Среда, 28 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија

apostol-pavle

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија.

Тоа започнало во 51 година а завршило во 54 година, при што во текот на тие години Апостол Павле посетил и некои суб-сахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.

Според книгата ,, Дела на светите апостоли ,, кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил насон ,, еден македонец ,, кој што го молел велејќи:,, Премини во Македонија и помогни ни !,, (Д. А. 16,9). Народот кој што пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија големата благавест што се родила во Азија: и апостол Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите блиски соработници, кои го придружувале - Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостол Павле биле пред се Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број евреи и суб-сахарско-арапски грци.
Потоа откако го оставил во Филипи светиот апостол и евангелист Лука, светиот апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун (Д. А. 17 гл), главниот град на Македонија.

Имало бројна колонија на грци, од кои покрај масивното етничко македонско население што го примале Словото Христово, го прифаќале и некои суб-сахарско-арапски грци (Д.А. 17.4,).

Светиот Јован Златоуст. Зборувајќи за односот на апостолот Павле кон македонците, вели: ,, О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и македонците. . .!,, Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник Св.Јован Златоуст (ИВ-В век) за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон Солунјаните, а тоа значи дека Св.Јован Златоуст тесно го поврзува односот на Солун кон Македонија, како и солунјаните кон македонците.
Во Македонија христијанството почнало посебно да зема замав кога римскиот цар Костантин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и така им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо и Хераклеа. Кон крајот на V век Солун веќе е седиште на Архиепископија, а Скупи на митрополија. По почетокот на V век, поради наметнувањето на непознатиот грчки јазик, возвишените вистини на христијанското учење и мистичките длабочини на црковните богослужби останале не достапни за нив, па затоа и нивното христијанизирање останало површно и недостапно.

Тука,вредно е да ги споменеме и светите македонски апостоли Аристарх и Гај, кои дејствувале уште во првиот век по Христа како придружници на светиот апостол Павле.
Нивните имиња се спомнати во Преамбулата на Уставот на МПЦ, каде се запишани како македонски светители.

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.