Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Потеклото на манастирот Св. Јован

Manastir Sv

Немајет многу писмени трагови нити пак некакви преданија ни за старосва, ни за потеклово на овја манастир. Ако се судит по иконана Св. Јованова тога је од прва половина на 10-ти век и овеја је многу за верување. Зашчо во тије времиња паѓат и работањето на учениците Св. Ќирилови и Методијови, тога скоро било и Самуилово македонско царство, а тога Византија ја имат створено и славна Охридска ариепископија, која трајала околу 800 години. А во тије времиња требет, или нешчо понапред, и народов мијачки да је доселен и заселен.

Во народов се споменат некаков Јован и некаков Владимир, нечији књазови, али нишчо одредено не се знојет. Белки би требало по овја траг да се дирит. Али немат никаков изглед да је овја манастир нечија задужбина, зашчо је створен пред да се појавит овамо Немањиќи и зашчо немајет остатоци од некоја стара црква. Се шо је – народов сам го имат подигнато.

По кажување манастирот Свети Јован Бигорски бил созидан негде близу до Охрид околу 1020 година. Овај датум го носит и иконава Св. Јованова. Манастиров се требет да је преселен овде коде шо го гледаме денеска.

Некоји верувајет да је иконава сама дојдена отоде, а други пак ушче поцврсто верувајет да ја имат донесено отаде некој Јован (или Иван) еден од 70-те ученици Св. Климентови и Наумови и да тој сам бил од село Битуше. Иконава ја оставил на овеја место и тује отпочнал зиздање. Овеја друго тврдење је повише за верување.

За црквицана мала шо је созиздана во крастана (стена) постојит натпис 1867 година. Инаку, иконата шо је внотра сосе је пропадната. Останата је само гнила шчица и нишчо друго. Может во оваја црквица да је чувана и главнава икона дур не је созиздан првијот некогашен храм. Инаку, во оваја црквица се пристапуват со многу поголема побожност и со голема чест.

Преданије кажуват, и овеје је многу за верување: да је малава икона во малава црквица дојдена од Ростуше, кога је црквата ростушка претворена во жамија, а иконава је спасена и закријена и попосле донесена во оваја црквица Оваја икона је Успеније. А и црквата или манастирот стар во Ростуше бил Богородичино Успеније.

Постојит некакво преданије дека во Ростуше постојала некаква црква или манастир Успеније со големи конаци од 70 одаји. Вистина је дека таков храм постојал и дека је после претворен во жамија, а од лани на истото место имаме црква. Али при копањето не се најдени никакви темели шо би покажувале да постојало нешчо друго и големо. Белки би требело да се копат поглобоко и понаоколу. Предањето кажуват да се спушчил и улизнал некаков брег и да ја затрупал зградата. Может, се может. Толку повеќе шо је местоно брежно. Покрај овеја, требет да се имат на ум и да је Ростуше едно од најстарите села и да со Битуше заземат најубав положај. Ако се додајет на овеја и верување да посотојал и некој Јован од Битуше, еден од 70-те ученици Климентови и Наумови, тога многу се засилуват и верувањето да постојал некаков манастир. По исламизирањето на Ростуше, судбината му се знојет. Во потврда на овеја идет и преданије народно за попот ростушки шо се исламизирал прв и кому му ’и турил черевата војвода Мијо на место Туричерева, близу до Лазарополе.

За мене шо не су никаков ни археолог, ни византолог, ни иконограф, а зноејќи коде је Охрид, а коде је манастирот Бигор, зноејќи и шо бил тога Охрид во време на Св. Климента и во време на Самоилово царство нишчо повеќе не ми требет за да заверува да је овеја и овакво потеклово за нашијов прастар и знаменит Св. Јован. Зар не је доста и самијон датум и самијон живопис на иконана? Кој је тој лудак шо ќа помислит на неков фалсификат? А побожноста наша зар и таја не је друг доказ и за староста и за знаменитоста на оваја обител?

Шо је поприродно отколи да је иконава Св. Јованова, за да се спасит, пренесена од Охрид коде нас, кога знојеме али тога биле и лути борби меѓу византискиот цар Василија ИИ и Јована Владислава, наследникот Самуилов?

А другијов Јован, зашчо да не могол да бидет еден од стотници ученици Св. Климентови?

Две опасности имат преживеано манастирот Св. Јован Бигорски

Имат преданије во народов да манастирот Св. Јован преживел две опасности: една да бидет уништен, а друга да бидет претворен во турско теќе. Која била понапред и кога, не се зноет убаво, нити се знојет како и со чија заслуга је останат. За спасувањето да не бидет претворен во теќе, по народно кажување, заслуга имат некој виден човек и чорбажија од село Стрезимир во Горна Река, кој бил фурнажија во Стамбол и имал пријателство со мајка му султан-Азизова.

Кога виделе нашиве првенци шо наумил некој силник и паша деборски, се собрале во Галичник ожалостени, загрижени и уплашени да сакајет некоје чаре и се сетиле преку тој стрезимирец да се поплачет цару.

Шо намислиле, теја и направиле и го известиле.

Он се ујадил многу и неколку време прекинал да ја посетуват старава султанија. Повикан од неја, овја је се извинил и је кажал и објаснил себапот (причина) и со с’лзи ја замолил да го замолит сина си Азиса да ја спречит оваја нестреќа. Султан Азис ја уважил молбава мајкина му, али плашејќи се од побуна и лоши последици, ако употребит сила, употребил лукавство и му пратил еден пакет ѓоа неков дар, а во него бил некаков експлозив и во отворувањето силников погинал.

Таке велит преданијево народно, и ја во него верува. Пак исто, али мрва поинакво, преданије велит:

Пред 550 години на овја манастир нападнал некој бег од Дебор, кому не се знојет името, со нијет да го претворит во теќе или да го запалит. Дошол на манастир, али преданијето велит да му се случила една нестреќа. Имено, по дојдувањето негово у манастиров и кога се готвел да го сторит теја шо намислил, му дојдуват еден суварија (жандарм на коњ) пратен од Друз (Драч) и му дават на бегов една запечатена кутија ѓоа некаков дар за бегов. Кога ја отворил кутијава, таја пукнала и бегот погинал. Лешот негов со многу салтанатлак пренесен је во Дебор и закопан, а манастиров спасен. Оваја опасност требет да била многу поскорашна, околу пред 150 години, а првата за унишчувањето требет да била понапред, за време кога је вршено исламизирањето на сине села по Радика.

Меѓу исламизираниве наши останата је оваја негова смрт да се прикажуват и да ’и опоменуват и плашит, бидејеќи да је постреде казна Божја, зашчќо бегот сакал да разрушит ваков храм Божји.

Нека је фала чест и и слава на сите дедовци и предедовци шо ја крепеле,  чувале и дочувале оваја Св. Обител, со која можеме со бел образ да излеземе пред секого. И вистина, Св. Јован Бигорски је еден од најстарите и најзнаменити манастири народски, пред сиве задужбиње немањиќски, подигнат и зачуван од едно мало и чисто славјанско племе Мијаци.

Од книгата: „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски,  Скопје 2004.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.