Среда, 06 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
МПЦ – ОА мора да остане црква на македонскиот народ!

mpc-oa

Во Македонија секојдневно се појавуваат информации за бришење на македонското име и идентитет. Некои се вистинити, некои лажни, некои пробен балон на актуелната власт за да се види реакцијата на македонскиот народ во контекст на спорот со името со Грција. Меѓу последните беше информацијата во која се вели дека Светиот синод на нашата света македонска православна црква побарал од Вселенската патријаршија да се откаже од македонска само за да биде призната автокефалноста на Охридската архиепископија. Очигледно е дека ова преставува уште една манипулација на оваа ненародна и нелегална власт предводена од Заев со македонскиот народ. Меѓутоа, оваа власт со прифаќањето на Тиранската платформа и Законот за употреба на јазиците, потоа Договорот со Бугарија, како и со уништувањето на се што има предзнак  македонско, создавде чуство дека ја турка земјата во прегратките на Албанија и Бугарија. Историјата на Охридската архиепископија ја покажува која е крајната цел со евентуалното бришење на МПЦ, од целосното име МПЦ-ОА.

Имено, на територијата на Македонија, чија име стана славно уште во IV век пр.н.е., за време на Филип II (382 - 336) и Александар III Македонски (356 - 323), рано почна да се шири христијанството. Во пролетта во 50 –тата година од н. е., откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Во 51 година, тие го напуштиле Солун и заминале во македонскиот град Берија. Апостол Павле проповедал во Македонија и за Македонците и испратил до Македонците од Филипи и до Македонците од Солун посланија, кои потоа ќе станат значајни поглавја во Новиот завет.

Во Светото Писмо се говори дека свети апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: Премини во Македонија и помогни ни! Евангелистот Лука во Делата запишал дека разбрале дека станува збор за Божја промисла таму да се проповеда Евангелието. Црквата во Филипи била првата Европска црква што ја основал апостол Павле во средината на првиот век. Светиот апостол ќе рече: Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милостдие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог.

Света Лидија, Македонка по род, е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е првата личност која што била крстена од страна на апостол Павле во Македонија и воопшто во Европа. А градот Филипи кој бил значаен град во тој дел на Македонија бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски, станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството.

По Миланскиот едикт во 313 година, кога се престанува прогонството на христијаните, христојанството зело широк замав меѓу македонското население. Македонските градови станале центри од каде се шири христијанска култура кон Дунав и на запад кон Равена и Италија. Така, во периодот од доаѓањето во IV век на првиот христијански цар на Римската империја Константин Велики (272 - 337), па се до доаѓањето на византискиот император од македонската династија Јустинијан (527 – 565), христинијацијата на Македонија била завршена а црковната власт воспоставена. Во Македонија од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо, Хераклеја, Лихнидос. Кон крајот на 5 век Солун станал седиште на архиепископија, а Скупи на митрополија

Византискиот император Јустинијан, роден во скопски Таор (Тауресиум) во близина на Бадар (Бедариана), свесен дека населението во Македонија и северно од неа не е грчко, основа во овие области во 535 година самостојна црква. Во близина на своето родно место Јустинијан изградил нов град Јустинијана Прима, кој станал политички, административен, црковен и военостратегиски центар на префектурата Илирик, кој ги покривал балканските земји.

Според најголем дел од научниците, врз основа на пишаните извори, овој град постоел во Северна Македонија, таму каде што е сега Скопје. Други пак археолози сметаат дека Јустинијана Прима се наоѓа во Лебане, Србија, некои во минатото во Ќустендил, а пак, како што пишува Виктор Григорович по посетата на Македонија во средината на XIX век, според кажувањата на Охриѓани, ова име му припаѓало на нивниот град, бидејќи во близина на Охрид постоело селото Исток и поради што планината Петрина  во минатото се викала Ведеријана.

Во минатото за последен пат Macedonia Prima и Macedonia Secunda  заедно како две провинции се спомнати во 535 година, во XI – та новела на царот Јустинијан I, по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ на нововоспоставената Архиепископија Јустинијана Прима.  Во делот каде се зборува за границите на Архиепископијата, се вели дека под негова надлежност покрај останатите провинции се и Macedonia Secunda. По Кателијан имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, Јован IX кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот собор во Цариград.

Семето на христијанизацијата било посеано, а Македонија и Македонците во Стариот и Новиот завет ќе бидат спомнати повеќе од 30 пати. Во Библијата како извор на историјата може да се најде за етничкото потекло на Македонците и Елините (Грците), за Александар Македонски и неговите наследници, како и патувањата на апостол Павле низ Македонија. Таа само ги потврдува историските вистини за Македонија и Македонците.

Од Библијата може да се види дека немало време кога како Македонци не сме биле и дека нема да дојде време кога нема да бидеме. Во неа се разрешуваат најдлабоките прашања кои го вознемируваат човештвото. „Во неа провејува љубовта како надеж, како вера, како сон, како песна. Таа е еден живот на еден човеќ, на еден свет, на едно минато кое се прелева во сегашноста и вечност, со надвижување на сеопштата љубов, толку неопходна за човекот.“

Праизворот на Библијата бил составен на староеврејски јазик, а потоа следел грчкиот превод во Александрија од седумдесетмината (септуагинта), латинскиот превод (Вулгата), готскиот и меѓу европските јазици на четврто место е славјанскиот превод на Библијата од Методиј во IX век. Овде треба да се напомене дека Свети Јероним Стридонски (347 - 420), роден на границата на Далмација и Панонија, некогашената римска провинција Илирик, ја превел Библијата од старогрчки јазик на латински позната како Вулгата, кој бил званичен текст на римокатолчиката црква до 1979 година. За него се смета дека ја составил глаголицата уште во 4 век, што пак нучниците кои тврдат дека славјаните дошле во 6 век велат дека е невозможно.

Ако сето ова го поврземе со ученикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, свети Климент, кој како прв славјански епископ воопшто во светот ќе ја наследи црковната традиција од Јустинијана Прима, која имала автономија во овој временски период, тогаш лесно можеме да го извлечеме и подоцнежното име на Охридската архиепископија, која по пропаста на Самоиловото царство Охридската архиепископија ќе ја именуваат  како Архиепископија Охридска на Прва Јустинијана и на цела Вулгарија.

Според средновековните житија, за времето на Климент, цариградскиот или преславскиот патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала црковна автономија во овој временски период. Македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, каде официјален јазик и писмо бил славјанскиот, а духовни и граѓански управители ја носеле титулата „епископ на славјански јазик“. Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било одделно од бугарското и останатото околно население.

Цар Самоил ја издигнува светиклиментовата црква на ниво на патријаршија, околу 996 година. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, бил потребен благослов од центрите на христијанството, тогаш Цариград или Рим. Цариград не ја признал Самоиловата држава, па затоа тоа го направил римскиот папа Григур V меѓу 997 и 999 година. На овој дел на Балканот во тој момент ќе егзистираат две патријаршии Охридската и Преславската (македонска и бугарска).

Под јурисдикција на Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. По укинувањето на Преславската патријаршија, Охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, меѓу кои Малта и Сицилија.

По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј II ја инкорпорира Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија, па се до Срем. Охридската патријаршија не ја уништува, туку ја смалува на рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија.

Охридската aрхиепископија титулирана од Византијците како Архиепископија Охридска на Прва Јустинијана и на цела Вулгарија станува главна црковна организација на византиската тема Бугарија, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Ваквото титулирање денес го користат бугарските историчари Охридската архиепископија да ја престават како бугарска автокефална црква, а Охрид како духовен центар на Бугарите. Во негирањето на името и македонскиот идентитет, подоцна стануваат сосема јасни обидите на поедини научници и седиштето на Првата Јустинијана Прима, чии влијание се протегало од Дунав на север па се до Крит, да се постави на своја територија или да се приближи до балканскиот Ерусалим - Охрид. Поради тоа денес МПЦ – ОА не смее да си дозволи преименување. Таа мора да остане црква на македонскиот народ.

(продолжува)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.