Среда, 09 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

manastir-sv-dimitrija-veles

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир посветен на Свети Димитрија. Манастирот е изграден за верските потреби на населението и се смета дека во тој период служел како градска црква.

Дека овој манастир има постара историја сведочат историските податоци кои се запишани од страна на патеписци, историчари и археолози. Од податоците се смета дека црквата е изградена во 14-от век но дека тогаш бил само обновен и проширен и одново изграден. Според преданијата на местото на кое денес постои манастирот се смета дека постоел друг храм кој што најверојатно бил помал. Се до 1855 година манастирот бил пет века под земја. Денешниот манастир се смета дека многу потсетува на првобитниот храм а доказ за тоа е базиликата која што по својата градба е еднокорабна со тристрана апсида од источната надворешна страна. На западната страна се наоѓа нартекс над кој се издигнува кула со камбанарија. Следејќи ги историските податоци кога турците по битката на Марица во 1371 година дошле во Македонија, пашата Тимурташ во 1385 година го освоил Велес а топовите ги поставил од левата страна на Вардар спроти манастирот. Велес бил бомбардиран а тогаш бил урнат и самиот манастир. Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиме но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот се возобновил манастирот при што зографските работи ги извршил познатиот зограф, Хаџи Коста Крстев. За самата црква може да се каже дека е изработена од делкан камен но за да се постигне познатиот ефект на полихромија користена е тула со спојки од малтер. Кога ќе ги погледнете фасадите ќе забележите дека истите се оживеани со орнаменти како што се: шаховски полиња, меандри и запци. Страните на апсидата се расчленети во нишки и аркади а венецот во горниот дел е запчесто изведен со тули. Влезовите и прозорците од северната страна се асиметрично поставени и истите завршуваат полукружно. По завршувањето на Втората светска војна споредните манастирски згради во дворот се служеле како конаци и манастирски простории. Од источната страна по целата должина на дворот во манастирот на север-југ имало две згради кои биле на приземје и кат, во приземјето се складирала стоката кои доаѓале на манастирската слава Св. Димитрија, првиот петок по Велигден и на некои други поголеми празнични денови. Како традиција кога целиот Велес е испаднат на улиците е празникот Источен Петок-Балаклија односно првиот петок по Велигден. Празник кој што е посветен на Пресвета Богородица а чија што најстара икона се наоѓа во самиот манастир. Граѓаните на овој ден им се поклонуваат на светците во манастирската црква и палат свеќи за здравје а притоа ги посетуваат и околните цркви Св. Јован, Св. Никола, Маркова меана и други. Убавините, историјата, опкружувањето се доволна причина да дојдете и да го посетите овој стар манастир и да се запознаете со сето она што го нуди. Но и во истовреме да запалите свеќа и да го побарате сопствениот душевен мир и да му се помолите на Бога.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.