Среда, 10 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Секој сам си ја бараше среќата или судбината, или пак судбината него ќе го најдеше

SavoKostadinovski
САВО КОСТАДИНОВСКИ

Ситемина што дојдоа во истовреме да работат во рудникот не останаа докрај заедно. Некои најдоа друга работа, некои си фатија свои патишта – секој сам си ја бараше среќата или судбината, или пак судбината него ќе го најдеше.

Блаже Лажот не издржа ни една година во тоа друштво. Го завлече една Шпанка, црна како Циганка, танчерка беше. Играла по американските меани. Една вечер Блаже Лажот ја гледал како потскокнува на убавите ритми и како вешто се врти. – Истата вечер и паметот му го сврте. Толку го зашемети што ни работа му се гледаше и наместо да отиде на работа, едно утро заминал со неа.

– Блаже Лажот ли да го излаже таа Циганка – велеше Петре Бакалот.

Нему, пак, Блаже Лажот му велел, вистина било, не лажел велел, оти таа била не жив ѓавол, ами запален ѓавол. Ноќе душата му ја вадела, па затоа наутро не можел да оди на работа. Човекот наутро немал душа. Колку што била вешта во играњето, велел, уште толку била повешта в кревет. Такви работи му покажала и му правела како што дотогаш не чул, а не да пробал.

– Ни отиде јабана Блажето Лажето – ќе речеше Перо од Ваташа за него, како што понекогаш го викаше.

И сите години потоа потајно очекуваа да се појави Блаже Лажот или да чујат нешто за него.

Ни глас, ни трага.

Ни вистина, ни лага.

Никој не дозна ни каде го завлече Шпанката, ни до каде го одвлече, а некои се сомневаа дека и натаму го влечка. Оти тие беа толку слични колку што беа денот и ноќта.

– Поречанец – шпански зет!? – ќе речеше пак со чудење Перо Бакалот.

На Блаже Лажот веќе не му се виде никаква трага, можеби и блажен му е животот, со убавата Шпанка, ама Трајко Прилепчанчето си стави трајна трага. Крст на себе. Му го оставија другарите. Тие му беа најблиските што го погребаа откако го извадија од под еден одрон во рудникот по два дена откако беше затрупан. Го откопаа од дупката во која самиот копаше и го закопаа во дупката што му ја ископаа детроитските гробари. Тој прв ја заврши печалбата од која спечали само дрвен крст, каков што добиваа сиромашните.

Сиромав дојде во Америка, сиромав си умре, а парите што беше ги скрпил и што беше ги испратил до мајка си, жената и дечињата во Прилеп, никогаш не стигнаа. Им стигна само лошиот абер од Америка.

7.

Од печалба Костадин се врати десет години постар, со побелена коса и со неколку долари. И тие неколку долари му останаа неразменети, во чекмеџето на черен.

Америка – горка чемер чемерика.

Десет години – десет тешки планини на плеќите.

Печалбата не ја мереше со долари. Ја мереше со годините минати во туѓина.

За доаѓањето на Новата 1900 година во Детроит беше организирана голема улична прослава. За доаѓањето на новиот век. И Костадин и неговите другари се прашуваа зошто луѓето се веселат, зошто ги слават годините што минале. За нив тие беа тешки години, и оние минати во Македонија, и оние десет во Америка. Беа и мачни и мрачни.

Последните месеци пред да ја напуштат Америка им беа најдолги. Тогаш с# почесто доаѓаа луѓе од Македонија, со намера да спечалат нешто, а некои и од мака избегани. Нивното доаѓање и средбите со нив с# повеќе им скориваа копнежи во душата за својот крај. А, новодојденците, пак, не носеа добри абери. Велеа дека таму не се арни работите. Има многу зулуми.

„Таму не е арно, ама е дома. Овде е арно, ама за овдешните“, си мислеше Костадин.

Имаше по нешто или по многу што не е арно ваму или таму, па сепак разделбата на групата на Костадина која се враќаше и нивните другари и познаници, кои остануваа и со кои со години делеа и арно и лошо, беше трогателна. Како да се разделуваат браќа. И таа разделба, како и разделбата при заминувањето од родното огниште, им донесе мачнина, ама многу потешка на оние што остануваа. Тогаш носталгијата најсилно им се вовлекуваше во душите.

По десет години повторно на брод.

Повторно истиот пат, само во обратен правец. Уште потешко патување. Деновите, им беа долги колку годините минати во Америка.

Најпријатните чувства Костадин ги доживеа кога бродот се одлепи од пристаништето, кога почна да се оддалечува од американската земја.

Кога ги дофатија бескрајните сини пространства каде што немаше многу разлика меѓу небото и водата, Костадина и другарите повторно беа обземени од тивката тага, меланхолијата и измешаното чувство на исчекување, возбуденост и нестрпливост.

Се враќа Костадин дома, ама на неговото лице немаше многу радост. Замислен и молчалив во бродот. Како и пред десет години, а како да беше лани. Тогаш првпат беше на брод, само што тогаш бродот го носеше далеку од најблиските и од Македонија, а сега го враќа.

Печалбарите си одат дома, ама не се многу муабетчии. Сепак, толку долг пат не се минува само во молчење и исчекување. Многу од патниците беа нашинци, со нашински јазик, и во најголем број беа луѓе кои решиле да ја прекинат печалбата и да се вратат кај своите. Кога ќе седнаа да одмолчат или да поразговараат, друштвото околу Костадина беше поголемо отколку пред влегувањето во бродот – на бродот лесно се зближуваа зашто има заеднички нешта: со иста намера се на ист брод и со исти мисли и копнежи. По меѓусебната доверба стекната со дружењето, разговорите во последните неколку дена беа поживи и поотворени. Разговараа и на теми на кои разговараат само добри познаници: печалбата, родните краишта, ослободување од маките од туѓата власт...

– Вечно ли ќе им бидеме слуги на Турците?! – категорично констатираше Костадин, а ваквите зборови звучеа како охрабрување и патриотска порака за печалбарите кои веќе не беа печалбари и им се враќаа на роднините и на татковината.

– Ти си човек со питома и благородна душа, патриот и идеалист, а на нашата земја & требаат патриоти и јунаци – му рече соговорникот од беломорските краишта, кој откако ја спечали довербата кај новите познаници, и откако дозна зошто Костадина го именуваат со Војводата, без да се воздржува многу кажа дека пред неколку години побегнал во Америка, зашто веќе имал на душа неколкумина непријатели на народот и дека сега се враќа за да продолжи каде што застанал, оти веќе има организација за ослободување за којашто слушна дури во Америка.

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНИ СЕ Е 31 И 32 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 31 и 32 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ...

Историја

News image

Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 183...

Иселеници

News image

Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој...

Култура и туризам

News image

Вознесение на Александар Македонски на небо!

Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква - ста...

Фељтон

News image

Иван Трпоски – познат македонски поет и новинар (7)

Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе деце...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.