Коментари
Среда, 27 Април 2011 04:44   
Неопходна ревизија на историските лаги и пропаганди

misko-taleski
Мишко Талески -

Обновувањето на македонскиот позитивистички дух, кој води во насока на себезачувување и сопствен опстој на овие простори воскресна по кој знае кој пат досега во македонското вековно патешествие.

Повеќе...
 
Среда, 27 Април 2011 04:35   
Српската денационализаторска политика во Македонија

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов -

Во Македонија до балканските војни постоеше разгранета мрежа на училишта и учителски кадар, кои беа формирани со средства на соседните држави за ширење на нивните пропагангди.

Повеќе...
 
Сабота, 23 Април 2011 01:46   
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И ЈОСИП БРОЗ

aleksandar-1_copyПишува: Тодор ПЕТРОВ

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 04:28   
Велигден

VEP_copy_copyМакедонска нација

Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник, празник над празниците. На тој ден христијанските верници го одбележуваат Христовото Воскресение, настан кој ја содржи целата суштина на христијанството и потврда на верата. Се прославува денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. „Празна ќе беше нашата вера, ако Христос не воскреснеше“ ќе рече во своите проповеди Свети Павле.

Велигден како најголем  празник, симбол на победата над смрта, денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите, се празнува уште од првиот век на нашата ера. Врз основа на Светото предание, овој празник кој е спој на верата и традицијата, се практикува уште од времето на светите апостоли, христовите ученици и нивните наследници.

Македонските православни верници со посебна радост го пречекуваат Велигден. На овој празник му претходат долгите Велики пости, кои траат седум седмици, а почнува на Велики Четврток, кога домаќинките  уште пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како што на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне, така и бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, на Христовото Воскресение.

Традицијата за вапцање на јајца има длабоки корени во историјата на светската цивилизација. Митот за создавањето на светот од јајце, а со тоа и јајцето како симбол на нов живот, се сретнува во повеќе култури на стариот свет. Оваа традиција се пренесува и во христијанството, а црквата го прифатила како симбол на Христовото воскресение. Ако јајцето значело нов живот, тогаш црвената боја била симбол на победата, симбол на божјата сила и моќ. Воедно црвената боја ја симболизира и крвта на Исус која божјиот син ја пролеал на крстатот за спасение на сите луѓе на земјата.

Марија Магдалена се смета дека била првата која го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Наскоро по Христовото вознесение, Спасовден, Марија Магдалена, го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Следејќи го нејзиниот пример првите Христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Факт е дека прославувањето на Велигден секоја година го менува датумот. Претходно Велигден се празнувал на разни датуми.  Првите правила според кои се одредува датумот кога се прославува Велигден се донесени во 325 година на Првиот Вселенски собор кој бил одржан во Никеја. На соборот кој бил свикан од страна на римскиот император Константин I, биле донесени неколку решенија. Едно од решениата кое било донесено се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето, а Александрискиот Архиепископ имал овластување секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.

Правилата според кои денес се одредува Велигден, се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила, Велигден секогаш е во недела и е по пролетната рамнодневница, во првата недела по полната месечина. Велигден не смее да се совпадне со еврејскиот празник Пасха, ниту да биде пред него. Доколку првата млада месечина по рамноденицата е пред Пасха, Велигден се одложува за првата недела по следната полна месечина, но гоколку пак во ист ден се совпаѓа со Пасха, се одлага за една недела. Разликите во сметањето кои се појавуваат со постоење на два христијански календари, Јулијански (православен) и Грегоријански (католички), обично предизвикуваат и различно празнување на овој голем христијански празник. Сепак во ваа година, исполнети се сите предуслови за заедничко славење на Велигден.

Велигден со текот на времето, станал празник кој ги сплотува луѓето од христијанска и исламска вероисповед, а црвеното јајце како знак на почит се дарува како симбол на пријателство. Славењето на Велигден и сите обичаи кои се поврзани со овој празник, всушност во себе ја носат вековната порака на синот божји, за мир и пријателство, за човекољубие и взаемно почитување, за свое осознавање и позитивно осмислување на живото

Христос Воскресе! Вистина Воскресе!
 
Среда, 20 Април 2011 04:26   
Наша Македонија, чија Македонија!?

svekrva
Свекрва -

Изминатата недела во јавноста повторно беа пласирани старо нови предлози за промена на иметото. Љубчо Георгиевски, почесен претседател ВМРО Народна партија, вклучувајќи се во предизборната кампања, им понуди на сите партии да потпишат декларација за евроатланска интеграција на Македонија, а преку која ќе ги информираат граѓаните дека од нив бараат мандат да го решат спорот со името за да влезе Македонија во Европската унија и НАТО. Истовремено Љ. Георгиевски повтори дека добро решение е промена на името на државата во Северна Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 04:20   
Европа треба да го поддржи македонството, а не да се плаши од него

misko-taleski
Мишко Талески -

Реторичката борба меѓу десницата и левицата во Македонија добиваат на интензитет. Аргументите за и против доживуваат невидена кулминација. Испреплетеноста на македонското минато, сегашност и иднина создаде дополнителен товар врз изнемоштените плеќи на народот.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 04:18   
Поуки од минатото не треба да се потценуваат, туку треба да не потсетуваат

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов -

Обидите да се избрише македонскиот јазик, како што се случи со новата резолуција Европскиот Парламент, не се од вчера, а се повторуваат во континуитет од нејзиното осамостојување во 1991 година па се до денес. Последниот обид за бришење на македонскиот јазик од личната карта на Македонија се случи во ноември 2010 година во Обединетите нации, кога по интервенција на македонските власти повторно беше вратена придавката „македонски“.

Повеќе...
 
Среда, 20 Април 2011 04:05   
Може ли татковината да не си ја сакаме

todor-petrov
Тодор Петров -

„Почитувани браќа и сестри Македонци, почитувани пратеници, како претседател на Светскиот Македонски Конгрес, кој претставува неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, заедно сме речиси дваесет години. Со едни заедно растевме, со други заедно стареевме.

Повеќе...
 
Среда, 13 Април 2011 04:22   
Перфидна игра на Европа

svekrva
Свекрва -

Во новата резолуција за напредокот на земјата, со која Европскиот парламент му препорачува на Советот на Европската Унија итно отпочнување на преговори со земјата, наместо македонски јазик се користи терминот официјален. Оваа резолуција беше прифатена со 506 гласови “за“, 44 против и исто толку воздржани.

Повеќе...
 
Среда, 13 Април 2011 04:20   
Историјата не е само минато, туку и темел на иднината

misko-taleski
Мишко Талески -

“Само неуките и неразумни луѓе можат да сметаат дека минатото е мртво и со непреоден ѕид засекогаш одвоено од сегашноста.”

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.