Вторник, 09 Февруари 2010    PDF Печати Е-пошта
Пренос на моштите на св. Јован Златоуст
Свети Јован Златоуст
Денес посредно се спомнува еден од најголемите беседници на Христовата Црква, свети Јован, наречен Златоуст, во врска со пренесувањето на неговите мошти од Комана (местото каде се упокои) во Цариград (неговата епископска катедра од која беше протеран). Тоа стана 30-тина години по неговата смрт, во 438 година.

Свети Јован ЗлатоустСвети Јован Златоуст бил Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта филозофија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители.

По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест.

„Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот.

Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.
Сеноќно бдение
Сеноќно бдение

Свети Јован Златоуст за покајанието

Никој да не паѓа во очајание и да не го пренабрегува своето спасение!

Нека се обрати кон Лекарот, Кој со едно посакување може да не’ излекува, зашто Он е семоќен. Погледни, како го излекувал матеја и како го исцелил Павлета! Едниот од нив е цариник, а другиот хулител: грабителот на туѓото не останал грабач, туку станал Евангелист; и хулителот на Христа не останал хулител, туку станал Апостол! Јас, најпрво говорам за нивните пороци, а потоа за нивните добродетели, за да се види силата на покајанието и никогаш да не се очајува за спасението. Нашите учители најпрво биле познати по своите гревови, а потоа се прославиле со праведноста. Цариник и богохулник - тоа се највисоки степени во нечестието. Какво занимање е цариник - несправедливост преку законот, дрско насилие над потребата и ополномоштени грабање. Законите се лекари за граѓаните, но овде се покажуваат како мачители, зашто не ја лекуваат раната, туку ја зголемуваат. Но и покрај сето тоа, цариникот наеднаш станал Евангелист. Како и на кој начин? Евангелието одговара: „Кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи на царината, и му рече: ’Врви по Мене’. И тој стана и тргна по Него“. (Матеј, 9,9). О, колку голема сила има Словото! Ја фрлил мрежата, заробеникот постанал војник, тиата постанала злато, од длабочината на нечистието цариникот се искачил до највисоката добродетел, откако станал и тргнал по Христа.

Возљубени, никој да не очајува за своето спасение!

Порокот не е во нашата природа, ние сме создадени со разумна волја и слобода. Ти си како цариникот - можеш да станеш Евангелист. Ти си како богохулникот - можеш да станеш Апостол. Ти си како разбојникот - можеш да го придобиеш Рајот. Ти си како мудрецот - можеш да Му се поклониш на Христа. Не постои порок или грев кој што не може да се искупи преку покајание, затоа и Христос ни ги посочува најголемите степени на нечестието, за да не може никој, на било кој начин да се извини. Не вели ми: „Што да правам, загинувам?“ Не ми кажувај: „Јас згрешив, што да сторам?“ Ти имаш Лекар, Кој стои над болеста; ти имаш Лекар, Кој ја победува силата на болеста; ти имаш Лекар, Кој лекува со еден замав, Кој исцелува со едно посакување; ти имаш Лекар Кој може и сака да лекува! Ако Он те создал од небитие и ти дал живот, тогаш колку повеќе може да те поправи и исцели, кога суштествуваш и си повреден. Ти не можеш да кажеш на кој начин си создаден, како што не можеш да објасниш на кој начин се очистуваат гревовите. Ако огнот, кој падне меѓу трње, изгорува и уништува се’, тогаш колку повеќе е возможно за волјата Божја да ги исчисти и да ги искорени нашите прегреженија, правејќи и од греникот свет човек?! Не прашувај како тоа станува, не испитувај како тоа се извршува, но верувај во чудо! Ќе речеш: „... и многу големи се моите гревови - но кој е без грев?!“ Признај дека си згрешил, и тоа ќе ти послужи на почетокот за поправање. Дојди на себеси, покај се и пролеј созли! Нема друг начин по кој постапила блудницата: преку покајание и солзи таа се доближила до изворот на спасението.

Химнографија

Тропар

глас осми
Од твојата уста како светлина од оган кога засвети благодатта/
целата вселена ја просвети:/ за светот стекна ризници на несреброљубие,/
ни ја покажа височината на смиреномудрието,/
но, со твоите зборови поучувајќи, отче Јоване Златоуст,//
моли го Словото - Христос Бог, да ги спаси нашите души.

Кондак

глас шести
Од Небесата прими Божествена благодат/ и со твојата уста сите ги учиш/
да се поклонуваат на Едниот Бог во Троица,/ Јоване Златоуст, себлажен преподобен,/
достојно те фалиме :/ зашто си наставник,// кој Божествени јавуваш.

Свети апостол Павле и свети Јован Златоуст

Свети апостол Павле и свети Јован ЗлатоустСвети Јован Златоуст е особено ценет за неговите објаснувања на Светото Писмо.Тој напишал толкувања на посланијата на свети Павле, кого особено го почитувал. За да се осигура дека неговите толкувања на посланијата се точни, го молел Бога да му даде знак.

Во истото време,некој благородник се побунил против императорот Аркадиј. Царот, пак, му го одзел сиот имот и му се заканил дека ќе го погуби.Благородникот решил да побара помош од свети Јован. Кога пристигнал во Патријаршијта, свети Златоуст не можел да го прими веднаш,туку му рекол да дојде вечерта.Свети Јован му рекол на својот помошник Прокло (кој го наследил Златоуст на патријаршискиот трон), да го донесе благородникот во неговата соба кога ќе пристигне. Таа вечер , благородникот се вратил и Прокло пошол да го извести патријархот. При влегувањето го видел свети Јован како пишува, а наклонет кон него, стоел некој проќелав човек. Прокло се вратил кај благородникот и му рекол дека патријархот е зафатен. Прокло неколку пати оделдо собата на свети Јован, но човекот се уште бил внатре. Така благородникот чекал цела вечер да го види свети Јован. Дошло утро, и свети Јован се подготвувал да служи утрена, не знаејќи дека благородникот го чекал цела ноќ, ниту за она што го видел Прокло.

Тоа утро благордникот пак дошол во Патријаршијата. Прокло отишол да го повика Патријархот, но повторно го видел истиот човек кого Јован многу внимателно го слушал. Прокло се зачудил како влегува тој човек, бидејќи сите посетители оделе прво кај него.Кога благородникот дошол по четврти пат Прокло, го уверувал дека Патријархот може да го прими, но кога Прокло отишол кај Патријархот, видел дека истиот човек е се уште таму.

Третиот ден. Светителот се сетил на благородникот и прашал за него. Прокло одговорил дека благородникот доаѓал неколку пати, но секогаш Патријархот разговарал со еден ист човек. Јован прашал кој е тој човек, а Прокло одговорил дека личи на апостолот Павле чијашто икона била во собата на Патријархот. Свети Јован се зарадувал, бидејќи, тоа бил знакот кој го побарал од Бога. Така Свети Јован ја напишал книгата Четиринаесетте посланија, која ги содржи неговите толкувања.
По средбата со благородникот свети Јован се застапил за него кај царот и му го повратил имотот.
Нетлената глава на Свети Јован Златоуст (+404 г.), која се чува во ман. Ватопед
Нетлената глава на Свети Јован Златоуст (+404 г.), која се чува во ман. Ватопед
 
Сподели ја веста на Facebook

На прво место

News image

Грчки литерарни сведоштва за Македонците и македонскиот јазик

До 1930 година било сосема прифатливо за Грците да го нарекуваат јазикот, говорен во Македонија как...

Историја

News image

Црквата во Македонија во времето на Самоиловото царство и во средновековниот период

Факт е дека свети Климент Охридскиот чудотворец е основоположник на идната самостојна Охридска архи...

Иселеници

News image

Почина голем пријател на македонците во Австралија

На 64 години изненадно почина Сем Пиантадоси, познат полит...

Туризам

News image

Музеите и културниот туризам во Македонија - голем потенцијал за економски раст

Секоја држава најдобро се промовира преку презентација на нејзиното културно наследство, бидејќи то...

Фељтон

News image

Македонија од 1912 до 1941 година (втор дел)

Пострашни од физичкото насилство биле психичкиот терор и уништувањето на македонска...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.