Среда, 14 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Мариово - Мирна земја (5)

mariovo5

„Големи суми трошеше грчката пропаганда за зацврстување во овие села до востаничката година, а потоа, преку терор на грчките андарти, го поддржуваше гркоманскиот дух кај населението. Многу мариовци од овие села беа испратени во Атина и на други места за да ги воспитаат и да учат на грчки јазик. Од такви отпадници се најголем дел од гркоманите во Битола...“ –  пишува Георги Траjчев  во својата книга за „Мариово“ (1923).

Во овој последен дел од својата книга за Мариово, авторот Георги Трајчев дава осврт на патните правци, мариовските села и нападите на грчките андарти врз населението. Опишувајќи ги тогашните патишта низ Мариово, авторот ќе забележи: 

„Во оваа дива, мачнодостапна и изолирана овчарска земја, која во многу нешто личи на Аркадија и Пелопонез, нема други подобри патишта од коњски и козји патеки. Патувањето станува со коњ, мазга и магаре. Сепак среќна околност беше тоа, што во истото скриено, непознато и мачнодостапно Мариово, во последната војна (Првата светска војна – н.з.), тука беше фронтот на бугарската армија, која направи патни правци на кои деноноќно крстосуваа коли, пајтони, камиони и автомобили по разни правци и насоки. Освен тоа направи и нешто повеќе. Тие беа проширени со воздушни линии (жичарници – н.з), почнувајќи од Тројачката станица, на патот Градско - Прилеп, и минувајќи крај село Беловодица, одеа далеку негде низ мариовско, во тилот на армијата.

Од Прилеп за Мариово одат само два мачнопроодни патишта. Едниот има југо-источна насока. Сепак, тој речиси секоја година, беше проголтан од Црна на Возарскиот панаѓур. Секоја година на Ѓурѓовден се случуваше голем панаѓур кај селото Возарци на реката Црна. Штом реката ја напушташе мариовско-радобилските теснини, се разливаше и се образуваше широко корито кај селото Возарци. За време на турскиот режим тука се собираше огромно количество добиток (овци, кози, крави, волови, коњи, магариња) од Тиквешко, Велешко и Прилепско и се одржуваше 3 дневен панаѓур.

Црна го дели Тиквешко од Прилепско. Поврзувањето на луѓето и трансфер на стоката се правеше само со големи примитивно направени бродови. Тогаш реката е длабока. Од голема навалица и невнимание не поминуваше панаѓурската година без жртви на луѓе и добиток.

Друг мост на Црна е кај Чебрискиот манастир. Тоа е од камен. Откако ќе се помине дрвениот мост под селото Дуње, патеката навлегува во карпестиот предел "Примните" (пусија, позиција), низ кој цел час се извива. Целата оваа област е окрвавена со човечка крв и со право го добила своето име "Тримкит".

Од тука една патеката води кон југозапад, друга на исток. Првиот се издига високо на десниот брег на Црна, поминува низ карпести места и по 1 час стигнува до селото Манастир. Тоа има 28 куќи и има стар манастир Св. Богородица. Околната на селото е богата со слоеви тебешир (креда). Пред четириесет години, училиштата се служеа со оваа креда, која со товари се носеше на пазар. Јужно од селото, на 2 часа оддалеченост е Чебренскиот манастир Св. Димитри, над самиот десен брег на реката. Тој има огромно богатство. Има воденица со 12 камења, шуми, ниви, градини. Во старо време тука постоеше училиште со славјанско писмо. Од црковното прашање (1870) е во владение на грчката патријаршија. Источно од манастирот на растојание од 2-3-4 км. едно од друго стојат селата: Боевик, со 40 куќи, Груница - 32 куќи, Будимирци - 65 куќи. Старавина - 50 куќи, Градешница - 165 куќи. Сите овие села кои се граничат со манастирот останале под патријаршиско влијание.“

По Илинденското востание 1903 година, особено во 1904 и 1905 година, грчката вооружена пропаганда почнува засилено да дејствува и во Мариово, познато како „Мирна земја“. Тоа доведе до нови жртви меѓу македонското население, за кои авторот ќе напише:

„Големи суми трошеше грчката пропаганда за зацврстување во овие села до востаничката година, а потоа, преку терор на грчките андарти, го поддржуваше гркоманскиот дух кај населението. Многу мариовци од овие села беа испратени во Атина и на други места за да ги воспитаат и да учат на грчки јазик. Од такви отпадници се најголем дел од гркоманите во Битола, како д-р. Налев и други.

Патот што води од „Примшт“ кон исток се движи високо по левиот брег на реката Бутурица, десна притока на Црна. Тој ги пресекува карпите и ридовите, обраснати тука и таму со дабова грмушка. По 1 час се стигнува до месноста "Троаш", од каде почнуваат патни разграноци по 3 насоки: еден пат води југо-источно за с. Бешишта, друг - источно за с. Мелница и Полчишта и трет - северо-источно за с. Витолишта. Растојанието помеѓу горенаведените села е 6-7 км. од едно до друго. Над селото Полчишта (П’чишта) се издига планината Св. Петка, од каде кон крајот на летото се гледаат снежните врвови на планината Ниџе. Селото броеше 90 куќи. Тие имаат црква Св. Спас и училиште уште од 1892 год. И тоа село беше често ...  напаѓано од андарти, кои доаѓаа од кај Воденско. Во еден напад, тие ги ограбиле сите славјански црковни книги.

Дадени се и човечки жртви во одбрана на националноста, но андартите не успеаја да го освојат. Истакнати агенти на грчката пропаганда беа разните чувари и службениците од тој крај, кои му се закануваа на населението со терор. И покрај сето тоа, не се подаде на гркоманството ниту Полчишта, ниту некое друго село. Во селото Бешишта има 170 куќи и црквите Св. Илија и Св. Патка. Од тоа село беше родум грчкиот војвода Цицо, ... кој со терор и поддршка на стражата од жандармската кула, кој се наоѓа во селото, успеа да го затвори егзархиското училиште. Повеќе од 30 жртви даде селото во борбата со андартите за да ја одбрани својата националност.

Селото Мелница е 3 км. далеку долж бреговите на реката Бутурица. Пред 60 години селото броеше 50 куќи, но од зулуми на разбојниците, населението било избркано низ околните села. До 1900 година имало 10-12 куќи. Сепак, од андарски напади сите избегале по соседните села и денес селото е пусто, - само испопаднатите згради покажуваат за неговото минато. Јужно од селото на 500 м. е подигнат нов манастир Св. Илија. Ктитор на манастирот е дедо Стале од с. Полчишта, умре пред 10 години на 115 годишна возраст. Манастирот е изграден во 1872 год., а зографисан во 1881 год. Се завзел дедо Стале со изградбата на манастирот од тага за Чебренския манастир, кој им го одзел грчкиот владика. Околу манастирот има убави градби и амбари. Поседува доста недвижен имот и уште говеда, коњи, мазги, овци, кози, свињи, улишта (пчели). Се стопанисува умешно. И од манастирот андартите зеле три жртви. Од слугите заклале тројца во самата црква, пред престолот на епископот.

Нагоре од селото Мелница, во севоро-источна насока, патот поминува низ клисурите формирани од реката Бутурица. По еден час пат, се стигнува до главното село Витолишта. Тоа брои 168 куќи, 1225 жители, и е со две цркви, двајца свештеници и училиште, кое датира од 1829 год. Селото е богато. Се среќаваат убави домови; има 6 анови, касарна за аскерот (околу 200 луѓе) и владина куќа (мудурук). Витолишта е централно место за околните: Прилеп (12 ч), Лерин (14 ч), Воден (14 ч), Гевгелија (15 ч), Тиквеш (12 ч), Битола (12 часот). Главниот занат на селото е дрводелството. На исток од селото е планината Кравица, со највисокиот врв Перун. Планината е обраснат со густа борова шума, која има 2-3 часа во должина... Таа ги снабдева околните пазари со дрвен градежен материјал...

... Источно од Витолишта, по разграноците на планината Кравица, е селото Рожден со 90 куќи и 703 жители. По северо-западна насока, на 5 км. од селото Витолиште е село Живоо (Живово -.з.). Оттука за време на востанието (1903 година) се упатија прилепските востаници, на број околу 500 луѓе, за да го нападнат турскиот аскер кај Витолишката касарна. Селото брои 27 куќи и е родно место на мариовскиот ... војвода Зојката. Тие ги имаат црквите Св. Петка и Св. Димитар. И тоа село било нападнато од андартите, кои го запалија и убија 18 селани.

На 1 час раздалеченост од Живоо е селото Врбско расположено по десниот брег на р. Црна, спроти с. Галишта. Селото брои 33 куќи и има црква Св. Архангел. Северо-источно од Живоо на 15 км. е последното мариовско село Клино со 70 куќи и црквата Св. Архангел. Ново мариовско село е Петалино, изградено пред 20 години. Тоа брои 20 куќи и спаѓа во старите патријаршиски села, заедно со селото Груништа...“

На крај во својата книга за „Мариово“ очекувајќи дека наскоро Македија ќе биде ослободена, авторот Георги Траjчев ќе напише: .

„... А кога повторно ќе настапи слободата во Македонија, а таа (слободата) ќе настапи наскоро, можеби, многу порано отколку што се надеваме, бидејќи огромни жртви, пролеана крв на четници, востаници и војници беа дадени за право и свето дело, кое порано или подоцна ќе успее - тогаш ќе го видиме инаку дивото и непристапно Мариово, посетено од љубителите на туризмот и ловот, намамени од ладната и чиста балканска клима, од најубавата и бистра како кристал планинска вода и од разновидниот дивеч. Тогаш и ... аристократијата, која го троши вишокот пари по одморалишта низ странски земји, ќе претпочита да дојде во оваа највисоко катче во Македонија.... Ќе ја поплават тогаш и бројните верници од блиски и далечни земји, на чело со многу мајки, сестри и домаќинки, за да ги бараат непознати гробници на своите мили, паднати тука за слободата на овој крај и да се поклонат на нивниот прав...“

(крај)

 

На прво место

News image

Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас

Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите н...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.