Коментари
Среда, 17 Август 2011 03:00   
Македонија е една неделива целина

salonika
Салоника -

,„Македонија е жив организам и секој обид да се раздробува тој организам на произволни делови давал само несреќни последици и горчливи како за самиот македонски народ, така и за сите оние што сакале да ги задоволат своите завојувачки егоистички интереси со цената на македонската несреќна судбина“ - стои во писмото на Македонскиот научен институт од Софија со кое тие во 1945 година се обраќаат до Народноослободителниот фронт на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2011 03:57   
Црвенковски нема намера да си оди од политиката

svekrva
Свекрва -

Опозицискиот лидер Бранко Црвенковски летово нема да оди на одмор. Ќе останел во родното Слатино каде ќе ги разработувал плановите како да му се спротивстави на противникот. Црвенковски во интервју дадено за „Утрински весник“ веќе најави дека ќе работи на формирање на широк опозициски фронт кој би бил подржан од партискиот,невладиниот и граѓанскиот сектор чија единствена цел би била соборување на власта на ВМРОДПМНЕ.

Ваквите најави на Црвенковски покажуваат дека тој нема намера чесно да го напушти кормилото на СДСМ, иако партијата ги загуби последните шест избори. Како што вели Црвенковски, тој останувал во партијата, не заради личните амбиции, туку за да работи за „доброто“ на народот.

Најдобар одговор, колку навистина Црвенковски се грижи за „доброто“ на народ, даде пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми. Преку Собраниската говорница, Адеми јавно изјави дека:„Социјалдемократите биле подготвени да понудат многу повеќе доколку Ахмети се согласел да прави влада со левицата“. Отука лесно може да се види дека Црвенковски бил и ќе биде спремен на секаков компромис само да ги задоволи личните амбиции и да дојде на власт, а тука нема место на изјавите од типот дека работи за доброто на народот.

Иако Црвенковски ја демантира изјавата на Адеми, народот веќе неможе да му верува. Досегашното искуство предизвикува претпазливост кај народот кога се работи за политичари од типот на Црвенковски. Народот е свесен дека таквите политичари за да дојдат на власт, доколку е потребно и со „ѓаволот тикви ќе сади“. Не така одавна имавме пример кога висок преставник на опозицијата и близок соработник на Црвенковски, се закануваше дека: „ако треба и живи луѓе ќе јадат“.

Во интервјуто дадено за „Утрински весник“, Црвенковски повторно се обидува да ги изврти фактите. Во врска со предвремените избори тој вели дека: „Во голема заблуда се сите ониешто мислат дека предвремените парламентарни избори се случија затоа што опозицијата ги бараше“. Меѓутоа, Црвенковски како да заборава дека во континуитет повеќе месеци јавно го повикуваше премиерот Груевски да излезат на предвремени избори. Црвенковски како да заборави на повеќепати јавно искажаните зборови „Ајде на избори! Ајде на избори! Ајде да излеземе на избори!

Точно е тоа дека во претходниот парламентарен состав позицијата на власт го контролирашеа псолутното мнозинство“ и тоа и овозможуваше одреден комодитет во Собранието. При таков однос на силите немаше потреба од нови избори. Но како да се заборави дека некои беа подготвени, притоа не бирајќи средства, да предизвикаат посериозни инциденти само за да се дојде до тие предвремени избори. Како да се заборавија случувањата во А1 кога опозицијата се обидуваше да го искористи настанот и да го повика народот на улица, потоа на настаните на скопското Кале, бојкотот на Собранието, непотребни и штетни внатрешни притисоци околу спорот со името и др. Сите овие инциденти можеа лесно да ескалираат и сериозно да јазагрозат безбедноста на државата.

Ако веќе се бара причината за предвремените избори, тогаш треба да се бараат тука а не како што Црвенковски тврди дека изборите биле распишани по проценката дека поддршката за власта опаѓа.

Наместо да се грижи за сопствениот комодитет, партијата на власт ги овозможи предвремените избори со што се релативизираа тензиите кои ги наметна опозицијата, а кои се закануваа да излезат од вообичаените рамки на меѓупартиски препукувања.

Лидерот на СДСМ, повторно најавува обединување на сите политички субјекти, невладини организации, здруженија на граѓани во фронт за побрза смена на власта. Тоа се, повеќе или помалку истите актери со кои Бранко настапи и во изминатиот период. Нивните активности повеќе или помалку ќе се одвиваат според веќе разоткриениот проект „Надеж“.

Сепак најавите на лидерот на опозицијата навестуваат бурна и неизвесна година. Наместо да се сконцентрираат силите на двете најголеми македонски партии за разрешување на актуелните проблеми како што се: проблемот со името, развој на економијата и намалувањена сиромаштијата, заради личните амбиции на еден човек, актуелната власт изгледа ќе мора да се справува со последиците од штетите што ќе ги предизвика опозицијата.

Наместо Црвенковски да работи за „доброто“ на народ, можеби би било многу подобро кога би работел како поранешен претседател на Република Македонија на: лобирање за Македонија, на креирање на економски амбиент во земјата, на привлекување на странски инвеститори, на формирање на фондови за развојни проекти, како и за стипендирање на кадри неопходни на државава.

 
Среда, 10 Август 2011 03:55   
Ελληνική Δημοκρατία – Дали покрај економијата ќе пропадне и митологијата

vasil-culev
Васил Чулев -

Црната дупка во економијата што се отвори на Пелопонез, се заканува да ги голтне банките, економијата, митологијата и политиката на јужниот сосед!

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2011 03:53   
Унгарскиот војвода Арпад IX век ги напаѓа Македонците

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов -

Арпад (850 – 907) бил првиот владар на Унгарците. Ја формирал династијата Арпади која владееала со Унгарија до 1301 година. Според средновековни хроники, како војвода на едно од седумте унгарски племиња,  околу 890 година бил избран за заеднички поглавар на сите племиња. Ва чело на унгарските племиња останал се до својата смрт во 907 година.

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2011 03:49   
Во Кичево се зборува многу малку албански

Alexander_the_Great
Александар Македонски -

Според декретот на Мусолини  од 17 мај 1941 година, по анексијата на Западна Македонија во јули истата година, службениците на Југославија беа повикани да се вратат на своите  работни места. Но во јавните служби им беше дозволено да работат само на Албанците, а на неалбанското население им било наредено да го изучуваат италијанскиот и албанскиот јазик.

Повеќе...
 
Среда, 10 Август 2011 03:46   
Јаков од Македонија печати книги во Венеција 1566 г.

salonika
Салоника -

Додека Јохан Гутенберг, изумителот на техниката за печатење, во својата печатница во Мајнц во 1445 година додека ја печатеше прва книга „Библијата“,  дотогаш Македонците стенкаа под тешкото турско ропство.

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2011 03:20   
Грција се соочува со сериозни проблеми

svekrva
Свекрва -

Протестите во Грција продолжуваат, иако земјата доби меѓународна помош и го избегна банкротот. Голем е бројот на оние кои не се задоволни со мерките за штедење кои ги спроведува грчката Влада. За август протести најавуваат стоматолозите и Друштвото на работници во цивилната авијација  што ќе предизвика пореметување во авиосообраќајот.

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2011 03:10   
Илинден тогаш и денес

Gordana Dimovska
Гордана Димовска -

Во чест на овој најголем верски и национален празник, ние Македонците насекаде во светот со длабока почит се присетуваме на два светли датуми од македонската историја.

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2011 03:05   
Холокауст на Македонските окупирани Tеритории

vasil-culev
Васил Чулев -

Македонците полека ама сигурно си ја враќаат колективната меморија и свест потиснувана од наметнатата историја и вековите поминати под разни окупатори.

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2011 03:02   
Легендарната борба кај Локвата и Вињари

Alexander_the_Great
Александар Македонски -

Една од најхрабрите борби која се водела во предилинденскиот период помеѓу четите на ТМОРО и османлиската војска е битката кај Локвата и Вињари. На 31 мај 1903 во близина кај село Д’мбени, Костурско, Војводите Пандо Кљашев, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков со 70 – 80 комити извршиле напад на османлиските сили.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Панихида за Тодорче Радевски во с.Велмевеци

На 21 јануар-недела во 11 часот во с. Велмевци-Кичевско, ќе се одржи панихида за Тодор Радевски позн...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.