Среда, 30 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Затоа пееше и затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Затоа пееше.

Затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата.

Ги знаеше и сите комитски песни што се пееле во Порече или кај откорнатиците во Австралија. Ги пееше од длабочината на душата, оти тоа беа песни за маката и за радоста семејна. Затоа, колку што беа комитски, тие беа и печалбарски, а за него – најмногу таговни. Во нив ја чувствуваше сета мака, сета меланхолија, сета судбина – и негова, и семејна, и македонска. Во нив тој ги наоѓаше утехата и оддишката од тешкиот товар на минатото. Кога пееше Јанко комитска песна, кај никого од тие што го слушаа немаше трага на радост, на насмевка. Преку песната кај нив ја пренесуваше тагата што излегуваше од песната и како трепетно ехо ги заплиснуваше срцата на луѓето крај него.

Тој повеќе ја доживуваше и ја преживуваше во себе отколку што ја пееше песната.

Затоа многу убаво звучеа комитските песни што ги пееше Јанко.

Неговиот глас тивко се разлеваше, но се чувствуваше долго во ноќта.

х х х

Среќникот повторно се враќа на местото на среќата, а носталгичарот на местото што му ја предизвикува носталгијата. Дедо Јанко беше вратен за да ја згасне малку носталгијата, па затоа си ги оживуваше спомените кои не го напуштиле цел живот. Се реши едно утро да се рашета над селото, по падините на Добра Вода, каде што се движел многу често како дете и како момче. Сакаше да ги види ритчињата, доловите, полјанките, изворчињата, карпите, патеките... Да ги види местата во спомените од детството. Мислеше, иако минало многу време, дека сето тоа, секој чекор, секој детаљ, добро го памети, но додека се шетавме се разувери во тоа. Времето си го направило своето, па во сеќавањето по нешто се менува и променето останува во споменот.

А беше многу логично таа прошетка да ја направи со мене. Во секој миг му бев на располагање. Јас и никој друг. Тоа беше уште еден убав ден за разговори, тој да ми се исповеда, а јас да ја слушам неговата животна приказна.

Прошетката по местата на спомените ја сфатил како свеченост. Утрината станал рано, се дотерал како да оди на гости, а не по ридиштата над Ботуше. Кога се разбудив, го видов како дотеран и нестрплив се шета по чардакот. Знаев дека ме чека мене. Знаев дека без моето друштво нема да му бидат целосни прошетката и доживувањето. А знаејќи за неговата нестрпливост што го зафатила тоа августовско утро, се подготвив од брзо побрзо и тргнав со појадокот в раце. Не сакав воопшто да му се мешам во тоа каде ќе крстосуваме. Го водеа неговите спомени, а јас по него.

– Кога бев детиште многу често одев на врвовите на Добра Вода. Многу е прекрасно кога си на врвовите. Од високо се гледа подалеку. Не може само да се погледне што време не чека пред нас – ми вели дедо Јанко кога стигнавме кај големите буки со чешми и поила, над кои почнуваа да се распостилаат ледините до самиот хоризонт на планината.

Оттука сакаше да го гледа својот роден крај и голем дел од Порече. Сакаше да погледа малку наназад, во своето минато.

– Уште знам кое место како се вика – си рече како за себе. – Она е Илино, она Ласое, Расоа, Зад Рид…

Ми покажува каде се нашите ниви, овоштарници, кории…

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.