Среда, 07 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Мариово - „Мирна земја“ (4)

beliste

Скелети на луѓе гиганти пронајдени во Мариово

„Помеѓу селата Бешишта и Градешница, во областа на Сатока, постојат многу руини на цркви.  Се верува дека имало 70 цркви, а денес има 10-13 полу урнати згради прекриени со слама. Наоколу се забележуваат стари гробишта, наречени од населението "елимски", свртени кон север. Во 1897/98, година учителот А. Петров направил ископувања на овие гробишта и пронајде скелети на луѓе гиганти, со долги бутни коски и големи черепи. Меѓу скелетите се наоѓаа нараквици, прстени и други украси.“ - пишува Георги Траjчев  во својата книга за „Мариово“ (второ издание Софија, 1923 г.).

Георги Трајчев ни дава повеќе интересни детали во својата книга за Мариово, т.н. „Мирна земја“, кој бил населен уште од времето на неолитот. Опишувајќи ги неговите природните богаства и егзистенцијата на населението во минатото и на почетокот на 19 век, тој ќе го забележи следното:

„Во минатото имаше време кога големите мариовски шуми (92.200 квадратни метри) претставуваа голем дел од средствата за живеење на населението. Главната окупација на населението беше сточарството, бидејќи областа беше богата со сочни и богати пасишта. На оваа голема надморска височина, каде што тревата е зелена, јадра и не е загадена, и каде што мувата слабо ја има, а водата е јасна како солза - условите за сточартсво беа најповолни. Тогаш Мариово исхранувало годишно до сто илјади рогат добиток. Згоени и со убаво хранливо месо, овој добиток привлекувал повеќе купувачи кои доаѓале од Солун и Цариград и купувале овни за есента.

Денес, економската ситуација на Марио е една од најнезавидните. Целата земја, со исклучок на неколку села, е прошарана со камен. Ретко, некои луѓе се радуваат на парче земја. Нивната егзистенција се состои од дрводелство, слабо сточарство и аргатлук. Работните сили, во прилепското поле, за жетва и вршидба се од Мариово. Земјата слабо раѓа: 'рж, овес, грав и мало овошје. Орањето се врши доста оригинално. Прво го фрлаат семето, а потоа го закопуваат. Само тука - таму, покрај Црна се забележуваат мали ливади посеани со пченка. Во близина на селата Дујн, Кален, Кокре на левиот брег на реката Черна, постојат прекрасни круши наречени "грлести", кои скапо се вреднуваат на пазарот.

Млечните производи: путер, сирење, урда, исто така високо се ценети за разлика од друго место. Мариовската волна и мариовскиот добиток на пазарот имаат подобра цена. Но, поради вкусното месо добитокот е најмногу посакуван за колење, отколку за работа. Добитокот (крави, волови) е див, бидејќи расте и се одгледува на целосна слобода во шумите и карпите, без никаква грижа на сопствениците. Само во лошо и студено време добитокот сам се прибира во кошарите и колибите изградени низ стрмните и карпести шумски разгранувања.

Пространите борови шуми испорачуваат дрвен градежен материјал на: Прилепско, Битолско, Леринско, Тиквешко, Гевгелиско и Воденско. Освен рачните бичкии, исто така има и водени пилани изградени по должината на реката Црна. До изградбата на железничката линија Скопје-Солун, Мариово го снабдуваше и Солун со дрвен материјал. Населението уште сеќава како се спуштаа големи чамови "трупци" по Црна и од таму по Вардар надолу за кон Солун, формирајќи големи "сплавови" натоварени со крајбрежните градови и рачни скелиња со жито и други трговски предмети.“

Многу одамна било познато дека Мариово располага со рудни богаства. Трагите укажуваат дека уште од средниот век тука постоело развиено рударство. Сериозни студии за рудното богаство за првпат се направени кон крајот на 19 век. Авторот опишувајќи ги природните богаства на овој крај вели:

„И природните богаства не се мали во Мариово. Камен јаглен, железна руда, креда, гипс, хромова руда, реагар (црвен минерал – арсенов сулфид), аури-пигмент, син камен, минерални води (кисели и солени) има на многу места. На многу места има траги кои покажуваат дека рударството во Мариово постоело уште во 12-тиот век.

Во 1885 година биле направени првите сериозни студии за рударството на регионот, кој дал добри резултати. Целото тоа богатство стои неискористено. Само рожденскиот "мадем" (мајдан, рудник) се експлоатираше од 1891 година од страна на француска компанија, каде работеа 200-500 работници. Од раму се добиваа арсенови и хромови руди и син камен.

Од книгата на Трјчев дознаваме за досега непознати детали за Мариовскиот крај, каде постел живот уште од времето на неолитот. Јавноста многу малку знае дека во минатото тука биле откриени гробови со скелети на луѓе гиганти, како и за верувањата дека тука постоеле мноштво цркви. Опишувајќи старините кои се забележуваат во овој крај и тогашните откритијата, авторот ќе го наведе следното:

„Не се малку ни старините во Мариово. Во рожденските рудници имало траги од рударството уште од средните векови. Полошкиот манастир е ѕидан во стилот на Охридските цркви и изгледа дека е доста стар. Други стари манастири се: Чебренскиот кај селото Божовик и св. Богородица во близина на селото Манастир. Понов е манастирот Св. Илија во близина на селото Мелница. Тој е изграден во 1872 година. Во близина на селото Дујне (Дуње – н.м.) се наоѓаат рушевини на 4-5 места, од некогашните стари населби. Тие се: Лисиче, во близина на реката Црна; Малево и селото Голтемово; исто така и Ревдол. Населението на овие стари населби, пред 150 години, избега од чума и золуми. Тие се собраа во сегашното Дујне и формираа нова населба.

Јужно од селото Дуње, во близина на реката Лисичка, има висок рид со урнатини од манастир. Од далеку се забележуваат одделни ќелии. Исто така се забележува патот кој води од урнатините до блискиот лев брег на реката Црна. Помеѓу селата Бешишта и Градешница, во областа на Сатока, постојат многу руини на цркви.  Се верува дека имало 70 цркви, а денес има 10-13 полуурнати згради прекриени со слама. Наоколу се забележуваат стари гробишта, наречени од населението "елимски", свртени кон север. Во 1897/98, година учителот А. Петров направил ископувања на овие гробишта и пронајде скелети на луѓе гиганти, со долги бутни коски и големи черепи. Меѓу скелетите се наоѓаа нараквици, прстени и други украси. Два часа подалеку од селото Дуње, на патот кон реката Црна, во близина на мостот, на една височинка стрчат урнатини на една стара црква, наречена Маркови кули. Во близина има стари гробишта. Покрај самата река на карпата се наоѓа слика на светец, избришана од времето.

Но, повеќето интересни и важни откритија се пронајдени кај селото Витолишта кои сведочат за римски населби, па дури зборуваат и за живеење на предисторискиот човек. Во 1917 година учител С. Стефанов, како ст. подофицер на 2 тракиска дивизија бил задолжен да направи некои археолошки проучувања и ископувања во околината на с. Витолишта и Полчишта. Во текот на 1918 година, со научна мисија го посетил тој крај и професорот Гаврил Кацаров. Од направените изучување се утврдило дека кај селото Витолишта имало населба уште во предисториката епоха. Во местото Св. Петка е ископани една тумба (могила) во која се пронајдени фрагменти од примитивни глинени садови и полирани камени орудија од неолитската епоха. Поголеми значење на тоа населба е добиено од римската епоха, како што се гледа од многу други споменици од оваа ера, пронајдени во околината на селото.

Така, во областа Царевец (ридови), биле откриени темелите на срушени римски градби и откриени се три релјефи. Другите две релјефи беа пронајдени во месноста „Царицина нива“. Исто така имало и римски гроб со плочи кој криле само еден скелет во месноста „Змијски трн“. Кај Св. Петка е ископана стара црква од старохристијанската ера. Во месноста Урвич беа пронајдени 6 христијански гробови со 50 скелети. Исто така во соседното село Полчишта, во месноста „Садевит“,откриени се разни споменици од римско време. Како преданието за владеењето на Мариово од Мара..., така и откриените старини посочуваат дека селото Витолишта играло во старо време значајна улога.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.