Среда, 30 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Појавата на монаштвото во црковната историјата

Monasi11

Значењето на појавата на монаштвото вo историјата на Црквата не е помало од значењето на обраќањето во христијанство на императорот Константин.

Во епохата на Константин и во следните децении Црквата е штотуку изведена од катакомби и секој од верните се нашол во сложена ситуација. Во време на гонењата сè било јасно: постојат гонители и гонети. Сега се покажало дека вчерашните гонители стојат во храмот заедно со исповедниците на верата. Уште повеќе, решавањето на црковните прашања неретко го преземаат императорите – наследници на Константин Велики, но тие биле далеку од неговата света ревност, религиозна мудрост и такт. Аријанската ерес која била осудена од Црквата на Вселенскиот собор и, како што изгледало, била сотрена, повторно кренала глава ползувајќи ја подршката од првите лица на државата.

Разбирливо е дека кај оние што посакале да ја избегнат таа соблазна се појавила желбата да се вратат во катакомбите. Единствен начин на внатрешен протест за христијаните останувал духовниот подвиг. Историчарот вели дека тоа бил „забележителен излез”: пустините на Египет и Палестина процветале со монаштвото.

Обично почетокот на монаштвото се поврзува со името на преподобен Антониј Велики. Тој се родил во Египет, околу 250 г., во христијанско коптско семејство. По неговиот прв период кој го минува во целосно осамеништво, започнува вториот период: кај Антониј од секаде доаѓаат следбеници; тој станува нивен учител и раководител. „Тогаш – пишува Атанасиј – манастирите се граделе во горите и пустината била населена со монаси, луѓе кои се откажале од сите добра и ги запишале своите имиња во небесниот град.”

Но, својата денешна „форма” монаштвото ја добило нешто подоцна – со преподобен Пахомиј Велики. Како и преп. Антониј, и тој е роден во Египет. Преподобен Пахомиј прв го создава „општожитието” (т.е. монашката заедница) и нејзиното правило: уставот на Пахомиј е во основата на сите идни монашки устави. Под негово раководство во Тиваида е создадена своевидна монашка држава која обединувала илјадници луѓе. Него го посетил во 357-358 година св. Василиј Велики, по враќањето во Мала Азија каде што, со својот брат Григориј Нисаски и со пријателот Григориј Богослов, формирал монашко општожитие. Пред тоа ученикот на Антониј, Иларион, го пренесува монаштвото во Сирија и Палестина; во тие години монаштвото започнува да процветува и на Запад.

Но, монаштвото не само што привлекува сè поголем број луѓе во пустината, во манастир; дури и за оној што не станал монах тоа многу набргу добива сосема особено значење. Особеностите на монашкото богослужење проникнуваат во градските храмови и со своите бои го обојуваат целото богослужение на Црквата; така, нашиот богослужебен устав и до денес останува уставот на Лаврата на Св. Сава Осветен, која се наоѓа во Ерусалим. Манастирите се појавуваат во градовите: во средината на VI век, само во Константинопол имало 76 манастири. Mонасите земаат сè поактивно учество и раководни места во црковниот живот. Започнувајќи како «лаичко» движење (ни Антониј, ни Пахомиј немале ерархиски чин па дури, како што изгледа, сметале дека монаштвото е неспоиво со службата во свештените чинови, а особено – со епископството) – монаштвото постепено се претвора во официјално и притоа највисоко црковно служење, така што во доцна Византија конечно се утврдила практиката; за епископи да се посветуваат само монаси… Започнувајќи со физичко „излегување” од светот – во пустината, монаштвото се утврдува во самото срце на светот; имено, тоа сочинува еден од самите „конститутивни” признаци на христијанскиот свет, чија историја започнува со обраќањето на Константин.

А, што означува тој брз почеток, тој успех на монаштвото? Во што е причината за тоа?

Иако во основата на монаштвото, како негова мотивација, лежи откажувањето од светот, сепак треба да се знае дека тоа откажување никако не било нешто апсолутно ново во христијанската свест.

Всушност – и тоа добро го покажуваат резултатите на грижливата работи по изучување на првите споменици на монаштвото – монаштвото не е нешто друго, освен воплотување во нови услови на она исконско, евангелско разбирање на христијанството кое го определува животот на целата рана Црква. Откажувањето од светот е услов за христијанството: во светото Евангелие се вели: „Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази татка си и мајка си и жена си и децата и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик” (Лк. 14, 26). „Ако некој од вас не се одрече од сè што има, не може да биде Мој ученик” (Лк. 14, 33). Тоа откажување не е ни осудување, ни негирање на светот. Но, во Христа на луѓето им се откри славата на идното Царство и во нејзината светлина „изминува обликот на овој свет” (1.Кор.7:31). Сега сè е устремено кон таа крајна точка, но и сè со неа се мери. Меѓутоа, во „овој свет” продолжува да царува злото: тоа нè попречува во нашиот ôд кон Царството, нè одвлекува од него со илјадници соблазни, со искушенија, со илузии. Патот на христијанинот се покажува како тесен пат на борба: зарем Евангелието не говори за силата на злото, за борбата со него, за откажување заради Царството?

Монаштвото не внело ништо суштински ново во Црквата на првите векови; тоа било изразување во нова форма на онаа строга насоченост кон Царството Небесно. Од почетокот на христијанството и идеалот на девственоста и воопшто целосното откажување од едни или други добра кои, патем кажано, не се лоши самите по себе, се развивал паралелно со мачеништвото. Кога пак, прогоните престанале, монаштвото останало како продолжение на сето она што мачеништвото го подразбирало и изразувало, останало да биде „таинство на идниот век”…

Може да се постави прашањето; ако суштината на Црквата, изворот и изразот на целиот нејзин живот е единството, собранието на сите заедно кое се овенчува и оставрува во Светата Тајна на причестување на сите од едниот Леб и едната чаша – не противречи ли монашкиот идеал на осамување на тоа првичното искуство на Црквата? Но, монаштвото било реакција на опасноста од сведувањето и стеснувањето на верата на обичаите, што се засилувало во IV век. Собранието на Црквата, како што рековме, сè поочигледно станува собрание на граѓани кои само по име биле христијани. Монаштвото напомнува, дека иако во светите тајни, во благодатта што тие ја предаваат – е залогот и изворот на новиот живот, сепак, примањето на благодатта се извршува со волев подвиг на човекот, така што подвигот на Христа не ги намалува или заменува човечката слобода и човечкиот напор… Подвизувајќи се во осаменост, монасите во Господовиот ден, во Неделата, слегуваат за Евхаристијата, за литургиското собирање. Но, во својот поединечен подвиг тие ја разоткриваат целосната мерка на одговорноста што ја има христијанинот со неговото учествување во Светата Тајна. Монасите покажуваат, какви апсолутни побарувања постаставува Светата Тајна од оној кого таа го осветува.

Борбата со ѓаволот кого Евангелието го нарекува „кнез на овој свет,” изградувањето во себе нов човек – според Христовиот образец, како последна цел – „обожението,” т.е. општењето со Бога, созерцавањето на неговата светлина, стекнувањето на „мирот и радоста во Светиот Дух,” како што уште св. ап. Павле го определил Божјото Царство – ете тоа е идеалот на монаштвото и неговото искуство кое е запечатено во огромната монашка писменост. Тоа искуство ќе биде опишувано сè поточно,како „уметност на духовниот живот” во текот на вековите ќе биде разработено до најситни подробности. И во споредба со тоа искуство, со длабочината на неговото согледување на човекот, на неговото познавање на човекот, научната психологија често се покажува несериозна и беззначајна. Треба јасно да се каже дека, до денес монаштвото ни го покажува единствениот, со искуство проверен и со безброј примери потврден – практички „успех” на христијанството. Тоа, секако, не значи дека монаштвото теоретски не ја исклучува можноста за други успеси, не ги одрекува другите патишта: но, во монаштвото е покажан несомнениот успех на еден пат… Во текот на вековите над целиот христијански свет се возвишувал и светел ликот на преподобниот монах. Во тој лик – измиен со солзите на покајанието, безброј поколенија христијани гледале несомнен доказ за реалноста на новото небо и новата земја и за незгасливиот копнеж по нив.

Значењето на појавувањето на монаштвото вo историјата на Црквата не е помало од значењето на обраќањето во христијанство на императорот Константин.

Во епохата на Константин и во следните децении Црквата е штотуку изведена од катакомби и секој од верните се нашол во сложена ситуација. Во време на гонењата сè било јасно: постојат гонители и гонети. Сега се покажало дека вчерашните гонители стојат во храмот заедно со исповедниците на верата. Уште повеќе, решавањето на црковните прашања неретко го преземаат императорите – наследници на Константин Велики, но тие биле далеку од неговата света ревност, религиозна мудрост и такт. Аријанската ерес која била осудена од Црквата на Вселенскиот собор и, како што изгледало, била сотрена, повторно кренала глава ползувајќи ја подршката од првите лица на државата.

Разбирливо е дека кај оние што посакале да ја избегнат таа соблазна се појавила желбата да се вратат во катакомбите. Единствен начин на внатрешен протест за христијаните останувал духовниот подвиг. Историчарот вели дека тоа бил „забележителен излез”: пустините на Египет и Палестина процветале со монаштвото.

Обично почетокот на монаштвото се поврзува со името на преподобен Антониј Велики. Тој се родил во Египет, околу 250 г., во христијанско коптско семејство. По неговиот прв период кој го минува во целосно осамеништво, започнува вториот период: кај Антониј од секаде доаѓаат следбеници; тој станува нивен учител и раководител. „Тогаш – пишува Атанасиј – манастирите се граделе во горите и пустината била населена си монаси, луѓе кои се откажале од сите добра и ги запишале своите имиња во небесниот град.”

Но, својата денешна „форма” монаштвото ја добило нешто подоцна – со преподобен Пахомиј Велики. Како и преп. Антониј, и тој е роден во Египет. Преподобен Пахомиј прв го создава „општожитието” (т.е. монашката заедница) и нејзиното правило: уставот на Пахомиј е во основата на сите идни монашки устави. Под негово раководство во Тиваида е создадена своевидна монашка држава која обединувала илјадници луѓе. Него го посетил во 357-358 година св. Василиј Велики, по враќањето во Мала Азија каде што, со својот брат Григориј Нисаски и со пријателот Григориј Богослов, формирал монашко општожитие. Пред тоа ученикот на Антониј, Иларион, го пренесува монаштвото во Сирија и Палестина; во тие години монаштвото започнува да процветува и на Запад.

Но, монаштвото не само што привлекува сè поголем број луѓе во пустината, во манастир; дури и за оној што не станал монах тоа многу набргу добива сосема особено значење. Особеностите на монашкото богослужење проникнуваат во градските храмови и со своите бои го обојуваат целото богослужение на Црквата; така, нашиот богослужебен устав и до денес останува уставот на Лаврата на Св. Сава Осветен, која се наоѓа во Ерусалим. Манастирите се појавуваат во градовите: во средината на VI век, само во Константинопол имало 76 манастири. Mонасите земаат сè поактивно учество и раководни места во црковниот живот. Започнувајќи како «лаичко» движење (ни Антониј, ни Пахомиј немале ерархиски чин па дури, како што изгледа, сметале дека монаштвото е неспоиво со службата во свештените чинови, а особено – со епископството) – монаштвото постепено се претвора во официјално и притоа највисоко црковно служење, така што во доцна Византија конечно се утврдила практиката; за епископи да се посветуваат само монаси… Започнувајќи со физичко „излегување” од светот – во пустината, монаштвото се утврдува во самото срце на светот; имено, тоа сочинува еден од самите „конститутивни” признаци на христијанскиот свет, чија историја започнува со обраќањето на Константин.

А, што означува тој брз почеток, тој успех на монаштвото? Во што е причината за тоа?

Иако во основата на монаштвото, како негова мотивација, лежи откажувањето од светот, сепак треба да се знае дека тоа откажување никако не било нешто апсолутно ново во христијанската свест.

Всушност – и тоа добро го покажуваат резултатите на грижливата работи по изучување на првите споменици на монаштвото – монаштвото не е нешто друго, освен воплотување во нови услови на она исконско, евангелско разбирање на христијанството кое го определува животот на целата рана Црква. Откажувањето од светот е услов за христијанството: во светото Евангелие се вели: „Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази татка си и мајка си и жена си и децата и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик” (Лк. 14, 26). „Ако некој од вас не се одрече од сè што има, не може да биде Мој ученик” (Лк. 14, 33). Тоа откажување не е ни осудување, ни негирање на светот. Но, во Христа на луѓето им се откри славата на идното Царство и во нејзината светлина „изминува обликот на овој свет” (1.Кор.7:31). Сега сè е устремено кон таа крајна точка, но и сè со неа се мери. Меѓутоа, во „овој свет” продолжува да царува злото: тоа нè попречува во нашиот ôд кон Царството, нè одвлекува од него со илјадници соблазни, со искушенија, со илузии. Патот на христијанинот се покажува како тесен пат на борба: зарем Евангелието не говори за силата на злото, за борбата со него, за откажување заради Царството?

Монаштвото не внело ништо суштински ново во Црквата на првите векови; тоа било изразување во нова форма на онаа строга насоченост кон Царството Небесно. Од почетокот на христијанството и идеалот на девственоста и воопшто целосното откажување од едни или други добра кои, патем кажано, не се лоши самите по себе, се развивал паралелно со мачеништвото. Кога пак, прогоните престанале, монаштвото останало како продолжение на сето она што мачеништвото го подразбирало и изразувало, останало да биде „таинство на идниот век”…

Може да се постави прашањето; ако суштината на Црквата, изворот и изразот на целиот нејзин живот е единството, собранието на сите заедно кое се овенчува и оставрува во Светата Тајна на причестување на сите од едниот Леб и едната чаша – не противречи ли монашкиот идеал на осамување на тоа првичното искуство на Црквата? Но, монаштвото било реакција на опасноста од сведувањето и стеснувањето на верата на обичаите, што се засилувало во IV век. Собранието на Црквата, како што рековме, сè поочигледно станува собрание на граѓани кои само по име биле христијани. Монаштвото напомнува, дека иако во светите тајни, во благодатта што тие ја предаваат – е залогот и изворот на новиот живот, сепак, примањето на благодатта се извршува со волев подвиг на човекот, така што подвигот на Христа не ги намалува или заменува човечката слобода и човечкиот напор… Подвизувајќи се во осаменост, монасите во Господовиот ден, во Неделата, слегуваат за Евхаристијата, за литургиското собирање. Но, во својот поединечен подвиг тие ја разоткриваат целосната мерка на одговорноста што ја има христијанинот со неговото учествување во Светата Тајна. Монасите покажуваат, какви апсолутни побарувања постаставува Светата Тајна од оној кого таа го осветува.

Борбата со ѓаволот кого Евангелието го нарекува „кнез на овој свет,” изградувањето во себе нов човек – според Христовиот образец, како последна цел – „обожението,” т.е. општењето со Бога, созерцавањето на неговата светлина, стекнувањето на „мирот и радоста во Светиот Дух,” како што уште св. ап. Павле го определил Божјото Царство – ете тоа е идеалот на монаштвото и неговото искуство кое е запечатено во огромната монашка писменост. Тоа искуство ќе биде опишувано сè поточно,како „уметност на духовниот живот” во текот на вековите ќе биде разработено до најситни подробности. И во споредба со тоа искуство, со длабочината на неговото согледување на човекот, на неговото познавање на човекот, научната психологија често се покажува несериозна и беззначајна. Треба јасно да се каже дека, до денес монаштвото ни го покажува единствениот, со искуство проверен и со безброј примери потврден – практички „успех” на христијанството. Тоа, секако, не значи дека монаштвото теоретски не ја исклучува можноста за други успеси, не ги одрекува другите патишта: но, во монаштвото е покажан несомнениот успех на еден пат… Во текот на вековите над целиот христијански свет се возвишувал и светел ликот на преподобниот монах. Во тој лик – измиен со солзите на покајанието, безброј поколенија христијани гледале несомнен доказ за реалноста на новото небо и новата земја и за незгасливиот копнеж по нив.

Извор: Свиток

 

На прво место

News image

Виктор Грозданов: Царот е гол!

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенс...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.