Среда, 17 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Саво Костадиновски: Четврти дел од романот

SavoKostadinovski

И односот кон природата во Тибет, Кина и Индија се гледа низ призмата на религијата – од будизмот е благословена секоја материја на светот.

Соживотната филозофија на поларитетите на Јунг и Јанг со правилното восприемање ма космичките енергии се одраз и врз здравјето на човекот, за едно совршено благотворение на телото и нежно чествување на духот и разумот, во хармонично созвучје од атомот до универзумот, како најдобар пример на библиската максима со исконско значење: во почетокот беше зборот.

Со природата човекот општи со разумот и самиот го избира патот како ќе си ја постави сопствената живејачка. Сам си ја бира мисијата на животот со сите благодети што сака да му ги донесе тој. Само ако е свесен за сопственото битие ќе знае колку судбината му е судбинска, а колку случајноста случајна. С# друго природата богогласно го определила во него. А таквите состојби најдобро ќе ги уочи на поодминати години, кога погледот наназад му е јасен, а продорен во секоја животна филозофија. Јас на моите педесет години и осознавав и јасно можев да погледнам зад себе...

Природата во човекот е рамна на природата на светот, пред четирите елементи од кои е создаден тој до величествен дух, за да ги распознава доброто и злото, убавото и лошото и еден цел ред од разлики дадени во правилата на старите таостички симболи Јинг и Јанг.

Со оглед на таквите сознајби, да се прогледа низ духовното око со самосвеста и самодовербата, во чиј отсјај сам може да ја види својата уметност на животот, значи да ја достигне мудроста благотворно да балансира во светот во којшто живее за да не остане обезличен пред својата книга на животот.

А отсекогаш сум ја претпочитал книгата на животот.

 

 

На прво место

News image

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија  

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.