane-makedonija-180Мојот поглед: ни за Запад, ни за Исток, туку за Македонија, за мир и добра воља меѓу луѓето, за човечност и верба во Бога. 

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:06   
Заев го направи Груевски нов Путин на Балканот

zoran-zaev-180Корнишонот не беше свесен што направи со неговото недоаѓање во Виена. Враќање сега нема. Филмот оди напред и кај ќе отиде,времето ќе покаже, да сме здрави и живи ќе видиме.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:05   
Србија и Грција преземаат се за да спречи создавањето на автономна Македонија

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Прашањето на иднината на Македонија на меѓународен план станало многу актуелно во текот на 1918 година. Во престолнините на големите сили на Антантата, особено во Британија, живо се размислувало за создавање на автономна Македонија под заштита на големите сили. Соочени со можноста од едно вакво решение по прашањето за Македонија, српската и грчката влада преземаат се за да не дојде до создавање на автономна Македонија.

Уште за време воените крварења на бојното поле за време на Првата светска војна, спротивставените страни се спремаа за идната мировна конференција на која ќе можат да го легализираат својот грабеж на туѓи територии. Во рамките на тие припреми се работело и на плановите за грабеж на Македонија.

Прашањето на иднината на Македонија на меѓународен план станало многу актуелно во текот на 1918 година. Во престолнините на големите сили на Антантата, особено во Британија, живо се размислувало за создавање на автономна Македонија под заштита на големите сили. Дури во некои периоди 1918 година во таа смисла водени преговори за сепаратен мир со Бугарија. Меѓутоа, по Октомвриската револуција во 1917 и со излегувањето на Русија од војната, раговорите биле водени на сметка на Македонија. За да се придобие Бугарија и извлече од Централниот сојуз, големите сили започнале да прават комбинации на сметка на Македонија.

Во разговорите за потпишување на сепаратен мир, големите сили  на Бугарија и нуделе две алтернативи. Во првата се предвидувало на Бугарија да и се остапи делот на Вардарска Македонија источно од реката Вардар и втората, која била разгедувана особено во првата половина на 1918 година, Македонија да се организира како автономна државна единица на Балканот под заштита на една од големите сили. Со таа намера, во пролетта на 1918 година во јужните делови на Македонија била организирана  обемна анкета, чија цел била да се согледаат географските, стопанските, етничките, верските и други карактеристики на Македонија.    

Ваквиот третман на иднината на Македонија од страна на големите сили на Антантата предизвикала остра реакција на српската и грчката влада, кои не биле подготвени да го изгубат стекнатото со Букурешкиот договор.

Соочени со перспективата на едно вакво решение по прашањето за Македонија, српската и грчката влада превземаат се за да не дојде до такво решение. Србија го активирла режимот на специјалните уредби од 1913 година во Македонија. Главна основа на српската политика за решавање на територијалните проблеми, според која не смеело да има никаква дискусија на кого ќе му припадне Вардарската долина, ја  изработил Пашиќ во април 1918 година. Тој сметал дека не треба и не може да стане збор за македонската територија која Србија ја присвоила за време на балканските војни. Спротивно на тоа, тој истакнувал дека треба да се води борба за добивање на „стратешка граница“, односно за понатамошно територијално проширување на Балканот.

Пашиќ наместо остапување на делот на Македонија на Бугарија, тој на своите дипломатски преставници им наредил да се залагаат, како минимум гранични територии со Бугарија, на Србија да им припадне територијата по долината на реката Струма, а како максимум граница „со која би биле опфатени сите Македонци“. Сепак, во случај на краен притисок на големите сили на Антантата, српскиот пратеник требал да предложи алтернативно решение, со кое се предвидувало создавање на автономна Македонија, вклучувајќи го тука битолскиот и солунскиот вилает, без големиот округ. Но тоа било последно режение.

Генерална линија на територијалните проблеми била линијата која ја изработил Пашиќ. Со неа српската делегација настапила на Мировната конференција во Париз, а со слична концепција настапила и грчката влада.

Се разбира, ваквиот став на српската и грчката влада за територијалниот проблем со Македонија не значи дека бил доволен за да тоа прашање биде тргнато од дневниот ред. Напротив, активноста на македонската емиграција во Бугарија, Швајцарија и други земји во Европа и Америка, која за своите барања не само што успеала да ги придобие симпатиите на голем број истакнати личности во светот, туку и тие да се ангажираат за создавање на автономна Македонија, го држела ова прашање отворено се до потпишување на договорот со Бугарија на 27 ноември 1919 година.

Особено во тој поглед се истакнала дејноста на емигрантските кругови на Серскиот револуционерен округ. Тие уше во октомври 1918 година излегуваа со „Декларација за решавање на македонското прашање“ врз база на обновување на интегралниот дел на Македонија и нејзино изградување во автономна држава. Како резултат на нивното делување дошло до обединување на сите прогресивни сили на емиграцијата во Бугарија и на 9 март 1919 година излегуваат со заеднички апел, во кој уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со цврсти меѓународни гаранции и постојана неутралност.  

На тоа допринесувало и залагањето на бугарската влада, која и покрај изгубената војна настојувала да ги заштити своите територијални аспирации према Македонија. Исто така, уште повеќе допринесуваа и противречните интереси на големите сили на Антантата, кои прашањето за иднината на Македонија постојано го држеа отворено, како за време на војната, така и за време на Мировната конференција. Најпосле, во сето ова, голем придонес имала и нестабилната состојба внатре во новата држава на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1.12.1918 – 29.111945), која била потресувана од револтот на масите. Поради тоа и признавањето на новата заедница било одложувано се до мај, односно до потпишување на Версајскиот договор на 28 јуни 1919 година.

Дискусиите на Мировната конференција за Македонија изгледа дека официјално започнале после потпишувањето на Версајскиот договор, кога на дневен ред дошло составувањето на мировниот договор со Бугарија. После тоа проблемот бил изложуван надвор од Конференцијата. Во тоа била најактивна македонската емиграција чие главно барање било изразено со активноста на Пол Христов или Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија, чие барање било создавање автономна Македонија во нејзиниот географски обем и под заштита на големите сили.

Сепак, Големите сили се оглушија од барањата на Македонците и уште еднаш му нанесоа голема неправда на несреќниот македонски народ. По Првата свестска војна силите на Антантата ја санкционира поделбата на Македонија од Букурешт во 1913 година, а од земјата создадоа буре барут кое секогаш може да експлодира.

Стотина години потоа Европа повторно ги прави истите грешки. Истите сили, денес повторно си играат со судбината на единствениот слободен дел на Македонија и со својот однос, особено заради Грција, повторно ја доведуваат земјата во состојба која може да експлодира и да го зафати целиот регион и пошироко, вклучувајќи ја и самата Европа.

 

 
Среда, 27 Април 2016 03:04   
Костадин Керпичоски: Шарена револуција

kostadin-kerpicoski-180
Костадин Керпичоски

Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС , протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:02   
Заев – престапник и злочинец!

Ljupka Cipuseva
Љупка Ципушева

„Во животот има многу тешки патишта , но најтежок е оној на кој се станува човек во служба на човекот“

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2016 03:01   
Зоки не ја одбивај аболицијата од Претседателот Иванов

rubinco-120
Рубинчо Јованоски

Лидерот на најголемата опозициона партија во нашата земја СДСМ, Г-динот Зоран Заев, алијас Бошко Буха со последната минатонеделна одлука на Претседателот на Република Македонија, Г-динот Ѓорге Иванов каде истиот аболицира личности од јавниот и политичкиот живот како од власта така и од опозицијата со цел да се стави според него крај на двегодишната политичка криза во нашата земја, катадневно истиот го повикува претседателот да ја повлече неговата аболиција во аферата “Поткуп“каде струмучкиот градоначалник од село Муртино се товари за барање на мито на извесен струмички бизнисмен од ни помалку ни повеќе него 200 000 ЕУ за легализација на државно земјиште.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.