Среда, 05 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
БЛАГУЊО ДЕЈЧЕ ПОЖАРАНЧЕ

Дека љубовта преставува најчеста инспирација за пеење,  говори и текстот на надалеку познатата староградска народна песна   „Благуњо дејче мори-Пожаранче“. 

Песната која е создадена  во 19 век и е опејувана со голем жар низ вековите,  се пее и  ден денес , и тоа не само овде во село Пожаране, туку и нашироко: таму каде што за прв пат е испеана- во Тетово, Македонија, сите држави на поранешна Југославија како и помеѓу нашите исселеници ширум целиот свет.

Бидејќи сум роден пожаранчанец и еден дел од мојот живот го поминав таму,  сеуште свежи ми се спомените од минатото каде свадбените и  други свечености и прослави во селото едноставно не можеја да  се замислат и оддржат без да биде запеана и убавата народна  песна „Благуњо дејче мори Пожаранче“. 
Мошне често во разговорите помеѓу пожаранци оваа песна со право се прикажуваше и како  химна на селото.

Зошто  токму  на оваа песна и се придаваше и сеуште се придава  големо значение во ова село?- е често поставуваното прашање.

Во недостаток на пишани историски записи, одговорот на ова прашање треба да се побара во самиот текст на песната – беше коментарот на мојот соговорник, добар познавач на приликите во ова село. „Во песната се споменува нашето село, а и убавата девојка Благуња, која се опејува во песната е Пожаранка. Горди сме на Благуња –Пожаранката, бидејќи песната за неа ќе го понесе и името на  село Пожаране  ширум целиот свет“- ќе заврши со својот коментар мојот соговорник.

blaguna-pozaranka 
БЛАГУЊА  ПОЖАРАНКАТА

Пожаранци се горди што за нивна сожителка била испеана антологиска песна, преку која селото ќе се споменува и никогаш нема да се заборави и да исчезне од колективната меморија“-ќе напише во свој текст  новинарот К.Кипроски..

Која била, од каде потекнувала, кога и каде се родила и  живеела, каде заминала и престојувала, која била причината за нејзиното опејување во песната и слично,  се само дел од мноштвото прашања сврзани токму на оваа тема , за оваа антологиска  песна и за самата мома Благуња..

Благуња била една од многуте убави пожарански девојки.  Родена е  на 11. април 1889 година во село Пожаране, во семејството Ѓолови, како ќерка на Никола ( нејзиниот дом се наоѓал во Бучковци Маало на ова село).     Подоцна од непознати причини, како што впрочем направиле и повеќе пожарански фамилии и семејства, заминува во Тетово кај свои роднини ( се прикажува дека била посвоена од роднини), каде ќе остане се до крајот на својот живот.

За време на нејзиниот престој и живеење во Тетово, во неја страсно ќе се влуби тетовчанецот Аце Абаџијата, но судбината така ќе се поигра со нив што убавата Благуња наместо за него, на 18 годишна возраст ќе биде омажена  за 9 години постариот од неа Диме Бошњак –исто така тетовчанец.. Тогаш , во времето на припремите за нејзината мажачка, некаде далечната 1907 година, ќе биде создадена и за прв пат од тетовци опена старогардска народна песна „Бгагуњо дејче мори Пожаранче“ која исцело ќе биде посветена на убавата мома Благуња и неостварената љубовна желаба кон неа на тетовчанецот Ацо Абаџијата.

Смртта ќе ја затече на ден 26. март 1956 година во Тетово, кога и ќе биде погребана на градски гробишта, каде што до ден денес постои надгробна плоча како нем сведок за нејзиното постоење, лик и дело.

blaguna-pozaranka-2
БЛАГУЊА ПОЖАРАНКАТА (втора од десно)

Она што посебно би сакал да го потенцирам и подвлечам во овој мој блог, е неспорниот и општопознат историски факт дека Благуња одсекогаш била и засекогаш  ќе остане дејче Пожаранче. Токму затоа нејзиното место и припаѓа исклучиво во ПОЖАРАНСКАТА ИСТОРИЈА, исто како што на Трпана-опеана низ песните на тетовчани,  на која местото и е во нејзината тетовска историјата. 

Ако некој, сепак  се обиде да го докаже спротивното, само ќе го  оспори и возобличи постоењето на убавата Благуња како и вистинитоста на текстот од песната во која е таа опеана.

Текстот на песната „Благуњо дејче мори Пожаранче“

Благуно дејче мори пожаранче

Благуно дејче мори пожаранче
отвори ми џам 'ли пенџер,
сакам да те видам јас.

Деј гиди Аце море аџамија,
како да ти јас отворам,
кога не те сакам јас?

Благуно дејче мори пожаранче,
ја подај ми руси коси,
сакам да ги мрсам јас.

Деј гиди Аце море аџамија,
што да давам руси коси,
кога не те сакам јас?

Благуно дејче мори пожаранче,
ќе продадам сарај куќа,
само да те земам јас.

Се надевам дека во иднина меѓу Пожарнаци, денот 11 април ќе се слави и како ден на Благуња –Пожаранката, но и како ден на убавите пожарански девојчиња и моми.   А зошто  да не .....?

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.