Среда, 26 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

ПОВОД: ЗОРАН ГУЛАБОСКИ

zoran-gulabovski-1

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родниот град пред 25 години. После подолг „одмор“ повторно се врати на сцена во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Првенствено во драмата „Куферот“ и сега во најновата драма „Неочекувана забава“. Покрај театарската, љубовта на Зоран се пренесува и на филмската уметност и повеќе пати се има појавено во филмски продукции. Поведовме разговор со Зоран да „откриеме“ што се крие зад Зоран кој инаку е доста скромен но и талентиран.

zoran-gulabovski-2

. За прв пат се јавивте на сцена во 1995 год. и ја толкувавте главната улога на Прличев во драмата „Григро Прличев“.

Тоа ми беше прва улога во Македонскиот театар од Илавара и бев изненаден што токму мене ми се додели, немав искуство, а многу малку го зборував македонскиот литературен јазик. Тоа беше голем предизвик за мене бидејќи толкував историска личност. Драмата ја режираше Зоран Лозевски. Тука и ми се врежа љубовта во театарот и филмот. И пред тоа имав некои мали улоги како статист во повеќе филмови и ТВ шоа. Во тој период немав учено глума за да работам во тоа поле. Се запознав со Зоран кога тој ја режираше драмат „Доброволни затвори“ и јас му помогнував зад сцената. После неколку месеци тој бараше глумец да ја игра главната улога на Григор Прличев. Јас се пријавив и отидов на аудиција. Требаше да знам да читам и зборувам литературно македонски, јас знаев, ама зборував „домашен“ македонски. Ми помогна и тоа што малку личев на Григор Прличев. Улогата беше тешка но предизвикувачка за мене и со помош на Зоран успеавме успешно да ја поставиме на сцена. Тоа беше успех не само за мене туку и за Македонскиот театар од Илавара. Во истиот театар имав придружна улога (Томче) во драмата „Чорбаџи Теодор“ режирана од Миле Грбчевски.

. Од сцената се префливте на големото платно – игравте во неколку филмови

Да имав мали улоги во краткометражни филмови. Пред да настапам во филмови учев глума повеќе години во The Actors Centre во Сиднеј и две години посетував курс за глумење во филм во Fox Studios во Сиднеј. Чувствував дека тоа ми е потребно пред да прејдам на остварување на моите сонови. Потоа почнав да одам на аудиција за улоги во краткометражни филмови и досега имам работено во 15 краткометражни филмови во кои имам играно различни улоги. Исто така бев продуцент на краткометражниот филм As long as you look good.

Некои од кракометражните филмовите во кои имам играно се: Suspicious – во улогата на Peter (Rookie Detective); Witchery – Steve; No Turning Back – Ted (Small arms dealer); Blind Date – (Disgruntled Husband); Gassasins – An Enforcer, a Science Fiction Pilot; Toothpick & Bullet  - Nice Guy Gary; Where U Bin – Osama Bin Laden (had to learn Urdu for the role); How I Woke Up Dead – Investigator; Looking For Father – Angelo (One of the brothers)

. Но пак се вративте на сцена

По преселувањето во Сиднеј имав долгорочна пауза. Неколку пати ми беше понудено да се вратам на сцена во продукциите на АМТС но поради презафатеност се вратив кога ми беше понудена една мала но значајна улога во „Куферот“. Го толкував ликот на Гарет, зависник на дрога. Секако со тоа добив и други понуди. Сега го толкувам ликот на Луи во драмата на Стефо Нанцу „Неочекувана забава“. Иако не го имав прочитано текстот, на Стефо му реков дека ќе ја играм која и да е улога што тој ја напишал за мене и испадна дека го сакам карактерот што ми го понуди и за пораката што сака да ја долови преку тој карактер. Исто со ова ми се даде можност да работам повторно со Стефо кој секогаш успева да го извлече најквалитетното и најдоброто од секој глумец. Тој е голема инспирација за мене, има многу искуство и среќен сум што секогаш учам од него. Исто така се чувствувам горд што со Стефо играме во една од сцените во оваа драма.

. Кој е Луи како карактер

Луи е татко на три деца. Не е во работен однос и неговата улога на родител и сопруг малку е изгубена. Неговата разочараност доведува до напнатост и конфликт во односот со неговата сопруга и децата. Преку овој карактер ја гледаме „другата страна на љубовта“ во односот на Луи и неговото семејство, посебно со неговата сопруга Мариа. Тој дојде до еден степен во животот каде почна да се запрашува за неговата „погодност“ како сопруг и како родител. Тој поминува низ „средно-годишен кризен период“ и тоа може да биде ужасно за животот на неговото семејство.

. Какви се вашите планови во полето на филмот и театарот

Се надевам во иднина соработката со АМТС да се зголемува. Јас гледам огромна можност да ги подобрам моите актерски вештини како и македонскиот јазик. Постојано сум во барање на нови улоги, одам на аудиции и барам работа во таа индустрија. Неодамна заврши снимањето на еден краткометражен филм каде што имав улога и кој што набргу ќе се прикаже. Секогаш се дружам со луѓе од таа индустрија и верувам дека еден ден ќе успеам да добијам и главна улога.

*****

Премиерата на драмата „Неочекувана забава“ е во петок, 28 април со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдаел.

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.