Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Еднаш, само што се симнав на келнската автобуска станица веднаш се упатив до најблиската телефонска говорница

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Откако го завршив разговорот, во таа тивка ноќ, крај мене видов само уште една млада жена со три-четиригодишно машко дете, со поглед полн со тага, а погледот упорно беше вперен во мене.

– И јас патував со истиот автобус..., – ми вели жената, – првпат доаѓам во оваа земја, не познавам никого овде, немам ниту роднина, ниту пари, ниту можам да просам оти не знам ниту еден збор германски... Ми го рече тоа без да ја прашам, а всушност и таа без да ме праша ми постави прашање со молба за помош. За да им се ублажат тагата и маката што им ги гледав во очите, таа ноќ Хасеба и нејзиното синче, кое татко му не го памети оти и по три години го нема да се врати од боиштата, ги однесов во домот за бегалци каде што можеа да бидат сместени, а не можеа секаде. И во оваа земја бегалците имаа посебни домови, па дури и на вода – во бродови на Рајна, оти бегалците ги имаше многу. Претходно веќе ги имав поминато речиси сите кампови. Како посетител со германски писатели и новинари. За да им преведувам. За да им преведам нешто од маката, иако за тоа не е потребен никаков превод. Страдањата и очајот имаат универзален јазик.

Само што стигнав во станот, утврдив дека и јас сум бездомник. Во малиот стан се сместила сестрата на мојата сопруга која дошла од Хрватска со трите мали деца. Морав веднаш да ја почнам потрагата по нов покрив над главата. Мојата сопруга имаше уште четири сестри, ние бевме петмина баџанаци и сите од различни нации. Не станав бездомник поради многунационалноста, како што тогаш се стануваше, туку поради многуте искрени чувства што беа н# окупирале. Тоа беше една работа, политиката нешто друго, а војната сосема трета работа.

Не за да преведам нешто за маката, туку за да проверам дали нешто од маката на Хасеба е стивнато, повторно го посетив логорот. Кај Хасеба се изли поток од очите. Вели од среќа, оти имало крај на очајот. И само го гушкаше и го милуваше синчето. Тогаш видов колку може да биде голема љубовта спрема децата. И покрај сите маки. Најмногу затоа, и покрај сета моја работа, одев повремено кај бегалците. Но, едно утро имав средба со младо семејство, штотуку дојдено од југот, исто така избегано од маките. Само што ми го кажа презимето младиот господин, знаев кои се тие луѓе. Семејството на синот на офицерот Раичевиќ. Не ми остануваше ништо друго да направам, освен да се потрудам само да им се пишува дека се азиланти. Како мене што само ми се пишуваше дека сум во војнички затвор...

 

 

На прво место

News image

Донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.