Коментари
Петок, 13 Мај 2011 09:59   
СО СИЛА, УБАВИНА НЕ БИВА

maja_danielss-2Маја Даниелс

Токму кога помислив дека го надминавме каменото доба и работите ги решаваме со дијалог во земјава, ќе се најде некој со простотилукот да ме стаписа.

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2011 04:10   
Погрешен избор на „Достоинство“

svekrva

 

 

 

Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2011 04:05   
Скопје 2014

Tihomir_Karanfilov_copy_copy_copyВандалите се спремаат да го уништат Скопје-2014!? Според Википедија терминот вандализам денес најчесто се користи за да се опише секое уништување без причина. Пред се се мисли на уметнички дела, меѓутоа и на други материјални добра.

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2011 04:03   
Зошто предвремени избори?

katerina_klimoska_2
Катерина Климоска -

Прилично долго време ме вчудоневидуваше потребата на Бранко Црвенкоски и неговата партија од предвремени избори. Следејќи ги сите извршени сондирања и анализи на јавното мислење и сите ранг листи и анкети кои се појавуваа постојано, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ беше со далеку поголемо предимство пред СДСМ.

 

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2011 04:01   
Барските анали со драгоцени податоци за историјата на македонскиот народ

Alexander_the_Great
Александар Македонски -

Со ликвидирање на Самуиловото царство во 1018 година, повторно била воспоставена византиската власт на поголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Меѓутоа, по 1025 година во Византија започнал период на нови закани по македонското население.

 

Повеќе...
 
Среда, 11 Мај 2011 04:00   
Условите за премин во унија со римокатоличката црква

salonika
Салоника -

Македонците по создавање на Бугарската егзархија не се откажале од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Силна активност пројавиле граѓаните на Солун во првата половина на 70-те години на 19 век. Со доаѓањето на Митхад-паша за солунски валија во есента 1873 година, овие активности се засилиле.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2011 04:30   
Избори за името

svekrva_copyНајголемата опозициона партија, СДСМ, носејќи го товарот на минатото (криминалната приватизација и масовната невработеност како нејзина последица, потоа "времената" референца ФИРОМ која наместо два месеци - како што тврдеа - еве после деценија и пол сеуште е во сила , промената на знамето, аферата ТАТ и ограбувањето на штедачите,  измамата дека ќе биде вработен барем по еден член од семејството и тн.) - одамна беше свесна дека на власт не ќе може да дојде по пат на легални избори.


Согледувајќи ја својата, и во политичка и во човечка смисла, навистина мизерна позиција, единствената шанса да се влезе и да се биде дел од власта, таа ја виде во евентуалното формирање на "техничка влада", создадена од некое ново парламентарно мнозинство.

И за такво нешто, отпочна со сценарио за создавање впечаток дека земјата е во криза, како предигра за воспоставување на т.н. широка коалиција, поддржана од надвор. Притоа, последното требаше "авансно" да се плати со цврсто ветување дека, согласно барањата на Атина, гарантира обезличување на земјата и разнебитување на македонскиот идентитет на нацијата, како услов за влез во ЕУ и НАТО.

За секој кој има капацитет за елементарно логичко просудување, јасно е дека од тоа декомпонирање на идентитетот па до оспорување на македонската државност односно оспорување на постоењето на Република Македонија како суверена држава, е само половина чекор!!!

Како и да е, сценариото за "криза" изобилно финансиски поддржано од т.н. "невладини организации" и "бизнисмени" (за кои "Сорос" и "Перо Наков бб" станаа синоними), но и со државни пари обезбедени од "државникот" во време кога ја узурпираше функцијата претседател на Република Македонија (пари со кои го плати изготвувањето на субверзивниот план "НАДЕЖ" за рушење на легитимната и легално избрана власт во земјата) стана дел од македонското политичко миље. Затоа се закажаа избори за 5 јуни.

Меѓутоа, станува воочливо дека најголемата опозициона партија, се плашат од самите избори. Стравот од историските одлуки кои треба да се донесат е голем, а за тоа СДСМ нема капацитет. Затоа "државникот", проценувајќи дека тешкиот изборен пораз би бил негово политичко самоубиство, одлучи формално да се повлече од политичката арена и за кандидат за премиер на престојните вонредни парламентарни избори постави веќе потрошен адут, кој веќе деветнаесет години послушно го следи.

"Државник"??? Да се крие позади здолниште??? Тешко е тоа сфатливо...

Дека опозицијата нема капацитети да се носи со крупни проекти, веќе покажа во текот на овие дваесет години (само како уште едно потесетување: првремената референца ФИРОМ што ја остави во наследство до ден денешен; започнатите проекти за пат Прилеп - Велес преку Бабуна и за пруга кон Бугарија - уште од 1994 година - што до денес не се завршени; ветувањето за справување со криминалот односно "октоподот" a ниту еден крак не скинаа - за главата да не зборуваме; наместо намалување на сиромаштијата - невработеноста драматично ја зголеми иако тогаш немаше светска економска криза....)

Листата на сето она што СДСМ го ветила и како партија додека беше на власт го започнала и требаше да го реализира, но не е спроведено, е премногу долга за да овде се напише. Тогаш како може да им се верува дека успешно ќе ги спроведат проектите и успешно ќе се справат со проблемите кои произлегуваат во овие клучни моменти кога треба да се решава спорот со Грција околу името. Но не само тоа туку и идентитетот и просперитетот на македонскиот народ.

Од сето ова, повеќе е од очигледно дека најголемата опозициона партија досега немала ниту визија ниту стратегија, туку низ неа провејувале лични интереси. Сето она што беше кажано досега за заштита на интересите на народот беа само празна фраза. Така што лево декларирана партија, почна да "буричка" десно, па се изгуби во зоната на неразбирливото, спротиставувајќи ги зборот и делата, за на крај ни сама да не знае ни што сака, ни како сака...а богами, ни каде сака....

Додека за разлика од неа, една десно ориентирана партија, како што е партијата на власт, сакала или не, поправајќи ги нивните "државнички дела", се повеќе влечеше кон лево, зголемувајќи ги социјалните давања, платите, пензиите, се со цел да се воспостави еден социјален мир во државата, дури и за време на светската економска криза, преку јавни работи и субвенции. Се вложуваше во здравството, образованието, информатиката, културата и спортот, во се што е потребно само да го одржи стабилно просечното македонско семејство. Се залагаше за најмалдите и преку развивање на спортовите , едноставно да ги отргне од сите девијатни појави на турбулентните времиња во кои живееме.

Досега партијата на власт докажа дека има визија, стратегија и дека знае што сака. Најголем дел од предвидените проекти се спроведени и сето тоа е видливо. Во нејзината програма има уште многу проекти кои треба да се спроведат како на пример поголемите: „Вардарска долина“, гасоводот „Јужен поток“, пругата кон Бугарија, кон Албанија, завршување на коридорите 8 и 10.  Меѓутоа активната пропаганда на опозиционите медиуми, застанаа на патот на се што е чесно, најмногу од се` критикувајќи ги виталните проекти од клучно значење за државата. Каде е независноста на тие медиуми и за чија сметка одработуваат??? Тажно е што плукнаа и врз професионалноста но и врз достоинството на својот народ. Навистина тажно....

Во пресрет на изборите закажани за петти јуни направени се бројни анкети и анализи, а сите покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се две партии кои го привлекуваат вниманието и побудуваат политички интерес на мнозинството граѓани во земјата. Последната симулација покажа дека доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила 55 пратенички места, СДСМ 31.

Ако ова се избори за идентитетот на нацијата и за просперитетот на државата Македонија, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и нема никакви сигнали дека тој ќе претрпи измени. Но исто така е познат и ставот на СДСМ (или поточно неговата деструктивност кон виталните национални и државни интереси на Македонија).

Затоа, за да нема изненадувања, во заштита на македонскиот национални идентитет и во заштита на сувереноста и просперитетот на македонската држава, потребна е целокупна мобилизација и подршка од сите оние кои Македонија ја чувствуваат како свој темел и гарант за иднината на поколенијата што доаѓаат.

 
Среда, 04 Мај 2011 04:25   
Македонија ја има силата на умот да ги порази и најсилните

misko-taleski
Мишко Талески -

« Ѓорѓија од сите страни сардисан » - се пее во народното творештво. Така и Македонија денес. Ставена меѓу чеканот и наковалната мора да избира меѓу неколкуте големи  зла.

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2011 04:20   
„Qui non est hobie, cras minus aptus erit“

jasmina-gjorgjievska
Јасмина Ѓорѓиевска -

„Оној кој не е подготвен за денес, за утре воопшто не е“

Повеќе...
 
Среда, 04 Мај 2011 04:15   
Македонски речник од XVI век

Tihomir_Karanfilov
Тихо Каранфилов -

Во XVI век, високот службеник на римската црква, протосинѓелот Силвестар, на враќање од Ерусалим за Рим, поминал низ Македонија. За да се одмори малку, кратко време се задржал во Костур.

 

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Претставникот на ОН Нимиц до ММДЧП: „Неофицијално - ако бев Македонец, не би преговарал за моето име“

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, им го изјавил на претставниците на Македонското меѓунар...

Историја

News image

Македонските кнежества се издигаат како воено-политички фактор во Византија

За време на визанстискиот император Маврикиј (582 - 602) биле превземени мерки за зајакнување на поз...

Иселеници

News image

Македонските информативни гласила „Снегулка“ и „Македонија“ во Шведска (9)

Списанијата „Македонски весник" и „Снегулка" ги издаваа Ма...

Култура и туризам

News image

Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошник

Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошни работи –потсредуваше, прередуваше, п...

Фељтон

News image

Митрополитот Кирил - прв надлежен архијереј во дијаспората (10)

Кога се зборува или пишува за духовно-црковното и националното обединување на Маке...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.