Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Трите века (6)

savo-kostadinovski
САВО КОСТАДИНОВСКИ

На таквите ретки седенки муабетите долго траеја, а се развија и приказните за попот и за измеќарот. Се однесуваа на попчето од струшките села и на момокот од тетовските села. Но попот имаше широка душа и разбирање за шегите, оти не беше женет, зашто јунакот во тие приказни беше попадијата.

Но во Детроит сите печалбари беа самци, оти така доаѓаа. Немаше ниеден Македонец со жена и челад. Но по две години откако дојдоа Костадин и неговите другари се случи и првата женачка на Македонец во Детроит. Се ожени едно момче од Костурско, зашто од властите не смеело да се врати назад с# додека не му го заборават ликот, а за тоа треба многу време, па нему многу време или сето време во животот не му се седеше без жена. Се запознал со една тукашна, со тукашен јазик, велеа дека некоја година е постара од него, прилично сиромашна, но за него беше добра лика и прилика за да оформи семејно огниште. Таа за него беше шанса да ги напушти рударските бараки, а дури направија веселба за најблиските, што сепак не беше свадба, туку само една посвечена и повесела седенка. Момчето ги покани другарите од своите краишта како најблиски, а меѓу нив беше и Костадин.

- Доживеавме овде да видиме и наша свадба – рече вечерта Костадин, кој сепак вечерта ја чувствуваше како свадбена зашто беше поканет да дојде со гајдата.

Таа вечер гајдата на Костадина испушташе повесели звуци, но за чудо на нашите луѓе беше надуена уште една гајда. Не беше таа, како на Костадина, но доволно добра за една добра веселба. Таа беше ирска гајда, како што слушнаа подоцна оти родителите на невестата биле дојдени од Ирска.

- Човеков сега ќе има повеќе сведни, прокоментира еден од другарите на младоженецот. Ќе може да ги слави и македонските и ирските сведни.

Но не испадна токму така. Како семеен човек с# поретко доаѓаше во рударските бараки, с# поретко присуствуваше на сведенските вечери, с# поретко имаше време за дружење со своите земјаци.

- Сега како да сум заминат уште подалеку од Македонија – им рече една вечер на своите другари.

А сите беа премногу далеку од своите.

Во мислата им беше далечината.

Не можеа ни да си замислат колку далеку се заминати на печалба.

- Не е ова печалба во блиските земји, па назима да си дојдеш дома – рече една вечер Костадин во разговор со другарите, кои најчесто се собираа во нивната соба во бараката. – Одовде човек не може ни абер да прати до своите по нашинец. Ние сме отидени најдалеку што може да се отиде и ретко наши луѓе одат таму и ретко доаѓаат. Ако некој отиде дотаму, ќе стигне далеку од твоето село - и Македонијата не е мала.

- Затоа, војводо, постои пошта и ако испратиш писмо да знаеш, ќе стигне до твоите, оти пошта оди од Детроит до Солун, а оттаму низ Македонија. И неа ја носат бродови и луѓе, патува многу време, ама да знаеш дека ќе стигне. Ќе платиш и ќе пратиш писмо.

Беше поминато многу време откако се во Детроит и овој предлог на пријателот од Солун му се виде интересен на Костадина.

- Арно велиш, а Господ ми дал ука колку да напишам книга до дома. Не ојф џабе една зима во манастирот кај Старо Село. Спечалив барем за еден абер после три години. Белки ќе стигне дури до Ботуше.

По некоја вечер откако се снабди со хартија и молив, почна да ја пишува книгата до своите. А, тие, пак, ќе се снајдат некако, ќе им ја прочита некој. Го пишуваше до жена си Евдокија. Го остави за следната вечер да допише уште нешто.

„...Кога чув дека одовдека може да се испрати абер на книга, сакам да ви порачам дека сум арен и со здравје и со работа и да не ми берете гајле. Стигнав во едно големо место што го викаат Детроит и овде копам јаглен в земја и се печали по нешто. Овдека за ништо не оскудеваме, имаме што ни треба за живејачка. Заедно сме со Рајко и Станко и Стојче од Растеш има и друзина од нашите села и од други краишта. Овдека животот е подруг, дење ноќе саде ме пече душава за дома, ама ќе поседа уште некоја година за да се вратам со поќе спечалено. Мислата ми е саде за вас, сакам да знам колкај се дечињата, како сте со здравјето, дали расне јаболкничето што го насадив во дворот пред да тргнам на печалба, го насадив да си спомнуете на мене, Јанко го остајв на три месеци, спомнуј му го моето име, тој не ме памти оти беше в пелени, па да ми го знае барем името… Кога последен пат го опулев селото на одење на каршија од Илино изгледаше како да потонало саде во зелено и бело, ама родот знае да се расипе овојките беа расцутени, дали има род да ја истерате зимата оти таа знает да биди сурова во Ботуше, да не може надвор да се излезе. Овде има толку богати и убави рабоќе, ама умот ми е саде таму, си велам како таму нигде не е, дома е дома, најубоо е…“

По писмото Костадин уште повеќе мислеше за дома.

Уште повеќе му беше јасно дека Америка засекогаш е туѓа земја.

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.