Среда, 21 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Саво Костадиновски

SavoKostadinovski

– Ова е нешто друго, Евдокијо! Јанко не оди преку мориња – рече Костадин.

– Не оди преку мориња, ама ќе оди преку неколку планини и реки. Вие кога бевте на пазар до Солун, две недели одевте натаму и наваму. Не е тоа малку.

– Малку е малку, Евдокијо! Јас кога одев во Америка, немаше крај на патувањето, деновите не се броеја. А Солун? Што е Солун за Америка? Качи се на Солунска Глава – Солун ќе го видиш! Од Солунска Глава ги гледаш и Солун и Ботуше. Америка не можеш да ја видиш од ниедна планина. Тоа ти е џенем зад џенемот. Јанко ќе оди во наши краишта кај што се збори наш јазик и кај што понекогаш одат луѓе од нашиве села. Можеш да сториш абер по некого, да чуеш како му е таму, да чуе за нас. Нема да му биде тешко да се снајде со работа и со преноќиште, оти ќе го пратам кај филан и филан луѓе – знам јас луѓе чорбаџии што се родени во Прилеп, а сега се преселени таму. Тие се ербап луѓе, со години со товарени маски одев кај нив на дуќн во Прилеп, по убаво се знаеме и нема да го остават Јанко без да му помогнат. Нека помине зимава и нека му е среќен патот што ќе го фати. До пролет можеби ќе заврши и оваа војна, па и за него ќе биде поарно...

– Да даде Господ побрзо да заврши – се уфрли Евдокија.

– Дај Боже, да заврши, оти вакви војни за никого не се на арно! Цел свет како да се кренал на оружје. Ваква војна ниту имало, а богами ниту ќе има. Во вакви времиња, не можеме многу – многу да одиме по пазарите во Гостивар или во Прилеп. Не може човек нешто да продаде и да купи оти патиштата не се сигурни. Саде војски среќаваш, саде пукање од некаде се слуша. Џабе дрвјата раѓаат емиш, кога не можеме да го носиме на пазар. И сирењето ќе ни остане непродадено, а не се истерува годината без сол, шеќер и газија. Без сол ни сирење нема да направиме... А налет тоа, па и мене ме навјасаа годините… Ај, тие не се многу, ако бев арен со здравјето. Дванаеста година помина, ама мене ранава не ми поминует. Ееех..., налет да беше и раната, само Васил да не паднеше во крушовските кории... – со воздишка, повеќе како за себе, рече Костадин и направи мала пауза, зашто с# уште го болеше загубата на најстариот син и таа рана му беше многу потешка од незалечената рана на левата рака.

– Како што гледате – рече потоа – јас не можам многу да помагам, па синови мои, сами помагајте си. Ти, Јанко, ако одиш на печалба сам ќе одиш, во Солун сам ќе бидеш и сам ќе се снаоѓаш и ќе си помагаш, а дома ќе останат Аврам и Мојсо, тие ќе можат сами да ја работат сермијата. И дечињата веќе им се пораснати за да бидат одмена. Само... ти, Јанко синко… ќе мора сам да одиш во Солун, јас не можам да те ставам со пријателите што се таму, оти здравјето не ми е као што ми беше. За тебе Солун ич не е далеку, ама за мене е премногу далеку. Еве... само што фати зимава, мене уште повеќе ме фати ранава и не попушта.

Што од раната на раката, што од раната на душата, таа зима Костадин повеќе беше во постела отколку на нозе. Тоа траеше цела зима, а зимата беше долга и сурова. И дури откако пукна пролетта, Јанко своето патување за Солун го одлагаше со недели поради лошото здравје на татка си. „Татко има две, рани, си мислеше Јанко, ама можеби го боледува и своето печалбарење. Не му треба сега и моето заминување на печалба. Не дошол ножот до коска...“

Но откако пролетта веќе беше заседната по ботушките градини и падини и откако веќе беше навлегла и во душата на Костадина, Јанко тргна по патот на татка си, зашто само така ќе дознаеше колку е мачен и неизвесен тој пат.

Есента истата година, која беше трета есен откако започна најголемата војна дотогаш, по неколкумесечен гурбет, Јанко се врати во Ботуше. Таму зимата порано доаѓа, но Јанко стигна пред неа, кога веќе беа завршени сите работи со собирање на есенината. И на одење и на враќање од Солун, патуваше со ризик, затоа што низ Македонија се водеа војни за кои тогаш малкумина знаеја зошто се водат, но кога се врати дома, кај семејството имаше малку повеќе спокојство отколку кога замина. Се чувствуваше задоволство по собраната есенина со која требаше да се протера зимата, но и поради враќањето на Јанко и поради подобреното здравје на главата на семејството. Можеби раната на душата не, ама раната на раката на Костадина му беше позалечена, благодарение на лекот што го доби од еден многу проучен исцелител со ретки треви во едно од гостиварските села. Натерани од маката, го однесоа таму Костадина, треварот му направил специјална маст, а по неколкунеделно мачкање од иљачот на Костадина му беше многу подобро.

Расположението што завладеа во куќата на Костадина само ја потврди намерата на Јанко повторно да се врати во Солун. Тој најмногу допатува за да ги види блиските и за да дознае какво му е здравјето на татко му. И кога замина од Солун со газдата беа договорени по шест недели, повторно да се врати и да продолжи со работа во неговата работилница. А, газдата пак, беше пријател на татко му, токму еден од неговите познаници кај коишто тргуваше понекогаш во Прилеп. Како вреден и чесен еснафлија работата во Прилеп му одела на подобро и човекот решил среќата да си ја проба во поголем град – во Солун. Таму првин бил трговец, а потоа се свртел на занаетот што го учел уште во детството – почнал да работи со тишлерство. Работата му тргнала, па си го преселил и семејството.

Јанко не беше тишлер по занимање, но беше човек што израснал во планина каде што има многу дрвја, па доволно добро го познаваше дрвото, што не му беше тешко да му помага на мајсторот – неговиот газда. Знаеше кое дрво со каков квалитет е, со каква цврстина, еластичност и трајност е, познаваше секоја штица од кој вид дрво е. Беше човек со трпение и со желба кога работи нешто да го сработи како што треба, а тоа значи дека имаше дарба за занает каков што имаше пријателот на татко му.

 

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.