Среда, 28 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошник

SavoKostadinovski

Во работилницата на мајстор Петре, Јанко првин работеше помошни работи –потсредуваше, прередуваше, придржуваше, заделкуваше, застружуваше, потсекуваше, потоа ги засекуваше и ги дотеруваше летвите и штиците откако ќе му ги обележеше мајсторот и за неколку месеци стана вистински мајстор. Покрај мајстор Петре научи да прави столчиња, врати, прозорци, колевки, дури и ситна дрвена покуќнина. Имаше среќа што се погоди кај мајстор добар и по душа и по знаетот. Мајстор Петре имаше дребни деца, женска челад – две убави момичиња и немаше причина да си го прикрива знаетот. Јанко беше толку убаво прифатен што собичката зад работилницата мајсторот му ја отстапи за живеење.

Пред да почне вистинската зима Јанко веќе беше подготвен повторно да ги напушти најблиските роднини и да замине за Солун. Во Ботуше и на падината на Добра Вода веќе се чувствуваше зимата, но знаеше дека во Солун е многу потопло и дека времето не е никаков проблем за патување.

Времето до Солун ќе ме служи добро им велеше на своите, но мора да се оди со голем мукает оти накај Солун многу се пука и имаше големи битки.

– Во Солун назима снег не држело, но во последниве месеци, таму многу војска пристигнуваше што земјата не ја држи. Да даде Господ да се смири војната, а с# друго таму е убаво.

Четирите недели што ги помина во Ботуше му беа доволни да им помогне на браќата да наберат и да донесат дрва за цела зима, зашто само таа поголема работа дотогаш не беше завршена во куќата на Костадина, како и да се изнавиди со домашните и со другарите во селото.

Патот до Солун навистина беше несигурен многу повеќе отколку пред неколку недели кога доаѓаше за Ботуше. Поради страшните пукотници и поради долгите борби, Јанко мораше да попричека во некои места, дури откако ќе стивнеа татнежите повторно го фаќаше патот под нозе. Така, што со причекување, што со притаено и претпазливо минување кај опасните места, а такви беа многу, до Солун патуваше неколку дена повеќе отколку што требаше. Војска на секој чекор, дури до Солун, во разни униформи, дојдена од разни страни, не знае човек која е лошата, која е добрата. Чадови и луѓе што бегаа, исто така, имаше многу, а сето тоа како да го исплаши Јанка. Го почувствува најголемиот страв од војната што се водеше во Македонија и ја виде најголемата беда што можеше да се види кај луѓето што им ја носеше таа војна.

И покрај тоа што стигна жив и здрав во Солун, кај Јанко беше присутна вознемиреност поради тоа што го виде, но и поради неизвесниот живот далеку од своите најблиски роднини. Меѓутоа, вознемиреност и страв забележа и во очите на мајстор Петре.

Настаните бргу се менуваа, војната беше во голем замав, брзо се менуваше и животот во Солун. Во тие времиња, кои повеќе беа невремиња отколку времиња, за мајстор Петре имаше с# помалку работа, а с# повеќе давачки, с# помалку заработувачка и помалку за живејачка. Конечно, веќе не беше време да се работи занаетот и да се заработи од него.

– Како што гледаш Јанко, од дуќанов нема леб ниту за мене ниту за тебе – почна да му се жали мајстор Петре. – Оваа војна никако да заврши, сите н# запусте, треба да се бара некое чаре. Со жената с# повеќе мислиме на тоа и на ниет сме нешто да смениме. Да мениме занает не оди, па на ниет сме да бегаме од Солунов...

Јанко без да се помести, без да мрдне, без да каже збор, но со подзината уста го слушаше внимателно, изненаден од ваквата најава на мајсторот. А само што се врати во Солун за да ја продолжи печалбата. „За џабе рескирав на таков пат до Солун“, си помисли.

– Но каде да се оди момче – продолжи мајстор Петре. – Угоре високо, удолу длабоко, ни усвет човек не може да фати. Од војна и пустош не се оди нагоре по Вардар, а од другава страна има море. Изгледа, полесно ќе да е да се бега низ морето...

– И јас, мајстор Петре, многу пукања се изнаслушав и многу опустено се изнагледав дури доаѓав до Солун, а тоа на арно не ми мириса – конечно се прибра Јанко и изусти неколку збора. – Белки нема да дојде до таму работата и да се бега одовде.

Мајсторот го погледна мирно и долго со речиси втренчен поглед, без да трепне, па му се обрати.

– Јанко, не те знам долго, но те познавам добро, те засакав како своја рода, па отворено ќе ти кажам накај ни оди умот мене и на жената. Почнавме да подговараме да си го продадеме имотот и да фатиме усвет со некој од бродовине на пристаништето – или Америка, или Австралија, друго чаре нема. Каде сите, таму и ние. С# повеќе луѓе заминуваат, не бегаат од арно, санки и досега било толку арно, но белки тие луѓе одат на поарно. Синоќа се договоривме со жената, ако најдеме муштерија да го купи дуќанот, заминуваме. Ако дојде до тоа, не е сигурно дали после ќе имаш работа. Не е време да се враќаш дома, само што дојде. Ама, те сметаме за близок, па ќе ти речам вака: Ако заминеме далеку, а ти ако немаш каде, тогаш дојди со нас, каде ние – таму и ти.

 

 

На прво место

News image

Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо најостро...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.