Среда, 12 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Велики Четврток

veliki-cetvrtok-veligden

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва.

Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледаа како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставуваше гостинската соба. Во една таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадеше последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечера Тој ја препаша ризата Своја и им ги изми нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг. (Јован 15,17)

Тоа од Него избрано проштално јадење беше всушност, пасхалната вечера, која беше спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење - односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа беше само праслика, знаци и симболи кои укажуваат на грешност и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето - Господ Исус Христос.

На Тајната вечера, Христос Се прикажува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така нареди лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, a со тоа и Евхаристија, ги поврзува сите христијани во едно - Нов Завет во Негова крв. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои поверуваа во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.

По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот претходоно договорен со старешините, ги доведува да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име беше Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра, велејќи му: „Сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат“.

Велики Четврток е ден кога се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени.

Првото бојадисано јајце треба да е во црвено - се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв. Со него, додека уште не е скршено најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да не штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех.

jajca

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.