Среда, 14 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќе се одбележи обредното закројување на лозјата.

Во име на овој празник и продолжувањето на традиционалните обичаи на местото викано “Мал Камен“, каде некогаш се наоѓале зубовските лозја, беше издигнат и осветен шест метарскиот Чесен Крст.

Како лани, така и годинава, на овој православен христијански празник, зубовчани ќе се соберат покрај Крстот.

zubovce-sv-trifun

Во присуство на свештеник и молитва, најпрво ќе се закројат лозниците, а потоа со скромна трпеза и на далеку познатите зубовски колбаси, црвеното вино и ракија, како главни белези на овој ден, верниците се подготвуваат да го прослават Св.Трифун со верба дека и годинава ќе ги заштити плодните ниви кои ќе дадат богат и квалитетен род.

 

zubovce-sv-trifun-2

Zubovce_11

И оваа година, двајцата кумови кои беа избрани мината година, со две погачи во кои се крие по една сребрена паричка, ќе го предадат кумството на други двајца кумови за идната година.

Еден од кумовите што ќе биде избран ќе биде зубовчанец, а другиот кум ќе биде еден од гостите од други села и градови кои ќе присуствуваат на овој ден во Зубовце.

Сцети Трифун во Зубовце оваа година ќе се прослави и со цел да не се заборават корените, да не се заборават вековните обичаи и традицијата, да не се заборави добрата мисла, желбата за дружба и добра иднина на Македонија, која во Зубовце е останата како аманет од старите генерации.

zubovce-sv-trifun-3

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.