Среда, 14 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Првата христијанска општина во Европа (2)

Св. Апостол Павле и Македонија

Etnografska karta

Co полно право може да се прифати дека надвор од градот, Филипи, крај реката Македонците, оделе да ги вршат своите молитвени ритуали Македонците, затоа што и Страбон пишува дека тие ја обожавале водата и воопшто изворите и реките. По секоја веројатност, откако ја прифатиле грчката паганска религија, Македонците не ги заборавиле ниту своите традиционални верувања и обичаи. Имено со такви верувања и обичаи на етничките Македонци се сретнал апостолот Павле за време на својата прва посета на градот Филипи.

Прва, како што веќе рековме, ја прифатила новата христијанска вера "една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија". Тука таа била дојдена за да продава црвени ткаенини. Овој податок, секако, упатува на тоа дека во Филипи биле развиени занаетчиството и трговијата111. Имајќи го, притоа, предвид фактот дека во онаа далечна епоха жената била поврзана, пред се, со куќата и со домаќинството, не е тешко да се сфати до каков степен биле развиени занаетите и трговијата во македонскиот град Филипи, штом и една жена им била позната на филипјаните како продавачка на ткаенини. Поважното во случајот, се разбира, е тоа што новопокрстената христијанка Лидија била од градот Тијатир112, кој бил населен исклучиво со македонски преселници. Нам ни е познато дека по освојувањето на бројните територии од страна на Александар Македонски, многу Македонци биле раселени во разни делови на империјата, за да може на тој начин полесно да се зачува македонското владеење над другите народи. Но и покрај раселувањето и навидум непремостливата просторна оддалеченост од родниот крај, при немање на какви и да е модерни превозни и телекомуникациони средства, тие стародревни иселеници не ги заборавиле својот род и својата татковина. Тие се наоѓале во непрекинато општење со своите еднородни браќа од Македонија не само во времето на македонското владеење, туку и векови потоа. Имено оваа голема љубов кон родната грутка ја довела Македонката Лидија од далечниот град Тијатир во Филипи. Каква беспримерна приврзаност кон род и родина; какво духовновеличие поседувала оваа древна Македонка живеејќи толку далеку од татковината на своите прадедовци и притоа жена, нашла во себе доволно сили и поминувајќи стотици километри, доаѓа имено тука, помеѓу своите сонародници да ја врши својата трговска дејност. Во личноста на Лидија денешните Македонки имаат, навистина, светол пример, бидејќи и денес тие можат да дадат свој придонес во остварувањето на вековните стремежи на онеправданиот и измачен македонски народ.

Македонката Лидија го пројавила и така типичното за Македонците гостопримство. Таа ги поканила апостолот Павле и неговите соработници да живеат во нејзиниот дом и не само што ги поканила, туку и повеќе од тоа - таа била толку упорна во своето настојување, што тие не биле во состојба да ја одбијат нејзината покана (Дела 16,15). Во нејзиниот дом тие престојувале во текот на целиот свој престој во Филипи. Тука тие го проповедале новото учење, разговарале со новопокрстените и сл. Притоа, освен од Лидија и од нејзините блиски, новата вера била прифатена и од многу други граѓани на Филипи. Така се родила првата христијанска општина во Европа. Основана од апостолот Павле, таа, во почетокот на своето постоење, била организирана и раководена од светиот евангелист Лука. Откако дошол од Троада во Филипи, заедно со апостолот Павле, Сила и Тимотеј, тој не отпатувал со нив за Солун, туку останал во Филипи, каде што продолжил да го проповеда христијанското учење и истовремено се грижел за уредување на тукушто формираната црковна општина. Тоа дека евангелистот Лука останал во Филипи по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, се гледа од самиот начин на раскажување од 17 глава натаму. Додека до нивното пристигнување во Филипи, свети Лука, кој е автор на "Дела на светите апостоли", раскажува во прво лице множина, по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, расказот од прво лице множина поминува во трето лице множина, а тоа покажува дека авторот (евангелистот Лука) натаму веќе не учествувал во патувањето. Еве што читаме во Дела 16,9-12: "(9) Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: "Премини во Македонија и помогни ни!" (10) По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието. (11) И така,откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, a на вториот ден - во Неапол, (12) а оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена". #913; еве како звучи текстот по заминувањето на апостолот Павле, со придружниците Сила и Тимотеј, од Филипи за Солун: "Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога" (Дела 17,1). Од посочените примери јасно може да се види дека евангелистот Лука не го продолжил патувањето, туку останал во Филипи.

По евангелистот Лука епископ на Филипи станал Епафродит113, којшто бил филипјанец и градски првенец. Тој бил поставен за епископ на Филиписката христијанска општина, според сведочењето на свети Јован Златоуст и Блажени Теодорит, од самиот апостол Павле. Филипјанецот Епафродит бил познат по своите големи христијански добродетели, поради што апостолот Павле се однесувал кон него со чувство на длабока почит. И не само кон него, апостолот Павле чувствувал посебна љубов воопшто кон сите филиписки христијани заради нивната добродушност, човекољубие, приврзаност кон Христовото учење и сл. Големата љубов на апостолот Павле кон филиписките христијани се забележува уште во првите стихови од неговото послание до нив. Тука тој не го истакнува своето апостолско достоинство, како што тоа го прави во некои други свои посланија (на пр. во Првото послание до Коринтјаните и во посланијата до Тимотеј), Туку се наречува себеси раб на Исуса Христа, при што, на тој начин, ги третира филипјаните како да се рамни по чест со самиот него. Апостолот Павле ги пофалува филипјаните за нивната ревност во верата, за готовноста им за духовни и матерјални жртви во името на новата идеја. Додека некои христијани, во тешки моменти, го напуштале апостолот (1 Тим. 4,10; 2 Тим. 1,15), тоа филипјаните секогаш му се притекувале на помош, поткрепувајќи го во најтешките моменти од неговата проповедничка дејност, независно од тоа каде се наоѓал тој. "Јас се зарадував необично многу во Господа -пишува апостолот - затоа што вие одново почнавте да се грижите за мене, но немавте згодно време. Ова го велам непоради немање, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на се и секако, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум, и во немање. Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи. Покрај сето тоа, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. #913; знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по втор пат, ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот, кој се умножува во ваша полза" (Филип. 4, 10-17).

Од цитираните стихови јасно се гледа дека филипјаните го помагале апостолот Павле не само духовно, туку и матерјално, снабдувајки го со потребните за живот работи.

 

На прво место

News image

Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен

Димков:Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.