Среда, 15 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп и Скопје (5)

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светска посетил повеќе градови во Македонија  од каде ги прибира архивите во сандаци и ги припремил за пренесување во Софија. Покрај Крива Паланка, Скопје и Велес, во текот на ноември 1915 година, тој го посетил и Прилеп од каде ќе земе вредни историски споменици за минатото во Македонија.

Во својот извештај бр. 10, од 14 ноември 1915 година, кој етнографот Стоилов го доставува до Началникот на Штабот на Втората бугарска армија зо посетата на Прилеп, тој ќе забележи:

„Од 4 до 12 - ти престојував во Прилеп по службена работа. За тоа време ги разгледував библиотеките и архивите на српската машка прогимназија, на српските основни училишта, на кметството и на канцеларијата на училишниот инспектор.

Мојата службено патување се крунисани со целосен успех за науката во Прилеп, бидејќи при мојата посета на манастирот "Св. Богородица" на врвот "Златоврв", именуван како "Трескавец", а кој е одалечен од Прилеп 15 километри, најдов 9 (девет) ракописи со (старославјанска – н.з.) и српска редакција од 15 до 17 век со некои приписки за нашето минато. Нив ги најдов зафрлени низ разни агли на манастирските простории и истовремено констатирав повреда на некои споменици од "новата српска култура". Најбитно е дека во црковните и училишните тавани, како и во приватните куќи на граѓаните Кочо Небреклиев, Тасо Хр. Думбалов, Ицко X. Попов и Аце Хр. Јанев најдов многу вредни ракописи за историјата на нашиот јазик од 14 до 16 век ... како и два пергаментни листа на грчки (старогрчки) јазик. Ракописите се евангелија, месецослови, филозофски размислувања - сите на број 8 кои ги прибрав и донесов тука. Книгите, ракописите, преписките и етнографските предмети ги собрав и ги донесов во штабот на II армија, каде ги адресирав до Народната библиотека и Народниот етнографски музеј во Софија. Значи, во Штабот на 2-рата армија во градот Велес се складирани 16 (шеснаесет) сандаци со книги, ракописи, старопечатни книги и преписки.

Во Прилеп, како и на други места, постојат етнографски материјали како што се везови, костими, стари сечила и рачни алатки што може да се преземат под извесни услови, но бидејќи не располагам со средства, јас не ги купувам. Ако има можност почитуваниот штаб на Втората армија, би сакал да направам репрезентација пред Министерството за национално просветителство за да ми даде сума за оваа намена од 500 лева однапред.“ (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 38)

Неколку дена потоа, етнографот Стоилов ќе испрати извештај број 19, од 20 декември 1915 година, Скопје, во кој меѓудругото ќе го извести началникот на Штабот на Втората бугарска армија дека пронашол други споменици, меѓу кои и „ракописот од Софрониј Врачански (белешка со дата од 1808)“ од каде што зел белешки и ги проучувал бидејќи тоа било важно за науката. (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 51)

Многу повеќе за ракописот од Софрониј Врачански од 1808 година, етнограф на штабот на Втората бугарска армија Стоилов ќе напише во својот извештај бр. 28, од  20 јануари 1916 година, кој го испраќа до Штабот на Втората армија во Струмица. Во него Стоилов меѓудругото ќе напише:

„Пренесов камен натпис со славјански букви од XIV век, најден во темелите при изградбата на .... црква "Св. Димитар" пред 10 години и темелно сокриен во земјата од страна на  (егзархистите – н.з) во Скопје за да не биде земен од страна на Србите. Последниот споменик е ракописна служба од Софрониј Врачански, предадена лично од него на Черепишкиот манастир (во Стара Планина) во 1808 година, а оттаму во 1852 година владиката Доротеј Врачански го однесе во град Скопје во почетокот на црковно прашање, кога бил испратен за ... архиепископ во овој град, откриен во (Егзархиската –н.з) епархија за време на мојот последен престој. И двајцата споменици се вредни за нашето минато.

П.П. Во Скопје најдов и донесов во Софија .... споменик од 1840 година и најстарите протоколи на (егзархиската – н.з.) црква-училишна општина. Вторите содржат важни информации за школувањето во Скопје.“ (ЦВА, Ф. 40, оп. II, ае 935, редови 52-53)

Извештаите на етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов, се сведоштво, како за време на Првата светска војна се изнесуваше македонското културно наследство од Крива Паланка, Скопје, Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, како и други македонски градови за што ќе видиме во следните извештаи.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку...

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.