Недела, 24 Јануари 2010    Печати
Вечер со музиката на Македонскиот Квартет ”Мјузик прогресив“ во Чешкиот културен центар во Софија, Р. Бугарија

Концерт „Мјузик Прогресив квартет“ во Софија, Р.Бугарија на  26.01.2010 година од 19.00 часот.

kvartet„Мјузик прогресив квартет“ чии членови се Владимир Лазаревски на  обоа, англиски рог и ерменски дудук, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко Виденовиќ на  виола, аражман и композитор и Паскал Краповски  на виолончело и презентер ќе го имаат својот настап на (26.01.2010), во 19 и 00 часот, во Чешкиот културен центар“, во Софија. На програмата се наоѓаат композиции од репертоарот на квартетот инспирирани  од македонскиот музички фолклор.  Настапот го организира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.


Music Progressive Quartet е македонски камерен музички ансамбл во кои членуваат  Владимир Лазаревски на обоа, англиски рог и ерменски дудук, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко Виденовиќ на виола композитор и аражман, и Паскал Краповски на виолончело.

Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари беше да донесат освежување на македонската музичка сцена како и да воведат нов звук на светскиот музички пазар преку комбинирањето нa македонскиот фолклор со примеси на џез и сето тоа отсвирено на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.

„Мјузик Прогресив квартет“ реализираше голем број концерти во Македонија и  странство. Свои забележителни настапи, квартетот имаше на американскиот континент, како и во Европа.  Својот пробив на меѓународната сцена го направија  во  март, 2008 година, во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД, каде што Мјузик Прогресив квартет ја престави успешно македонската музика и култура, за што и сведочат многубројните критики по концертот. Во мај 2009 година, квартетот имаше одличен настап во преполната сала во комплексот на храмот „Христос Спасителот“ во Москва, по повод меѓународната манифестација „Денови на словенската писменост и култура“. Истовремено, овој настап беше искористен и за светска промоција на нивниот прв носач на звук „STREAM“,  кој беше пуштен во употреба. По Москва, следуваше и успешниот настап во Виена, каде што „Мјузик прогресив квартет“ настапи во познатиот џез клуб „Порги и Бес“. Концертот во Софија, ќе биде искористен за промоција на албумот „Стрим“, како и промоција на нови композици кои ќе се најдат на нивниот следен носач на звук во 2010 година.

Специјален гостин на концертот во Софија, ќе биде вокалот Македонка Цветкова Виденовиќ, а на концертот ќе настапи и гостинот од Бугарија Димитар Каранфилов на контрабас.

Мјузик Прогресив Квартет.