Среда, 16 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Кофа со злато за Добро Поле – приказна од Мариово

Во селата во Мариово постои приказна дека пробојот на Добро Поле за време на Првата светска војна, бил купен за кофа злато, која непознат француски ја дал на бугарски генерал.

Дел од постарите жители, така самоуверено ја кажуваат оваа приказна, човек да помисли дека и самите присуствувале на предавањето на поткупот. Нормално, далеку од разум е дека некој би можел да посведочи за ваков настан, ама не можеме а да не се запрашаме дали има вистина во оваа приказна и од каде потекнува таа.

dobro-pole

Добро Поле

Во месец октомври 1928 г, додека во тогашна Југославија се одбележува 10 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, во Бугарија се случува интересен судски спор поврзан со пробојот на Добро Поле. Вдовицата на генералот Иван Луков, за изнесена навреда врз нејзиниот сопруг, го тужи бившиот министер Добри Петков, кој во својата брошура „Виновници за пропаста на Бугарија“ (Виновниците на погрома на България през септември 1918 г.), го обвинува највисокото раководство на Бугарија за пропаста на војната и воедно покојниот генерал Луков за предавство.

politika 2484 1928 10 08 009

Извадоци од весникот Политика (08-17.10.1928)

Според Добри Петков, основ за ова обвинување, покрај другото била изјавата на францускиот генерал Франше д’Еспере за време на потпишувањето на примирјето во Солун (30.09.1918), која наводно тој ја изговорил пред Бугарската делегација :

„Жалосно е, но кај Вас има и предавници, кои јас како војник ги презирам.“

Интересно е дека во тоа време (октомври 1928) Франше д’Еспере е во посета на Југославија, и е прашан од новинарите дали се сеќава на овој настан и дали навистина го изговорил тоа. Генралот одговара дека добро се сеќава на тој ден, но негира дека рекол такво нешто. Франше д’Еспере никогаш не сведочел пред бугарскиот суд, но и да сведочел, тешко дека би фрлил дамка врз победата на сојузничките војски или пак директно би се мешал во внатрешните работи на Бугарија.
Судскиот спор завршува во полза на вдовицата на генерал Луков и со затворска казна за Добри Петков.

politika 2484 1928 10 10 007

politika 1928 10 17

Извадоци од весникот Политика (08-17.10.1928)

Овај судски спор, бил тесно поврзан со нестабилната ситуација во Бугарија и борбите за превласт, во кои и двете страни меѓусебно се обвинувале за предавство и расипништво. Биле поставувани прашањата: зошто пробојот се случил на Добро Поле, а не во Дојран, зошто бугарската војска не преминала во против напад итн.
Во тогашна Југославија, на големо се пишувало за овие настани, па можеме да претпоставиме дека тука е и изворот на нашата приказна. Но дали има вистина во неа, е далеку покомплицирано прашање, на кое одговор треба да дадат историчарите.
Факт е дека при крајот на Првата светска војна состојбата во бугарската војска била исклучително лоша. Војниците биле гладни и недоволно опремени, а бунтовите и дезертирањето биле честа појава. Не било прашање „дали“, туку „кога“ и „на кое место“ би бил пробиен фронтот. Командата на Антантата одлучила тоа да биде делот кој го држел српската војска, која воедно имала и најголем интерес за што побрзо завршување на војната.
Силите на Антантата сконцентрирале околу 550 топови, во делот на околу Добро Поле и далеку побројна и поопремена војска, наспроти деморализираната и слабо опремена бугарска војска.
Количината на гранати кои паднале врз бугарските ровови биле гарант за успехот на Битката за Добро Поле и тешко дека имало потреба за било каков „поткуп“. За кратко време сојузничките војски постигнале голем успех на Македонскиот фронт, чија што судбина веќе била позната.

Но од друга страна пак, неизвесно било дали Бугарија ќе продолжи со борбите и ќе го жртвова своето население за нејзиниот сојузник Германија. Бугарскиот крал Фердинанд (кој воедно бил со германско потекло) ја поддржувал оваа идеја, наспроти голем број на генерали и претставници на владата, кои ја знаеле ситуацијата на теренот, не се согласувале и биле за прекинување на борбите и промена на власта. Во овие превирања имало изјави за предавство и расипништво и од двете страни и борбите за превласт продолжиле и по завршувањето на војната. Наивно е да се верува дека во ваква ситуација немало влијанија од други земји, па дури и поткупи, но тоа се сложени политички игри кои се надвор од сечие разбирање, а сепак даваат добра подлога за дискусии, шпекулации и приказни кај обичните народни маси.
Во ситуација на низок животен стандард, приказните поврзани со злато и скриено богатство се секогаш актуелни и тоа особено во Мариово, кое заборавено од сите, денес полека станува рај за дивите копачи, мотивирани токму од вакви приказни.

Парговски Јове
автор на www.itarpejo.org

 

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.