Среда, 08 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ТЕРМОМИНЕРАЛНИ ВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

banja-bansko

На територијата на Република Македонија регистрирани се повеќе од 25 извори со термоминерални и геотермални води со температура поголема од 21 0C, со проценета сумарна издашност преко 500,0 l/s, од кои позначајни се:

Локалитет „с. Банско“-Струмица

Термоминералната вода во с. Банско е од дупнатината е со капацитет 55,0 (l/s) и температура на водата од 70 0С, доделена под концесија на “Оранжерии“ АД Хамзали, а водата  се користи за загревање за оранжериско производство и балнеологија.

Према хемискиот состав термалнте води од Банско, припаѓаат во групата на натриум сулфатен тип со вкупна минерализација од 1157 mg/l., а додека премапрогнозите на кварцниот и Na-K геотермометри во длабина се очекуват поголеми температури на термоминералните води и тоа од 90-120 0C

Термоминералната вода се јавува во карпите со пукнатинска порозност во гранити, кој воглавном се алтерисани и скоро поминати во гранито гнајсеви.       

Локалитет „с. Дрвош–с. Балдовци“-Струмица

Со истражувања т.е. преку истражни дупнатини добиена е термоминерална вода со температура од 29 °C и издашност од 5 l/s. Просторот е слободен и потенцијален за понатамошни истражувања.

Локалитет „с. Раклиш – Радовиш

Изведена е една дупонатина до длабина од 101 m., а која се одликува со издашност од 2,0-3,0 l/s и температура на водата од 27 0C.  Изданот е од палеозојски мермери, а чие распространување се проценува на површина од околу 5 км2 со дебелина од околу 50 m. Прихранувањето е од атмосферските врнежи преку изданоците на испуканите палеозоиски мермери во непосредната околина на хидрогеотермалната појава.

Према хемискиот состав водата од ова наоѓалиште Mg-HCO3 тип, а длабината на резервоарот е околу 500 м. Према анализите на хемиските геотермометри прогнозната температура во резервоарот би била во границите од 50-80  0C. 

Локалитет „Стрновец“ – Старо Нагоричане

 Дупнатината е со капацитет 14,4 l/s (самоизлив) и температура на водата од 38,6 0С. 

Го зафаќа нај северозападниот дел на Кратовско - Злетовската вулканска област по долината на реката Пчиња и непосредната поширока околина на Старо Негоричани, а изградено е од палеозојски мермери.

Наоѓалиштето се одликува со површина од околу 10 км2, и дебелина околу 300 м. Во рамките ова наоѓалиште во фазата на неговото истражување од порано изведен e 1 пробно експлоатационен бунар ПЕБ - 1 со длабина од 172 м.

Овој локалитет нее доделен под концесија.

Локалитет „Здравевци – Кратово

Доделен под концесија на “Магрони“ ДОО Скопје, а додека водата се флашира “Добра Вода“.

Се наоѓа во централниот дел на Кратовско-Злетовската вулканска област, зафаќајки ги терените западно од Кратово во сливот на реката Повишница, во пределот на некогашниот Пиролевси кратер.

Резервоар на термални води се мермерите и карбонатните шкрилци со палеозојска старост, а додека резервоарот од еоценските варовници се прогнозира на длабочина помала од 2000 м.

Ттермоминералните води се зафатени преку неколку истражни дупнатини по долината на река Повишница во атарот на с. Здравевци со вкупна издашност од 20 l/s., со температури 20-50 0C. Хемизмот на водите укажува на карбонатен колектор.

Хранењето на термоминерални води е од атмосферските врнежи, кое се врши преку изданоците на порозни карпи и преку раседните зони во Кратовско-Злетовската вулканска област.     

Локалитет „с. Бање – с. Долни Подлог“ – Кочани

Доделен под концесија на КЈП “ВОДОВОД“–Кочани. Експлоатационите дупнатини се со капацитет од околу 350 l/s, со температура на водата од 73-80 0С, а додека водата се користи за загревање на објекти и за оранжериско производство.

Во рамките на овој локалитет изведени се повеќе истражно експлоатациони дупнатини.

Резервоарот на геотермалните наоѓалишта с. Бања – с. Подлог се палеозојски шкрилци и мермери.

Прихранувањето на водите е од атмосферските врнежи, а се одвива  преку отворените и испуканите отворени делови – зони на мермерите и шкрилците на Плачковица кај с. Подлог – с. Бања и гнајсевите и микашистите во источниот раб на котлината кај с. Истибања.

Овој локалитет према количините и квалитетот на водата има голем потенцијал за развој на СПА-туризмот.

Локалитет „с. Истибања“ - Виница

Доделен е под концесија на “ЗИК Брегалница“ – Виница. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 60 l/s и температура на водата од 65-70 0С, а додека водата се користи за загревање за оранжериско производство. Резервоарот на геотермалнoто  наоѓалиште се гнајсеви и гранити.

Локалитет Гевгелиска котлина

Ова наоѓалиштеповршински е празно преку природните извори со термална вода во близината на с. Горничет и истражно-експлоатационите дупнатини и бунари во Негорска бања и локалитетот Смоквица.

Прихранувањето на геотермалните води е од атмосферските врнежи преку раседните зони во јурските вулкански карпи, дијабази, спилити и изданоците на тријаските варовници на планината Кожуф и палеозојските мермери по работ на Валандовската котлина северно од Валандово и Богданци.

Во рамките на овие наоѓалишта према досегашниот степен на сознанија нее потврдена хидраулички врски меѓу хидрогеолошките појави во Смоквица и Негорска Бања.

“Смоквица“–Гевгелија, е доделен под концесија на “Ледра Агро“ ДОО Гевгелија. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 120,0 (l/s) и температура на водата од 55 - 65 0С, а додека водата се користи за загревање за оранжериско производство.

“Негорска Бања“, с Негорци – Гевгелија, е доделен под концесија на АД “Негорски Бањи“–Гевгелија. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 50,0 (l/s) и температура на водата од 43-48 0С, а додека водата се користи за балнеологија.

За прогноза на температурите во хидрогеотермалните наоѓалишта во Гевгелиска котлина употребени се четири хемиски анализи, една од Смоквица, две од Негорска Бања и една од Горничет.

Според хемискиот состав на водите од Негорска Бања и Смоквица на основа на пресметаните геотермометри треба да се очекуваат температури од 75-100 0C во хидрогеотермалниот резервоар.

Литолошкиот состав на резервоарот го сочинуваат диабази и спилити, кој се наоѓа на длабина од 1500 m., а по хемискиот состав овие води припаѓаат во групата Na-Cl.

Локалитет Топли Дол и Топлик“- Кавадарци  

Примарниот резервоар на овој систем го сочинуваат тријаските доломити и доломитизирани варовници во пределот на Топлик во непосредна околина на рудникот Ржаново.

Прихранувањето на ова наоѓалиште е од атмосферските врнежи, при што зона на хранење се изданоците на колекторските карпи на површината на теренот и локалните површински токови на река Топлик, Мајденска река и Топли Дол. 

Хоризонталното распространување на колекторските карпи во Топлик се проценува на околу 10 km2, дебелината околу 500 m, а во Топли Дол распространувањето изнесува 5 km2 со дебелина од 250 m. 

Водата по својот хемиски состав генерално е Са-НСО3 тип.

Хемиските геотермометри укажуваат на интензивно мешање на термалните води со ладните природни извори и не можат да бидат употребени за прогнозирање на резервоарските температури.

ЛокалитетТоплец– Дојран

Се наоѓа во непосредна близина на Дојран, се дренира од природниот извор Топлец и неколкуте хидрогеолошки истражни дупнатини изработени како и експлотациониот бунар Дерибаш кај Стар Дојран. 

Резервоарот е изграден од палеозојски мермери кои во вид на тесна зона се јавуваат помеѓу палеозојските шкрилци.

Мермерите се протегаат во правец СЗ-ЈИ со пад од 70° према Дојранското Езеро. Таквата положба му овозможува да има во својата повлата и подина хидрогеолошки изолатори од палеозојски шкрилци-аргилошисти и филити. Прогнозното пространство кој го зафаќа хидрогеотермалниот систем, Топлец - Дојран е околу 15 km2 со просечна дебелина од 300 m и вкупна прогнозна зафатнина од 200 km3 и прогнозни температури од околу 40 0C.

Локалитет „Кежовица – Лџи“ - Штип

Доделен е под концесија на Еко Оаза – Штип. Дупнатината Д-1 која која е во експлоатација е со капацитет 1,3 l/s и температура на водата од  58 0С,, а се користи за потребите Бањата во Штип како и за Заводот за физикална терапија. Во тек се активности на регулирање на дозволата за експлоатација,

Се наоѓа во непосредна околина на бањата Кежовица кај Ново Село - штипско. Резервоарот е изграден од јурски испукани гранити, каде голем дел од овие гранити се покриени со терциерни седименти на Овчеполскиот и Лакавичкиот басен.

Прихранувањето на водите се врши преку гранитите јужно од Штип. Хемизмот на водата укажува и на делумно прихранување од флишните седименти на Овче Поле. Според типот ова наоѓалиште припаѓа на полуотворените.

Према хемизмот водата e Na-Cl тип, а пресметаните геотермометри укажуваат дека прогнозната температура во резервоарот би била од 100-115 0C. Овој локалитет е доделен под концесија.

Локалитет „Сабота вода – Велес

Резервоарот е изграден од палеозојски мермери, карбонатни шкрилци и гнајсеви, каде длабината негова се проценува до 1000 m. Према хемискиот состав водите од овој систем се Na-HCO3 тип. На основ согледувањата прогните температури во примарниот колектор се очекуват температури од 90-120 0C.

Дренирањето се врши преку една истражна дупнатина со капацитет 3,5–4,0 l/s, а додека прихранувањето преку изданоците на мермери застапени на површината на теренот на работ на Овчеполскиот басен. 

Распространувањето на резервоарот се проценува на околу 3km2 а дебелината изнесува до 200 m.

Овој локалитет нее доделен под концесија.

Локалитет Скопската котлина

Позначајни наоѓалиштаво овој басен се:

  •   Локалитет “Бањски Рид“, Катланово–Петровец, доделен под концесија на “Катлановска Бања“- Петровец. Експлоатационата дупнатина е со капацитет 6,0–8,0 l/s и температура на водата од 56 0С, а додека водата се користи за балнеологија и
  •   Локалитет „Волково“–Скопје, кладе со истражно дупчење добиена е термоминерална вода богата со гас СО2  со количина од околу 20 l/s и температура од 25 0C.
  •   “Косоврасти“ е доделен под концесија на “Дебарски Бањи“ АД – Дебар. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 68,8 l/s и температура на водата од 48 0С, а додека водата се користи за балнеологија. и
  •   “Бањиште“ исто така доделен под концесија на “Дебарски Бањи“ АД – Дебар. Експлоатационите дупнатини се со капацитет 100,0 l/s со температура на водата од 38,6 0С, а додека водата се користи исто така за балнеологија.

Прихранувањето на водите е од врнежите, а се врши преку отворените делови на водопропусните карпи и зоните на контактите распространети по работ на котлината (перидотити, кредни варовници, палеозојски шкрилци со прослојци и слоеви од мермери во северниот дел, тријаски мермеризирани варовници во северозападниот дел, прекамбриски мермери во западниот и југоисточниот дел на котлината.

Дренирањето на геотермалните води е преку каптирани и некаптира извори и преку истражни и експлоатациони дупнатини.

Локалитет „Проевци“ (Кумановска Бања) - Куманово

Овој локалитет едоделен под концесија на Премиум Минерали - Куманово, во тек се активности на регулирање на дозволата за експлоатација,

Изградено е од палеозојски мермери кои во непосредната околина на бањата имаат мало распространување во план и профил.

Распространувањето на палеозојските мермери како колекторска средина се проценува на околу 10 km2 со дебелина од 300 m. 

Прихранувањето на ова наоѓалиште е од атмосферските врнежи кое се одвива преку отворените и испуканите зони – делови на карбонатните флишни творевини, како и по зоните на јурските варовници во непосредната околина.

Водата од ова наоѓалиште се дренира преку истражно експлоатациона дупнатина која е со капацитет од 3,0 l/s.

Длабината на хидрогеотермалниот колектор се проценува на околу 1,5 km. Према хемисиот состав водата е Ca-Na-HCO3 тип. Според хемиските геотермометри прогнозните температури на колекторот во ова наоѓалиште се проценети на температура од околу 100 0C.  

Локалитет „Баниче - р. Пена“ – Тетовско

Се наоѓа во долината на река Пена во непосредна близина на Тетово измеѓу селата Шипковица и Селце во зоната на раседот кој ја сече големата тектонска дислокација во регионот на Полошка котлина. Во овој тектонски јазол се јавува термоминерален извор со температура од 27-30 оC со  издашност од околу 10l/s.  Геолошката градба на оваа современа хидрогеотермална појава е представена со палеозојски кварц-серицитски и епидот-актинолитски шкрилци, мермери и мермеризирани варовници.

Според типот геотермалната вода од оваа наоѓалиште с. Баниче - Тетовско спаѓа во групата на карстно-пукнатинските системи, чиј резервоар е изграден од мермери и мермеризирани варовници кои се мошне добро карстифицирани со изразена кавернозна и пукнатинска порозност.  

Дренирањето на геотермалната вода е преку неколку термални - минерални извори со различна температура по течението на река Пена помеѓу селата Шипковица, Селце и некогашната Тетовска Бања. По должината на главната Полошка дислокација се појавуваат на многу локалитети минерални и термални извори со променливи температури од 15-22 оC. Такви термоминерални извори се регистрирани во селата Палчиште, Велика Речица, Непроштено, Лешок и др. Хранењето на резервоарот се одвива преку палеозојските и тријаските мермери и мермеризирани варовници распространети по падините на Шар Планина во локалитетите на Јелак, Студена Река, Шипковица, Јеловјане и др.

Према хемиски состав термалните води се калциско-магнезиско – натриско - хидрокарбонатни Ca-Mg-(Na+K)-HCO3 тип со вкупна минерализација М = 3,3 g/l.

Локалитет „с. Бањиште и с Косоврасти“ – Дебар

Двата локалитети познати се како Дебарска и Косоврашка бања. Истите се доделени под концесии. Геолошката градба на теренот во кој се јавува хидрогеотермалниот систем го претставуваат креднотријаските флишни седиментни карпи (плочасти и банковити варовници и мермери), аргилошисти, лапорци, песочници, конгломерати, гипс, глинци) како и палеозојски кварцни шкрилци и мермеризирани варовници. Од магматските карпи во поширокиот регион застапени се кварцпорфирити, габродијабази и габроперидотити.

Во тектонски поглед геотермалните наоѓалишта припаѓаат на Дебарската тектонска зона (зона Краста - Цукали), со изразени  раседни структури како што се Дебарскиот, Косоврашкиот и Бањичкиот расед.

Дебарските геотермални наоѓалишта според типот припаѓаат на карстно пукнатинските системи во терени со блоковска структура. Колектор на системот се палеозојските мермеризирани варовници во подлабоките делови од хидрогеотермалниот систем и тријаско кредните плочасти и рудисни варовници во повисоките хоризонти на системот. Подината на резервоарот е изградена од палеозојски шкрилци како водонепропусна средина, а додека повлатниот изолатор го сочинуваат флишните седиментни карпи преставени од аргилошисти, глинци, лапорци и песочници.

Прихранувањето на овие наоѓалишта е од атмосферските врнежи, а како зона на хранење се раседните структури во кредно - еоценската флишна серија се и големите распространети површински изданоци на палеозојските и тријаските варовници и мермери од планинските масиви на Кораб и Дешат на Север и ограноците на планината Стогово и Караорман на Југоисток. Хидрохемиската интерпретација на резултатите од хемиските анализи на термалните води од Дебарската и Косоврашката бања покажуваат дека се работи за Cа-Mg-SO4-HCO3 тип на вода  со вкупна минерализација преку 3 g/l. Оваквиот хемиски состав на термални води укажува дека тие поминуваат преку карбонатна средина, а зголеменото присуство на Мг дека се задржуваат во серпентински средини кои се присутни во пошироката околина на Дебарскиот хидрогеотермален систем. Распространувањето на хидрогеотермалниот резервоар во овие наоѓалишта кај Дебар се проценува на околу 250 km2 со просечна  дебелина од околу 1000 m, во кои влегуваат и флишните карбонатни седименти кои го изградуваат горниот повисок дел од резервоарскиот колектор. Пресметаните геотермометри покажуваат прогнозна температура во колекторот од 60-80 0C.

 

На прво место

News image

Национална ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“

ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“ Ние како како крајно десничарско движење „НАЦИОНАЛНА ...

Историја

News image

Скриениот Попис: сите тетовски жртви 1941-1945

За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви на...

Иселеници

News image

Гласила на Македонската обединета општина на Западна Австралија (21)

Гласилото „Наш  свет“ започна да се печати во септе...

Култура и туризам

News image

Мистериите на планината Кожуф

Планината Кожуф е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Ко...

Фељтон

News image

1100 – Годишнината од смртта на свети Кирил Солунски (869-1969) (15)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.