Среда, 28 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
ПИСМОТО И ЈАЗИКОТ НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ

Античките Македонци биле писмени

Проблемот во современата наука е што се' уште се смета дека Античките Македонци биле неписмени и покрај сите свои успеси во формирањето империја, држава со сите елементи на современа цивилизација

tome-bosevskiНеговите колеги, членовите на Македонската академија за науки и уметности, се оградуваат и неговото откритие го сметаат за „сајанс фикшн“. Но, тој со својот тим излезе храбро, игнорирајќи ги сите последици во нашата и во светската научна јавност и го претстави јазикот и писмото на Античките Македонци. На академик Томе Бошевски, пензиониран професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје и на неговиот долгогодишен колега, професорот Аристотел Тентов, им појде од рака да најдат „равенка“ и да го дешифрираат средниот текст од познатиот артефакт - каменот пронајден во Розета, Египет и со аргументи да потврдат дека тоа е мајчиниот јазик и писмото што ги користеле големиот Александар Трети Македонски, неговите предци и неговите потомци. Каменот од Розета бил издлабен во 196 година пред новата ера и на него е напишан декрет на Птоломеј Петти Епифан. Идентичниот текст е напишан на три писма - со хиероглифи, во светот прифатеното демотско писмо, за кое нашите научници потврдија дека е всушност старомакедонско, и на писмото на Античките Грци. Артефактот го пронашол француски војник од војската на Наполеон, во текот на неговата кампања во Египет во 1799 година.

Идејата да се обидат да го дешифрираат текстот се родила во деведесеттите години, кога академикот Гане Тодоровски беше амбасадор во Москва. Тој во нашата Академија ја испратил книгата „Православјанска писменост“ од Генадиј Станиставлович Гриневич.

- Во уводниот дел се споменува каменот од Розета. Руските зборови многу ми приличија на зборовите на Црноризец Храбар, дека Славјаните пишувале со „черки и рески“. Тогаш во очи ми падна делот во книгата, каде што за каменот од Розета се употребени слични зборови, дека предците на Славјаните пишувале со „черки и рески“. Со колегите на Интернет го најдовме каменот од Розета и записите на средниот текст. „Черките и реските“ кај нас побудија интерес да се обидеме да ги разбереме, да ги дешифрираме. Тогаш се роди идејата дека Славјаните и пред да дојдат светите браќа Кирил и Методиј биле писмени. Дополнителен поттик ни беше фактот дека во тоа време со Египет владееле Птоломеите, македонската династија. Така настана синџирот на поврзување. Светската слава на каменот од Розета се однесува токму на писменоста. Тоа е експонат што не трпи апсолутно никакво оспорување. Но, ние во нашите истражувања ниту додадовме нешто што не постои, ниту одземавме од текстот што е напишан и сочуван.

„СЕ ВО СВОЈОТ БОГ“

*Како се развиваше проектот?

- Поминаа пет-шест години откако го подготвивме проектот и почнавме да работиме. Постепено се зголемуваше и побудата да го решиме „проблемот“ и дојдовме до сознание дека навистина можеме да го сториме тоа. Токму зборовите во руската книга каде што е објаснето дека на каменот, над текстот напишан со старогрчко писмо има текст со „черточкех, кључкох и других знакох“. Реченицата беше иницијатор да видиме што значат тие цртки и рески. Претпоставивме дека Славјаните биле писмени и пред азбуката на светите словенски браќа. Во суштина, проблемот во современата наука е што се' уште се смета дека Античките Македонци биле неписмени и покрај сите свои успеси во формирање империја, држава со сите елементи на современа цивилизација. Тоа е нон-сенс. Тој факт не можевме да го прифатиме. Чудно е современата наука да прифати дека цивилизацијата која, пред да биде напишан текстот на каменот од Розета, опстојувала 300 години и немала писмо на својот јазик.

*Сте направиле ли споредба на писмото од каменот од Розета со постојните податоци за староседелците во Македонија, Пеоните на пример?

- Не, но го споредивме со обработените податоци за винчанското писмо. Во монографијата на Љубомир Домазетовиќ има табеларен преглед на знаци пронајдени во Винча. Има 17 идентични знаци со средниот текст на каменот од Розета. А Винча не е многу далеку од Македонија. Значи, артефактите од Винча и од Египет имале исти слоговни знаци! Уште повеќе, на еден стар запис на сад, пронајден во Винча на длабочина од 8,48 метри, датиран во 7.000 година пред новата ера пронајдовме запис со истите знаци.

*Како го читате тој запис, според дешифрираното средно писмо од Розета?

- „Се' во својот Бог“. Во монографијата, Гриневиќ трите вертикални црти поставени една до друга ги дефинира како „Бога“. Истиот знак го има и во записите од 10 век пронајдени во Русија, на териториите околу Санкт Петербург и Москва. „Се' во својот Бог“. Тој израз и денес има смисла и се употребува. Луѓето во Винча со практичен јазик ја напишале пораката на чинија, која секојдневно ја употребувале, за да ги потсетува на Бога. Тоа ни беше дополнителен стимул да го дешифрираме текстот од Розета. Се' уште не ги знаеме сите откритија. Досега на знаците не им се даваше соодветно внимание, дека означуваат писмо. Овие знаци, во одредени периоди ги сретнуваме речиси во сите писма на старите европски народи. Идентични знаци на стари писма откривме дури кај американските и кај Индијанците од северот на Канада. Тоа се идентични знаци на слоговни писма. Познатиот математичар Кардан во 16 век ги користел истите симболи за пишување броеви. Авторитативноста на симболите порекнува секаков сомнеж. Истите знаци се употребувале во Европа пред да завладее латиницата.

 

СЛОГОВНО ПИСМО, БЛИСКО НА БУКВЕНОТО

makedonska-pismenost-1*Ги испративте ли резултатите од истражувањето до релевантни меѓународни институции, особено во Ориенталскиот институт во Чикаго, кој досега најмногу се занимавал со истражување на атрефактот и ја постави тезата (засега прифатена во светската наука) дека средниот текст е напишан на демотско писмо?

- Да, на директорот на Институтот. Засега нема никакви реакции, ниту одговор. Институтот работи на ова поле повеќе од 50 години. Тешко дека ќе прифатат дека го згрешиле преводот од артефактот, за кој напишале и објавиле многу книги, за што потрошиле многу пари. Во дешифрираната верзија на колегите од Чикаго пронајдовме многу контрадикторности. Зборот „еленион“ кој сугерира на „хеленски“, тие го преведуваат како „јонски“. Го идентификувавме и зборот „данајде“, што значи „на Данајците“. Терминот Данајци егзистирал во тогашен Египет. Не знам како научниците што го истражувале текстот констатирале дека таканаречениот демотски бил службен јазик на државата во тоа време, кога ние читаме дека тоа е „писмо на живите господари“? Тоа се однесува на средното писмо од каменот. Живиот господар е фараонот, а тој е од династијата на Птоломеите, потомок на Птоломеј Сотер, првиот генерал на Александар Македонски, значи од Античките Македонци. Синоним за Птоломеите се Античките Македонци. Тоа е многу логично и сосема едноставно решение на загатката. Кога Англија ја освојувала Индија и незините половина милијарда жители пред неколку стотици години, англискиот станал службен јазик во Индија. Така било и со нашата земја. Кога тука владееле Србите, службен јазик бил српскиот, кога владееле Бугарите - бугарскиот. Тоа е нормално, секогаш во историјата било така. Освојувачот, владетелот, секогаш го наметнувал својот мајчин јазик. Кога бил издлабен каменот од Розета, Птолометите веќе 120 години владееле со Египет. Нормално е дека својот јазик го употребувале како службен јазик. Тие биле од градот Птоломаида, 50 километри оддалечен од денешна Битола.

*Најдовте ли разлики во вашите и во преводите од демотското писмо кои засега се' уште се прифатени во светот како издржани?

- И тоа колку! Тоа е исто како латиницата. Со латиница можете да пишувате шпански, англиски, француски, германски, хрватски. Азбуката е иста, знаците се исти, има само мали разлики. Замислете Германец, на германски јазик да го чита Мирослав Крлежа напишан на хрватски?! Освен познавање на писмото, потребно е и познавање на јазикот. Околу 700 години пред новата ера Египќаните пишувале со ова писмо на нивниот јазик, пишувале и Персијците и луѓето од Винча. Тоа е типично писмо на слоговен начин на изразување, на различни јазици. А различностите и карактеристиките ги диктира јазикот. Птоломеите го немале демотското писмо како службено. Констатација на современата наука е дека Птоломеите внеле многу промени кога почнале да владеат. Внеле промени и во литературата и во јазикот. Тоа бил паметен потег, го задржале нивното писмо, а како новина го внеле својот јазик. Внеле и друга новост - лигатури (до или врз еден знак додаваат други, најмногу три), кои не постојат во демотското писмо. Констатиравме дека многу често го употребувале слогот „на“, кој и во денешниот македонски јазик многу се употребува. Со додавање на знакот „ј“ за зборот „на“ формирале и суперлатив, исто како денес во современиот македонски јазик. Сега знаеме да ги читаме основните и комплицираните знаци.

*Кои се основните карактеристики на античкото македонско писмо?

- Писмото е слоговно, но многу е блиско на буквеното, зашто користеле многу малку знаци. Користеле 25 согласки, 8 самогласки и неколку пиктографски знаци. Тоа е слично на вкупниот број знаци на денешните писма. Ова писмо е најсовршена верзија на слоговни писма. Подоцна воопшто не било проблем да се префрлат на буквено писмо.

АКАДЕМИЦИТЕ МОЛЧАТ

*Како реагираа колегите-академици на вашето откритие?

- Од официјалните експерти од оваа област досега не сум чул негативен став, освен игнорирање и одбивање да се видиме и да дискутираме на темата. Сум за дијалог со сите што може да придонесат, особено со тие од странство кои во решавањето на проблемот тргнале во погрешна насока. Би биле задоволни вистината да излезе на видело. Во науката тоа е важно. Проблем е што не сме стручњаци од областа на лингвистиката, па немаме лесен пристап до светските списанија и симпозиуми. Од наша, македонска страна тешко некој да застане зад нас. Од Академијата има бојкот, не сакаат да разговараат за тоа. Се оградуваат, велат дека не се стручни за таа област и ја нарекуваат „сајанс фикшн“. Освен колегата Блаже Ристовски, ниту еден од одделението за лингвистика не дојде на презентацијата во МАНУ. Не излегуваат во јавноста, ниту да пофалат ниту да критикуваат. Не можам да разберам, токму во оваа фаза, кога не ни го признаваат ни јазикот, ни името, ни црквата, ни државата, науката да има ваков политички опортунистички став.

makedonska-pismenost-2*Зошто е тоа така?

- Има многу „затоа“! Се плашат да направат потег што ќе го наруши нивниот интегритет. Ние излеговме храбро и им покажавме на тие што беа неверни. Ако во нашата околина владее став дека Античките Македонци биле неписмени, какви реакции да очекуваме од светот? Ние не чувствуваме грижа на совест дека пропагираме нешто нелогично. Пропагираме нешто во што веруваме. Но, став треба секој да има, дури и негативен. Тогаш ќе ги ставиме аргументите на маса и ќе полемизираме. Ако тврдат дека е логично дека лидерот, кој го освоил светот бил неписмен на својот мајчин јазик, немаме тема за дискусија. Ако барем малку се колебаат, ние веднаш нудиме писмо.

*Како ги оценувате реакциите во јавноста?

- Ова за лингвистите открива многу нови детали не само за регионот туку и за светската наука. Нашите резултати се добри. Последиците од верификацијата на нашите сознанија може да бидат многу големи за многу нешта што денес ја засегаат нашата земја. Проблемите околу признавањето на нашиот народ и на нашите корени може конечно да завршат. Никој во светот досега не веруваше на нашите тврдења, но досега немавме вакви цврсти докази. Се' уште не' ословуваат со „славомакедонски“. Ова откритие може да направи суштински промени во историјата, во историјата на Балканот, во светот и во светската наука и да им обезбедат место на Старите Македонци во светската цивилизација. Обезбедивме доволно цврсти докази дека одамна сме присутни на овие простори. Трагите на античкиот македонски јазик не можеле да стигнат до современиот македонски јазик, ако не сме имале врска со Старите Македонци. Јазикот и писмото на Птоломеите во тоа време било во процут и имало најсофистицирана форма. Не треба да дозволиме никому да не' оспорува, зашто имаме цврсти, логички докази.

*Колкава е научната вредност на откритието?

- Првпат доаѓаме до валиден документ што лично го напишале Старите Македонци. Можеме да видиме кои биле и како зборувале. Добиваме алатка што ни го доближува изразувањето на тој етнос, во тоа време. Ќе повторам, нон-сенс е да сметаме дека Античките Македонци не пишувале на својот мајчин јазик.

Стариот македонски јазик најсличен со пелагонискиот и битолско-леринскиот дијалект

- Бевме вчудовидени колку многу останало во денешниот јазик, дури и граматички. Именките имале множина „лето-летои“, „господар-господари“. Ги членувале зборовите, користеле заменки. Карактеристично е дека многу често ја употребувале „ѕ“, а тоа е карактеристично за македонскиот јазик. Ниту еден друг народ во регионот не го користи. Најсличен е со дијалектот во Пелагонискиот и битолско-леринскиот регион. Не треба да очекуваме и да тврдиме дека зборувале слично на денешниот јазик, но факт е дека останала значаен корпус зборови во денешниот јазик. Сега нашата лингвистичка наука треба да се зафати и целосно да го дешифрира текстот. Ние пронајдовме елементи во траги, но тоа е далеку од вистинскиот опус што го содржи текстот.

Весна Ивановска

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.