Среда, 23 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Игумен на Свештената Бигорска Обител Архимандрит г. Партениј

partenijБигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, го започнува својот духовен пат, најнапред во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Потоа, воден од жедта за поголеми духовни знаења, го завршува и истоимениот Православен богословски факултет во Скопје, со дипломска тема посветена на Свети Јован Претеча и Крстител.

Божјата промисла сакала, сепак, тој уште понепосредно и подлабоко да се запознае со православниот духовен и монашки опит, доведувајќи го во манастирот Григоријат на Света Гора, каде што престојува извесно време, под мудрото духовно раководство на, сега веќе блаженоупокоен Старец Георгиј Капсанис, григоријатскиот игумен. Наследувајќи го неговиот благослов, по враќањето во Татковината, кон крајот на месец јули 1995 година, младото момче од Битола, тогаш 24 годишниот Зоран Фидановски, со благослов на надлежниот Дебарско-кичевски митрополит г. Тимотеј, ја започнува својата монашка посветеност, за обнова и продолжување на вековната духовна традиција во древното македонско православно светилиште – Бигорскиот Манастир. Оваа духовна обнова била повеќе од потребна, затоа што по упокојувањето на последниот монах и игумен, отец Спиридон, во 1948 година, монашкиот живот во Бигорски бил сосема згаснат, а богослужението прекинато. Храмот на Свети Јован Претечата бил целосно запуштен и нечист, конакот Долни палат – само еден несоодветно принаправен објект, Горни палат во распаѓање, немало ни соодветна електрична инсталација ни водоводна мрежа, ниту некакви основни услови за живот. Духовноста била целосно замрена.

Отец Партениј е замонашен на 5 август 1995 година, во навечерието на споменот на Светата Великомаченица Христина, од страна на митрополитот г. Тимотеј. Веќе следниот ден по примањето на монашкиот потстриг, ракоположен е за јероѓакон, а истата година, на 9 август, во охридскиот храм на Пресвета Богородица Перивлепта – и за јеромонах. Следната година, на празникот Рождество на Свети Јован Крстител, е ракопроизведен за игумен, а во 1998 година е одликуван со граден крст, со архимандритско достоинство.

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.