Среда, 15 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Големиот комита со турски офицери

Гордана Димовска- Австралија

goce-delcevКога Гоце Делчев еднаш одел по организациона  работа низ Леринско, зад него се движела голема потера од турски аскер. Гоце Делчев отседнал во куќата на селскиот раководител. По извесно време во селото пристигнала турската потера и оној што ги распоредувал Турците по куќите, во куќата каде што бил сместен Гоце Делчев сместил и двајца турски офицери. Тие не знаеле дека таму се наоѓа и Гоце Делчев. Делчев од тоа ни најмалку не се уплашил. Тој пројавил таква смелост и влегол во собата каде што биле сместени Турците. Тој знаел убаво турски. Водел со нив долг разговор за немирната положба на турската власт од комитите. Тие биле искрени со него и му објасниле дека го ловат најголемиот комита Гоце Делчев. Гоце се оплакувал дека не му одела трговската работа поради насилствата што ги прават комитите. Кога осамнало, Делчев мирно си го продолжил патот по леринските села.

Легенда ЗА ПИРИН ПЛАНИНА

Еден цар сакал да знае колку езера и извори има на Пирин планина и му ветил награда на тој кој ќе ги изброи, а згора на тоа и ќерска си за жена. Многумина оделе, а малкумина се враќале живи, зашто ноќно време доаѓале јуди и ги убивале. Затоа никој не се нафаќал да ги изброи. Најпосле се нафатиле двајца браќа близнаци да појдат и да ги избројат. Тие стигнале на Пирин Планина и вечерта кога сакале да поспијат, помалиот брат му рекол на поголемиот:

- Бате, да си легнеме така што нозете да ни се поклопат, та да бидеме како еден човек со две глави.

Штом си легнале, поголемиот брат од замор од долгиот пат заспал, ама помалиот брат сон не го фаќал и не можел да спие. На полноќ двете јуди кога виделе човек со две глави, едната и рекла на другата:- Сестро жими триста шеесет и шесте води на Пирин, ако сум видела досега човек со две глави.

А другата рекла:

- Триста и шеесет и шесте езера ги оставам, ако не ги откинам и двете глави со еден замав.

- Јас го знам тоа сестро, одговорила првата, ама со него и деветмина браќа.Ајде побрзо да си одиме и до утре да помислиме. Помалиот брат го рабудил поголемиот и му рекол:

Бате станувај, јас ги избројав водите на Пирин Планина. Потоа отишле кај царот , му кажале за бројот и помалиот брат се оженил со царската ќерка.

 

На прво место

News image

Национална ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“

ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“ Ние како како крајно десничарско движење „НАЦИОНАЛНА ...

Историја

News image

Скриениот Попис: сите тетовски жртви 1941-1945

За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви на...

Иселеници

News image

Гласила на Македонската обединета општина на Западна Австралија (21)

Гласилото „Наш  свет“ започна да се печати во септе...

Култура и туризам

News image

Мистериите на планината Кожуф

Планината Кожуф е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Ко...

Фељтон

News image

1100 – Годишнината од смртта на свети Кирил Солунски (869-1969) (15)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.