Среда, 31 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
ЧЕТВРТИ ДЕЛ ОД РОМАНОТ

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Човекот во мисијата на животот се менува биолошки, социолошки и психолошки. Никогаш не останува сосема ист. Промените подзапираат кај педесеттата, тогаш се стабилизира, ги сумира животните ускуства. Тогаш возраста можеби најмногу доаѓа до израз како зрелост. Не може с# во животот да се третира како судбина, случајност или карма. Потребно е на животот да му се погледне низ духовното око.

Дури на таа возраст најмногу мислев на советите на Дедо Јанко. Јас го знаев од приказните, но го запознав во зрели години. Го слушав и му верував, зашто с# што кажуваше дедо Јанко беше вистина.

Ми велеше дека на зрели години во светот нема ништо помило од родниот крај. Туѓина можеш да си смениш, ама родниот крај не можеш да го смениш, тој е еден и единствен.

Така ми зборуваше од своето животно искуство.

Така ми зборуваше оти таква е вистината.

А сиот живот е вистина, но сиот живот е непредвидлив. Никогаш не знаеме што носи и до каде ќе н# донесе. И во што ќе се испреплете. Чудни се некогаш патиштата во животот. Животот сам ги носи изненадувањата. Тоа е судбината.

Наместо како привилегиран син на воен инвалид со стипендија од Титовиот фонд да учам во родната земја, јас учев и печалбарев во земјата на оние кои го раниле татко ми. Наместо во една, сум заминал во друга земја. Наместо да се вратам во родната, јас сум останал во втората татковина... Всушност, животот е полн со непредвидливи моменти...

Таков е животот. Навистина носи и многу опасни мигови. Носи премрежиња. Сега само можам да си припомнувам за неколкуте случаи од детството до денес кога за влакно сум го спасил животот. По таквите моменти го чувствувам како дар, како божја дар, како повеќе од судбина... Јас се чувствувам како преживеан филмски јунак...

Сите важни моменти се спомени. Спомените се составен дел од животот, ако не се тие исто како да не бил животот. Тие се дел од мојот живот, без разлика дали ќе ги чувам само за себе, ќе & ги раскажувам на ќерка ми или ќе ги споделувам со многумина... А велат дека животот е богат ако е полн со спомени. Дедо Јанко некогаш многу ми раскажуваше. Кога сум со ќерка ми и јас многу раскажувам. Можеби е така со луѓето што го напуштиле родното огниште и заминале далеку да печалат, односно да живеат и да работат.

Моите спомени се мојот свет, мојата појдовна точка кон сиот свет околу мене, кон сите страни и меридијани...

Сите спомени не може да се запишат.

Голема е книгата на животот.

 

 

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.