Среда, 01 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Една година пред двеилјадитата тргнав да го посетам градот каде што печалбарската традиција ја почнал прадедо ми Костадин

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Една година пред двеилјадитата тргнав да го посетам градот каде што печалбарската традиција ја почнал прадедо ми Костадин. Во Детроит, во тоа време, минал близу тринаесет години. Јас три децении во мојата втора земја. Повеќе отколку во родената. А како да изминал миг. Очигледно е дека времето е само миг, а ние сме само во одреден миг од времето и – толку. Ниту се многу ниту се малку годините, ниту неговите, ниту моите. Зависи само како ќе ги сместам во сеќавањата. А тие, мислев, ќе беа нецелосни, ако не отидев на местото на почетокот на приказната за семејните талкања по светот.

Патувањето на Костадина било вечност, за мене само миг. Такво е времето... Тој со параброд, јас со авион.

Ама мислата, сепак, ми патуваше во вечноста. Во бескрајното синило.

Горе синило, долу синило. Бескрајно.

Горе вселенското, долу океанското. Бесконечно. Како океанот на моите емоции. Мислев дека бескрајно патувам по бескрајот.

– Патуваме по патот на Сонцето. Ми се допаѓа ова патување, – по долго време ме оттргна гласот на дамата до мене. И таа со сини очи... – Кога наполнив четириесет години, – ми вели – славев две нови години. Прво во Манхајм, а потоа со авион стигнав и во Њујорк.

Нејзиното љубопитство пред крајот на летот ме наведе да & кажам каде одам и зошто одам.

– Вие сте некој исклучок. Ние Германците не сме такви емотивци...

„Ние Германците?!“ – ме штрекна. Се случувало ли нешто со мене во овие три децении, почнав да се прашувам. И прадедо ми Костадин и дедо ми Јанко би се превртеле во гробот.

„Њујорк, Њујорк“, си прошепотив за себе, кога уште од воздухот го забележав градот. Ја доживував прво убавината на овој град од новиот континент, но мислата ми беше на Детроит.

Детроит беше вистинската моја намера. Тој беше градот што сакав да го видам. Но не го видов каков што сакав да го видам.

За мене не беше само град. Беше и нешто како историја, како семејно прибежиште, семејна судбина, нешто како место за барање спомени, кое можам да го замислувам пред сто години...

Јас гледав облакореди, прадедо ми гледал рудници и бараки.

Голема спротивност.

Немаше глетка што можеше да ме врзе со прадедо ми, но имаше бран емоции што можеа да ме врзат со него и со семејните судбини.

Првата ноќ не успеав да се врзам со сонот. Цела ноќ останав буден на деветтиот кат во хотелот. Како никогаш дотогаш ме обзеде чувството на самотија. Брановите се престорија во водопади од емоции. Каква ли била самотијата на Костадина?

Наредниот ден бев на Нијагара. Тамошните водопади ми се сторија помали од моите во бессоната ноќ.

Бев преполн со емоции, но и со празнина тешка три века!

 

На прво место

News image

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку...

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.