Среда, 21 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Мијачката народна носија е застапена во Смилево , Папрадиште, Ореше , Ехловец и Крушево

Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост, туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.

Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија. Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

mijacka-zenska-nosija

Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали:

1. Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се закопчува со сребрени филигрански петлици.
2. Кошула "тнока" - од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.
3. Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.
4. "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).
5. Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси.
6."Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети".
7. "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ.
8. "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца".
9. Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ.
10. "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан.
11. "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.
12. Ѓердан поткитен со "дубли" - златни пари.
13. Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли".
14. "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба".
15. "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ.
16. "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.
17. Ушници со трепетулки - накит за над уши.
18. "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" – рески, украсени со плетеници и "жапки".
19. "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки.

mijacka-maska-nosija

Мијачката машка народна носија:

1. Кошула - од тенко домашно памучно платно.
2. "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња.
3. "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите.
4. Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.
5. "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка.
6. "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка.
7. "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка.
8. Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна.

Во овој дел користени со материјали од публикацијата "Македонски народни носии", во издание на Етнолошки музеј на Македонија, од 1963 година.

 

На прво место

News image

Груевски: БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

По Првата светска војна (1914 - 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември...

Иселеници

News image

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаково

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаков...

Култура и туризам

News image

Улогата на МПЦ-ОА во Преспа

Македонската православна црква одиграла значајна улога во Преспа. Христијанското население од етничк...

Фељтон

News image

Александар Македонски (33)

Co сигурност е потврдено дека Александар Македонски го префрли во Александрија пазар...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.