Среда, 09 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
НАШИОТ НАРОД ДА ГИ ОТФРЛИ ПАТРИЈАРШИЈАТА И ЕГЗАРХИЈАТА БОРБА НА МИТРОПОЛИТОТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ЦРКВА

Teodosij gologanov

ПИСМО ОД МИТРОПОЛИТОТ СКОПСКИ, ТЕОДОСИЈ, ДО АРХИМАНДРИТОТ ДИОНИСИЈ: НИЕ ДУХОВНИЦИТЕ, МАКЕДОНЦИ, ТРЕБА ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ И ДА ГО ПОКРЕНЕМЕ НАШИОТ НАРОД ДА ГИ ОТФРЛИ ПАТРИЈАРшИЈАТА И ЕГЗАРХИЈАТА, И ДА СЕ ОБЕДИНИ ДУХОВНО ВО ЛОНОТО НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, НИВНАТА ВИСТИНСКА МАЈКА ЦРКВА. ГОТОВИ СМЕ ДА ЈА ПРИЗНАЕМЕ ПАТРИЈАРШИЈАТА, НО ТАА ДА НЕМА ПРАВО ДА НИ СЕ МЕША ВО НАШИТЕ РАБОТИ И ДА ЈА ЗАПИШЕ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО КОДЕКСОТ  НА АВТОКЕФАЛНИТЕ ЦРКВИ

(Скопје, 22 јуни 1891 год.)

“До Неговото всепреподобие, Г. Дионисиј
Софија

Скопје, 22, ВИ, 1891 г.

Предраги ми во Христа брате,

Чудна е помислата божја, а уште почудни патиштата негови. Христос проповедаше љубов меѓу луѓето и за неа отиде на крст, а ние луѓето во името на таа Христова љубов, со неговиот најсвет симбол-крстот, шириме меѓу луѓето најголема омраза и ги потиснуваме и духовно и национално, убедувајќи ги дека добро им чиниме. Така и нашата света Егзархија на чело со блажениот егзарх Јосиф И прави се што е можно да го убеди кутриот македонски народец дека му мисли добро, дека се грижи за неговата сегашност и иднина и оти сака да го извади од темнината на националната неосознаненост и од него да создаде свесни Бугари. А не треба многу да те убедувам, премили брате во Христа, дека светата наша Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го оздема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи, само да обезбеди на својата влада и своите бугарски чорбаџии да си ја прошират трговијата и на туѓа територија. А како ова  ти ќе го наречеш, драги брате, ако не  ново ропство, пострашно од турското? Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат врз нејзиниот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното. Тоа ли е братски и христијански однос?
Ова ти го пишав, за да не те чуди моето поранешно писмо во кое ти го изнесов моето мислење дека ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријаршијата и Егзархијата и да се обедини духовно во лоното на Охридската Архиепископија, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на еден ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријаршијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамеда. Не ели крајно време да се запре омразата меѓу брат и брат? А како може тоа да се стори, ако не преку своја народна црква, преку Охридската архиепископија. Јас ќе бидам искрен, драги брате во Христа, и отворено ќе ти речам: ние Македонците немаме толку голема мака од Турците, да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија во оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја рас-черечат. (И риза твоја разделиша Христе).

Кога и ова ти го реков, чинам дека ќе ме разбереш. Јас тргнав да ја обновувам Охридската Архиепископија и враќање назад нема. Не сум сигурен дека ќе успеам, зашто могу е направено од нашите “ пријатели” да дојде до ваква положба. Но време е да се почне со сеидбата. Некое семе ќе паден на камен, некое пилците ќе го изедат, но некое и ќе најде плодна почва и ќе никне. Секој почеток е тежок и секое големо дело бара жртви. Нека, ако господ рече да бидам јас првата жртва, но нека таа жртва биде полезна за мојот народ.

Овие дни имав можност да преземам и некои поконкретни чекори. Ти знаеш дека Турците никогаш нема да се согласат со тоа да создаваме нова црква. Но од друга страна, тие, исто така, не ги мирисаат Бугарите. Јас имав можност опширно да зборувам ов-де со валијата и тој ми вети дека ќе помогне кај Портата, до колку нашата нова црква ја ставиме под покровителство на некохаја призната во царштината црква. Се разбира...за својата услига тој бара да му се плати...Издвоив од моите супсидии 200 лири и му ги броев. Сега сум на мислење да видам како на мојот план ќе погледне цариградскиот патријарх. Се сретнав со тукашниот конзул (грчкиот конзул во Скопје,н.б.)...Му го изнесов моето становиште. Му кажав дека сме готови, сите маке-донски епархии да се одречеме од Егзархијата и да ја признаеме јурисдикцијата на Петријарканата, ако ни се даде таа добрина ние Македонците да си ја обновиме Охридската архиепископија, која на времето ни ја укина осилениот патријарх Самоил ИИИ Ханџарот со помош на Високиот Девлет. Не сме готови да ја признаеме Патријаршијата за Вселенски престол и да ја слушаме во се, како што ја слушаат сите православни цркви, но таа да нема право да ни се меша во нашите работи и да ја запише Ох-ридската архиепископија во кодексот на автокефалните цркви, рамна со другите, како што било порано пак да биде. Граеца фидес, нуна фидес, така и конзулот не ми одговори ништо отворено и само рече дека ќее ја запознае својата влада во Атина, па таа нека реши...

...Јас не му верувам на конзулот и не сакав да губам време. Преку Томе (јЈанакиев, н.б.) организирав со Паисија (грчки митрополит во Скопје, по мајка Македонец кој зборувал македонски, н.б.) среќавање и му го кажав планот планот за Охридската Архиепископија. Тој отпрвин почна дфа сшпори. Но нели е лаком за пари како и секој Грк, кога му реков дека него ќе го оставиме во Скопје да биде митрополит на сето население, омекна човекот и ми вети дека лично ќе му пише на патријархот, па ако тој се согласи, да појдам во Цариград  и лично да зборувам за делото. Му реков и тоа дека за поголеми-от дел од епархиите имаме  достојни луѓе за митрополити, а таму каде што немаме ќе прифатиме и владици Грци, само ако го знаат нашинскиот, тоест македонскиот јазик. Оваа отстапка бев принуден да ја правам, зашто и самиот знаеш дека е подобро да земеме владици Грци, кои зборуваат нашки, отколку побугарени Македонци кои ќе ни ја матат и понатаму водата. Колку до владиците Грци, како од кои ќе се ослободиме, ќе си назначуваме на местата наши. Од друга страна, Патријаршијата побргу ќе кандиса така, отколку уште веднаш да им го свртиме грбот.

Засега не знам што ќе излезе од оваа работа, зашто уште немам никаков одговор. Но една работа не ме радува. Грчката влада постапи многу нечесно, што можев и да претпоставам. Во желба да ми стави нож под грло и потоа врз мене да врши притисок и да ме принуди на попуштање до признавање на Патријаршијата, без поставување условии таа ги ангажира силогосите и, како што ти е познато, поголем број грчки весници објавија вест дека сум признал оти сум шизматик и сум се покајал, па сум го молел патријархот повторно да ме прими во лоното на светото православие и оти ќе преминам со целата паства од Македонија под негова управа. Всушност, оваа лажна вест беше насочена кон тоа да ја вознемири Егзархијата и егзархот, да ме повикаат на одговорност, па немајќи друг излез, да се согласам да ми ги диктира условите патријархот. Ти се чудиш зошто тие невистини не ги  демантирав преку весници. Не сакав тоа да го сторам од повеќе причини. Најнапред, пишувањето на грчките весници ги тргна од сон и нашите заспани првенци. Во рок од шест дена добив околу 180 писма од сите краишта на Македонија и од нашите луѓе во Бугарија, во кои пишуваат што има вистина во весниците. Јас им одговорив на сите дека е тоа лага, но исто така им посочив  и за можностите да се обнови Охридската архиепископија, ако тие сметаат дека ќе биде добро. Еве пред мене десетина писма, во кои ја поздравуваат мојата идеја. Едново од Охридската општина ти го испраќам самиот да видиш со какво воодушевување зборуваат за престолот на св. Климента и Наума- за Охридката архиепископија.         

Не ги демантирав весниците и поради тоа што сакав да се заинтереситраат големите сили за нашево прашање, особено Русија. И да видиш, во текот на неколку дни, ме посетија повеќето конзули и сите прашуваат, дали навистина имам намера да му се поклонам на Патријархот. Јас и ним им реков дека вестите се измислени, но доколку се интересираат за моето мислење и мислењето на македонскиот народ, тогаш можеме да размислиме за иднината на овој дел на Балканот. Тогаш им го изнесував планот за обнова на Охридската архиепископија, а тие ми ветуваа дека ќе ги запознаат своите влади.

И на крајот, со мојот став сакав да се запознае и Егзархот Јосиф. Веднаш добив од него опширно писмо, во кое остро ме прекорува зошто молчам на такви слухови. Му одговорив дека весниците не можам да ги забранам да пишуваат, особено кога ми се врзани од него рацете. Му пишав дека тој повеќе им верува на разните памфлети и шпиони кои ме напаѓаат, а не ми верува мене, својот митрополит. Потоа му дадов на знаење дека неговата политика во Македонија не е многу прифатлива за народот и да не биде изненаден ако народот се откаже од Егзархијата и побара обнова на Охридската архиепископија.

Така засега стојат работите...Кога ќе добијам официјален одговор од Патријаршијата, ќе ти пишам. Но ти биди готов за секој случај да застанеш на постот на Неврокопската епархија. Биди во контакт и со Козама и речи му дека веќе во Дебар и Кичево се собираат потписи за него....Те поздравувам и испраќам искрен бакнеж во Христа господа, твој смирен и недостоен брат и молитвеник.Скопски Теодосиј”Централен државен исторически архив – Софија, 176, оп.1,  а/е 595, л.5-42;
С. Димевски, Нашето минато низ документи, сп.”Разгледи”, април 1968, стр 996-1003;

Љубен  Лапе, Одбрани текстови..., дел Ии , стр. 291-296;Д-р Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.