Среда, 03 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Да се патува по Тибет, покривот на светот, значи да се патува низ историјата и низ времето

tibet

Саво Костадиновски

Одамна ми беше скроен планот за едно подолго поклоничко патешествие по Тибет, Кина и Индија, требаше само да дојде денот кога ќе тргнам, а дојде наредната година. На долгиот двомесечен пат тргнав со одбрана група, составена од продуховени, просветлени и богопонизни луѓе. Тие беа со добри сознајби за источноазискиот побожен свет и тамошната религиска традиција и сегашна реалност. Сакав да узнам какво е поклонението на тамошните луѓе по патот на милоста божја.

Да се патува по Тибет, покривот на светот, значи да се патува низ историјата и низ времето... Таму историјата како да добила поинаква димензија и значење. Има многу траги кои упатуваат на тоа, а има траги од далечни времиња кои дури тешко може да се датираат. Затоа имав чувство како да се раздолжила историјата таму.

Тибет е поинаков од сиот свет.

Тибет го доживеав поинаку од сиот друг свет.

Секој белег од светото минато и секој храм како да ја има исцелителната енергија за душите, с# што се гледа е божјо дело, дадено за сите божји чеда, да им ја враќа врбата во животот, богоразумно да ги применуваат десетте божји заповеди...

Во таква опкруженост богомолно заживеав..., чувствував дека тоа патување е само продолжение на моето патување во Ерусалим во 1974 година, во Лорд во 1995... Чувствував дека минувам по судбописен живот, со благоверност, со самооткривање на сопствената природа во себе, почитувајќи ги правилата на еден богомолец кој се учи на сопственото благотворение. Колку и како го чувствуваш божјиот дух во себе? Знаеш ли како правилно се верува? Колку се верува за да си верник? Дали твојата верба ти поставува прашање дали сите религии водат кон бога? Како се доаѓа до блажен дух, кои се спиритуелните пораки кои водат кон бога и кон себеси?

И вербата и мудроста го учат човека како да му се радува на животот и како да се запознае себеси, зашто ништо во светот нема позагадочно од самиот себе. Ако се разоткрива, ја наоѓа самодовербата, па хармонијата на духот, телото и разумот, а таа хармонија доаѓа од дното на душевниот мир. Тогаш многу помалку се греши, а за награда ни доаѓа среќата, која сама по себе е како илустрација на сликата на животот.

Запознавајќи го светот, се запознаваме себеси. Запознавајќи го Тибет, запознав уште нешто од себеси.

Има многу сили што го држат дрвото на кое е разгрането нашето битие.

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.