Четврток, 03 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Галичка свадба меѓу 9 најдобри фестивали во Европа
alt

„Њујорк тајмс“ ја смести Галичка свадба меѓу 9 најдобри фестивали во Европа

Магазинот „Њујорк тајмс“ одреди 9 европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и нашата Галичка свадба.

Според секој стандард, Галичник, Македонија, е мало место, пишува репортерот на Њујорк тајмс, и продолжува: Само двајца жители живеат во ова планинско село, скриено во масивот Бистра, околу шест милји источно од албанската граница. За време на годишниот свадбен фестивал на селото – што се одржува за време на викендот кој е најблиску до 12 јули, или на Денот на Свети Петар за православните христијани – бројот на населението кулминира. Илјадници патници и сограѓани кои се враќаат ги исполнуваат инаку тивките куќи сместени на стрмните падини за тридневно збогатување на веселбата, обредите, поворките и ритуалите кои кулминираат со склучување на бракот на претходно избраната двојка која потекнува од Галичник.

-Фестивалот започна во 1950-тите, користејќи обичаи кои се стари со векови, вели Марко Бекриќ, внукот на единствените жители на годината.

Од мај до ноември, г-дин Бекриќ работи овде со туристи кои сакат да изнајмат велосипеди за возење и пешачки тури, но истовремено помага во управувањето со куќи и ресторани на семејството.

-Тоа започна така што луѓето од селото, кои емигрирале или се преселиле, можеле да се вратат, да стапат во брак и да ги продолжат нашите традиции. Во минатот се одржувале по десетици свадби во еден ден, вели Марко.

Очекуваните датуми за одржување на овогодишниот свадбен фестивал се петок, 13 јули – 15 јули. Кога сонцето ќе изгрее во петокот наутро, музичарите кои свират традиционални рогови и тапани – наречени зурли и тапани, коњите ги јаваат зетот и сватовите од неговата тајфа низ селото истовремено почитувајќи ги традиционалните обичаи го со години се прават, се јаде месо на скара, пиво и шишиња со локална ракија. Музиката, станува константен саундтрак на фестивалот: повик и одговор сплетен од генерации племенски ткаенини. Целата програма на закажани ритуали продолжува и во наредните два дена – секоја придружена со активности на мажи и жени, и девојки и момчиња во традиционални носии. Мажите носат дебели волнени панталони и кошули, а жените носат фустани постари од 300 години, кои се пренесуваат со генерации. Симболичките церемонии вклучуваат и знаме, пукање пушка, бричење на младоженецот на средсело, пешачење до гробиштата за да ги поканат мртвите на свадбата и испраќање на невестата на коњи, со мираз.

-Оваа церемонија е нешто што е само наше. Не може да се одземе, вели Тања Лепческа, чиј брат се ожени минатата година, а бидејќи нејзиниот татко потекнува од Галичник таа е можен кандидат за овогодинешната свадба.

Информации: galichnik.mk/GalichnikJ/.

 

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.