Среда, 08 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
На преминот на третиот век на семејните талкања по светот

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

На преминот на третиот век на семејните талкања по светот, решив да заминам на австралискиот континент. Патував со мојот пријател Норберт, со кој заедно крај Рајна гледавме како истекува тагата од душите на бегалците, отпатувавме заедно за Сиднеј.

Тој патуваше поради службени, а јас поради семејни мотиви.

Тој известуваше за олимписките игри, јас за да забележам нешто за семејната сага...

Тој многу сакаше да пишува за човечките судбини, а јас многу сакав да узнам уште нешто за семејната приказна...

Сите летаа за спортските игри, мојата мисла го прелетуваше минатото... Патував низ времето... И спроти Сонцето...

Кога слетавме ја загубивме ориентацијата на денот и ноќта. Нашите часовници точно го мереа времето, ама за друг дел од светот... Ама, сепак, имав чувство дека стигнувам во мојата земја, оти мојот народ го има насекаде и затоа сите патишта водат до мојата земја, како што заклучивме со Норберт.

И со желбите и со копнежите, и на јаве и на сон, сите патишта ме водат до мојата земја.

На шалтерот за средба поитав со солзи радосници... Со Костадина се препознавме како да сме се познавале отсекогаш, а првпат се сретнавме. Ме пречека со своето семејство, а тоа, пак, со мајчиниот збор кој уште повеќе ми создаваше топлина на душата и светлина во очите...

Кога почнаа олимписките игри јас почнав со запознавањето на австралискиот дел од семејната приказна... Беше запишана во албумите, беше внесена во топлината на домот на Костадина, ја слушав од устата на Костадина, во бескрајните разговори, беше насекаде околу мене...

Првиот ден недела отидовме на гробот на дедо Јанко.

Повеќе од еден час му посветувавме спомени.

Повеќе отколку што мислевме дека има и дека можеме, и сето време во Сиднеј му посветувавме спомени... Имавме многу спомени за него и затоа мислам дека тој беше дедото од моите приказни од детството и младоста. Му посветувавме спомени и кај една нашинска фамилија на која & бевме на гости на Првиче... На Првиче... како во некогашните времиња во Порече...

Три недели со Костадина ја прераскажувавме нашата семејна приказна. За да ја чујам јас, за да ја чуе тој. Три недели живеевме во спомените и за спомените... Само еднаш отидов да го посетам Норберт, колку да видам како живее со спортските приказни и за да се договориме за враќање.

Трите недели минаа како три мига...

Разделбата со Костадина и со неговото семејство ми падна тешко, ама сепак во себе чувствував голема леснина за аманетот што му го исполнив на дедо ми кој беше сместен во моите приказни.

На враќање не можев да го мерам времето, ја мерев само тежината на спомените.

 

На прво место

News image

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку...

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.