Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Голем Кораб

golem-korabДо планината Кораб која е во состав на националниот парк Маврово (315 KB) се стигнува по западната магистрала Гостивар - Дебар. Некаде околу 8 км од Маврови Анови спрема Дебар во близината на мотелот Трница или поточно кај состав Река - Мавровска река се влева во Радика, се врти десно спрема селото Ничпур и месноста Стрезимир.

Од оваа раскрсница односно состав Река, се оди по макадамски пат (редовно се одржува) околу 15 километри и се стигнува до полициската станица, од неа се продолжува по истиот макадамски пат кој води покрај реката Радика уште 4 км. Потоа се свртува лево спрема караулата Стрезимир која е оддалечена од кривината 1,5 км. Бидејќи овој врв се наоѓа на самата македонско-албанска граница, потребна е погранична дозвола која се вади во местото на живеење. Откога ќе завршат сите формалности, може да се започне со искачувањето на Голем Кораб (2754 мнв), потребни се 4-5 часа. Делумно патеката е маркирана. Маркацијата за трансверзалата Планини на Македонија - ПМ започнува од раскрсницата пред караулата (1,5 км) кај реката Радика. Во изминатите две години рутата е делумно изменета (мапа) и во вториот дел од патеката се оди преку гребенот и потоа преку врвот „Кепи бард“, а не преку „Кобилино поле“. Новата патека е потешка (потребно е околу 1 час повеќе за да се искачите на врвот), но погледот од гребенот е незаборавен.

Од почеток патеката стартува од караулата „Победа“, за околу 1 час се стигнува до Нистровото бачило. Потоа се оди по голема стрмнина прекриена со треба се додека не се стигне до гребенот и потоа се искачувате на котата „Кепи бард“ (2589 мнв). Еден дел од гребенот може да биде лизгав, има доста мали каменчиња и треба максимална внимателност за да се мине безбедно. Потоа следува спуштање до седлото каде има и мал извор блиску до патеката. Од тука може да се види врвот. Потоа следува последното искачување на самиот врв „Голем Кораб“. На оваа планина не постои планинарски дом. Доколку одлучите да поминете 2 дена потребно е со себе да носите шатор и вреќе за спиење. Печатот се наоѓа во караулата Стрезимир.

Најдобар и најлесен начин да се искачите на „Голем Кораб“ е да се приклучите на традиционалното меѓународно искачување кое се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8-ми Септември Денот на независноста на РМ.

Превземено од : MKDmount

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов: Неколишевизам

Никој нема право да ја консумира слободата и во неа да ужива, ако претходно не ја заработил за друг....

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Одгласи на Илинденското востание во различни кругови во светот (13)

Одгласите за Илинденското востани биле големи во различни ...

Култура и туризам

News image

Музеј на Старата скопска чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (10)

Напливот на бегање од Елада предизвика и други соодветни барања, бидејќи намесниците...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.