Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера како што го направиле тоа и тој и прадедо ми Костадин.

Пред три години, кога завршив осмо одделение во Гостивар, татко ми наместо да ме прати во средно училиште ми рече веднаш да одам во Ботуше. Да живеам таму и да се грижам за баба ми и за дедо ми кај кои тој беше домазет. Сега веќе беше банкар, а јас требаше да го заменам во обврските спрема старите.

– Момче, имаш ли ти работа што се шеткаш вака и денгубиш? – ме запраша еден човек кој тукушто го запознав во слаткарницата во Македонски Брод.

– Чувам старци – му одговорив, а потоа отсечно реков дека тоа не го сметам за работа.

За два дена, без да се двоумам и без да знаат родителите, заминав за Славонски Брод. Ја прифатив поканата на новиот познаник и наместо чувар на старци, на петнаесет години станав работник во слаткарницата на познаникот. Станав печалбар.

На печалба не отидов толку далеку колку што отишле прадедо ми и дедо ми. И не патував со брод. Јас отидов од еден во друг Брод. Без ниеднаш да се вратам останав до полнолетството, иако јас полнолетството си го одредив на својата петнаесетта година.

Таму учев како со слатки се вади лебот и како со трпение се потиснува носталгијата.

По три години морав да се вратам и да се појавам пред некогашниот домазет а сега банкар – затоа што морав да одам на предвојничката обука и, што ми беше најважно, затоа што многу сакав да го пречекам и да го видам мојот дедо од приказните.

Прадедо ми на печалба заминал од мака од Турците и од сиромаштијата, дедо ми од приказните – поради војните и сиромаштијата, а во моето време на одење – се заминуваше најмногу поради сиромаштијата. Цела една седмица, во септември шеесетиосмата, откако дедо Јанко одлета за Австралија, јас останав во Ботуше. Се чувствував дека сум најосаменото момче во светот – веќе никој од моите врсници немаше во селото. Повеќе немаше кој да оди на печалба.

Една седмица живеев во селото, а го сонував градот. Заминав од селото пред птиците преселници да тргнат на својот пат. И овојпат до првиот Брод одев по правливиот пат. Ама умот ми беше во вториот Брод. Таму ме чекаше мојата девојка Јадранка, а мене ме мачеше чувството на вина што за три месеци ниеднаш не & пишав, ниту роденден & честитав, разбирливо – поради преокупираноста со мојот дедо од приказните. Тие три месеци бев во друг свет – во светот од приказните на дедо ми од приказните. Се заборавив во тој свет. Се заборавив во приказните.

И додека таа година с# уште низ Европа имаше и протести на младите и инвазии, јас повторно бев окупиран од мислата за Јадранка. Во таа доброволна окупација во очите на Јадранка го гледав целото синило на Јадранот. Тоа потонување во синилото беше магијата што ме врзуваше со градот и која потоа ми го одредуваше патот.

Пред да го продолжам патот на печалбата, морав да служам војска. Тоа го направив наредната година, за среќа во Карловац, па во Загреб, а тоа не беше далеку од девојката со синило во очите.

Уште додека живеев со униформа на себе, цврсто решив да заминам во земјата која е неутрална и која немала војни. Но по војската синилото во коешто потонував морав да го барам во друга земја која тогаш најмногу ја знаевме по тоа што ја започнала најголемата војна во светот. Девојката со име што се врзува со морско синило и со длабоко небеско синило во очите дојде да ми ја соопшти ваквата одлука уште додека адреса на живеење ми беше касарната во Загреб.

Има еден дел од војничката приказна – кога дојде девојката да ме посети, а тој дел е важен за подоцнежниот дел од мојата животна приказна. Добив дозвола да можам да ја напуштам адресата на живеење до полноќ. Ден пред средбата со нежните чувства на синилото си ја дотерував и ја прешивав еднобојната облека која го престоруваше мојот низок раст во плашило. И кога најмалку требаше... дојде белјата – дежурниот офицер кумановец. Белјата стана уште поголема кога јас не го сфатив него докрај сериозно, зашто се потпрев на неговото априлско време во главата. Наместо со дозвола да ја напуштам адресата на живеење што ја чуваа стражари, јас морав да дезертирам на една ноќ. Морав да ја следам магијата на синилото. Знаев дека попрво јас ќе го видам синилото отколку што тој ќе го види Куманово или ќе ме види мене во касарната.

 

 

На прво место

News image

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “А...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.